ИНФОРМАЦИИ И КАРДИОЛОШКИ ПРЕПОРАКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИКОТ И ЗАШТИТА НА ПАЦИЕНТИТЕ СО СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА
Кардиолозите советуваат дека срцевите заболувања го зголемуваат ризикот при пандемија на КОВИД 19 и токму навремените информации и препораките се силно оружје за срцевите болни, кои треба да се запознаени дека имаат зголемен ризик за да можат да се заштитат и да го намалат тој ризик од инфекција на дишните патишта со новиот коронавирус. Од тоа што досега се знае, поголемиот број инфицирани, односно кај 80 проценти, инфекцијата ќе помине како лесно заболување со лекување во домашни услови. Кај останатите 20-тина проценти ќе биде неоходно хоспитализирање поради пневмонија и кај два до пет проценти ќе биде потребно интензивно лекување и асистирана вентилација.
Формула1 доби нов најмлад победник во својата историја
Првата трка на тлото на Европа оваа сезона имаше спектакуларен старт
ТАВ АЕРОДРОМИ ЈА ПОТПИША „ДЕКЛАРАЦИЈАТА ОД ТУЛУЗ”
ТАВ Аеродроми, денес, на 4-ти февруари 2022 година, ја потпиша Декларацијата од Тулуз, приклучувајќи се на глобалната воздухопловна иницијатива кон намалување на емисиите на јаглерод диоксид во животната средина, предводена од 200 европски аеродроми и вкупно 400 аеродроми на светско ниво, коишто се веќе сертифицирани согласно Програмата за акредитација на аеродроми за управување со јаглерод.
Нема да има нови рестриктивни мерки за Новогодишните празници
Нема да се воведуваат нови рестриктивни мерки за Новогодишните празници. Според Филипче епидемиолошката состојба во земјава е стабилна. Сите рестриктивни мерки кои се на сила остануваат и понатаму, рече министерот Филипче по денешната посета на Охрид.
Не е точно дека на стапчето со кое се зема брис за ПЦР тест има графен оксид
Графен оксидот се смета за алатка за подобрување на ПЦР-тестирањето, но во овој случај супстанцата се користи директно за време на анализата, а не за време на земање мостри од биоматеријалот. Во стапчињата за брис со кој се земаат примероци од мукозните мембрани на човечкото тело нема графен оксид. За време на земањето на ПЦР-тестот (брисот), графен оксидот не доаѓа во контакт со телото на пациентот на каков било начин и не може да предизвика никаква штета.
ТРАГЕДИЈА : Почина поранешната ракометна репрезентативка Јулија Николиќ
Најмалку 20 загинати во земјотрес во Пакистан
Најмалку 20 луѓе загинаа, а стотици се повредени во земјотресот што изутринава го погоди југозападен Пакистан, изјави Насир Насар, шеф на провинциската управа за управување со катастрофи во Балучистан, додавајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Почнува изградбата на 400-киловолтниот далновод Битола – Елбасан
Со поставување камен темелник денеска во близина на Охрид ќе биде означен почетокот на изградбата на 400 – киловолтниот далновод Битола (Северна Македонија) – Елбасан (Албанија), како дел од Коридорот 8.
утре дезинсекција против комарци во Струга
На барање на Министерство за транспорт и врски, во четврток (12.08.2021), на територитјата на општина Струга на површина од 1000 хектари, ќе се спроведе дезинсекција против комарци.