Автор: Николоска Биљана
Post Views: 204 Секоја втора година приватното средно училиште „Јахја Кемал“ традиционално го организира „Саемот за наука и култура“. Овој саем претставува изложба на научни експерименти и културолошки проекти од области на предметите матеметика, физика, хемија, биологија, информатика, англиски јазик, македонски јазик, албански јазик, турски јазик, историја и географија, изработени од повеќе групи ученици од неколку училишта од Струга, Охрид, Дебар ,Кичево, Ресен. Заменик директорот Коста Хиохи истакна дека вистинско задоволство е на едно место да се забележат толку насмевнати лица...
Лабуништани бараат затворање на каменоломитеи повлекување на концесиите
Post Views: 227 Прекрасната природа и чист воздух во Лабуништа струшко, се гуши во прашина од каменоломи. Како што за ТВМ изјавија жителите од ова село нивниот кошмар започнал пред две децении во 1997 година кога во радиус од еден километар никнале три каменоломи, а од пред извесно време со работа почнал уште еден. Лабуништани се гневни на надлежните посебно на Министерството за економија, кое издава дозволи за отворање на каменоломи. Абдула Ќазимоски жител на Лабуништа истакна дека не е добро на сметка по здравјето на 9000 илјади жители колку што има во нивното село, да се штитат...
Струшката градинка дел по дел ги решава проблемите
Post Views: 198 Струшката градинка „8 ми Март“, дел по дел ги надминува проблемите со кои години наназад се соочува. Објектите во кои престојуваат околу 500 деца речиси 35 години не се комплетно реновирани. Проблемите од недостаток на простор, зголемениот интерес за престој на дечиња, кровот кој и при најмали врнежи од дожд прокиснуваат, директорот на установата Сашо Клечкароски, се нафатил сериозно да ги реши. Тој не крие дека наследил незавидна состојба, но и тоа дека успеал околу 90% од истиот да го врати и во моментов немаат посериозни долгови. „Во моментот кога почнав со...
Прифатен центар за кучиња скитници, приоритет на Југозападен плански регион
Post Views: 217 Општина Струга е подготвена да избере локација за изградба на регионален прифатен центар на бездомни кучиња. Но, според градоначалникот на Струга, Зијадин Села, прво треба да почне да работи полицијата и да го спречи нелегалното транспортирање на кучињата скитници од град на град, бидејќи досега како што истакна Села, нема официјален податок за регистрирање и санкционирање на таква појава. Откако тоа би се решило, локалните самоуправи од Југозападниот плански регион ќе можат да пристапат кон долгорочно надминување на овој горлив проблем. „Јас како градоначалник...
Стружанец искасан од куче заврши на болница
Post Views: 196 Жител на село Мислешево искасан од кучиња од расата „Питбул“. Мештаните на ова струшко село на 20 март беа сведоци на стравична слика кога два питбули го нападнале 34 годишниот А.Ф. од истото село и го искасале во пределот на стомакот при што му нанеле тешки повреди. Повредениот и исплашен мислешевчанец веднаш бил префрлен во Општата болница во Струга. Случајот веднаш бил регистриран од струшката полицијата. Портпаролот Стефан Димоски вели дека ова е прв ваков регистриран настан годинава. „Нападот на кучињата врз случајниот минувач бил секавичен тие мошне аграсивно...
Лоша патна инфраструктура до струшко Калишта
Post Views: 203 Трикилометарскиот пат од Струга до Калишта преполн со дупки. И покрај најавата и ветувањата на владеачката гарнитура на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ дека овој патен правец ќе биде асфалтиран, до ден денес останаа само празни ветувања, реагираат мештаните на оваа туристичка населба. Претседателот на МЗ Урим Јусуфи вели дека повеќе од 4 децении откако е направен хотелот Бисер не било инвестирано во патна инфраструктура во нивното село. „Како што гледате, дупките се полнат по пат на тендер, а можеби тоа чини и повеќе од асфалтот нов што требаше да се постави. Немам доверба повеќе...
Намалени блок дотациите во струшките гимназии
Post Views: 203 Владата на Р. Македонија продолжува да ја деградира општина Струга во насока на инвестиции во образованието, велат од секторот за образование при општина Струга. Струшките гимназии второто полугодие го започнаа со намалени блок дотации за 62 000 евра. Како што информираше раководителот на Секторот за образование Сурија Рашити тоа било предвидено со државниот буџет за 2016 год. „Секако дека ова ќе има големи последици по средните училишта бидејќи средствата во висина од 62 000 евра не се малку, кои ќе остават големи последици за нормално функционирање на овие...
Отпадот во Струга оди под земја
Post Views: 223 Стружани отпадот од неодамна го фрлаат под земја. Струга, доби подземен контејнер, како дел од реализација на проект од Центарот за Развој на Југозападниот плански регион. Ваков контејнер за прв пат се употребува во општина Струга а се наоѓа во централното градско јадро на самиот агол од плоштадот кај споменикот на револуцијата. Директорката на ЈПР Мирјана Лозаноска нагласи дека со поставувањето на ваквиот контејнер ќе се придонесе за осовременување на системот за складирање и подигање на комуналниот отпад и за подобрување на јавната хигиена во градот.„Три...
„Таа може“ преку обука и идеја до сопствен бизнис
Post Views: 232 Жените од Југозападниот плански регион успешно ги поминаа обуките за развој на женското претприемништво. Тие на пет дневната обука ги презентираа нивните идеи кои во иднина ќе им овозможат да основаат свој бизнис. Како што пренесе директорката на центарот за развој на Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска, жените имаат голема потреба од ваков тип на обуки преку кои го зголемуваат нивното знаење, им ги отвора видиците за нивно учество во бизнисот, како и да ги поттикне да основат старт – ап компании.„Очекуваме после овие квалитетни обуки, дека навистина...
Струшка дијализа има потреба од обновување и на објектот и на апаратурата
Post Views: 190 Потребна е итна санација на кровот на Заводот за нефрологија и дијализа, Струга. Причина за тоа е што истиот прокиснува при врнежи од дожд и снег. Како што обелодена директрот на оваа здравствена установа д-р Асим Муса, години наназад немало некоја посериозна инвестиција во инфраструктурни зафати, поточно уште од 1985 година од кога е изградена болницата. Повремено со помош на донации била заменета дограмата во некои од собите а со буџетски средства од установата се молерисувале просториите.„Кровот е рамен и поминати се околу триесет години од кога е направена....
Дали лабуништани ќе добијат спортска сала?
Post Views: 207 Жителите на Лабуништа струшко сеуште чекаат изградба на спортски објект, сала. Само за потсетување во 2011 година беше удрен и камен темелник за спортска сала но од тогаш па до ден денес ништо од тоа, само ветувања. При неодамнешната посета на министерот за образование Абдулаќим Адеми во Лабуништа, тој пред мештаните повторно настапи со најава за изградба на спортска сала, а ги кажа и причините зошто досега не се отпочнало со градба.„За неколку дена ќе почне со градба и спортската сала која е во вредност околу 41 милион денари или околу 690 000 евра. За општина...
Села бара поголема безбедносна состојба во Струга
Post Views: 199 Безбедносната состојба во Струга беше една од точките на дневен ред на последната седница на Советот на општината. Првиот човек на градот Зијадин Села рече дека стружани се чувствуваат несигурни и побара расветлување на неколкуте убиства кои се случија изминатите неколку месеци во Струга. Ова посебно доаѓа после последното убиство на 23- годишното момче кое се случи пред десетина дена во близина на селото Долна Белица. „Ние имаме и случаи кои не се решени, како што беше случајот со исчезнувањето на еден млад човек, за кој до ден денес не знаеме кој е убиецот...