Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Нови плочки на долниот дел од кејот на Црн Дрим

Post Views: 15   Во Струга се гради. После реконструкцијата на едната страна од кејот на реката Црн Дрим, Локалната самоуправа продолжува со градежни зафати. Во моментов, долниот дел од кејот на реката Црн Дрим од двете страни е раскопан и се очекува да почне поставувањето на нови плочки. Стружани велат дека општина Струга со овие зафати покажува дека е одговорна Локална самоуправа која се грижи за изгледот на градот и потребите на граѓаните. „Супер е …добро е тоа што се гради.  Добро е …но споменици не ни требаат, потребна е работа за младите..убо е што се...

Продолжи со читање

Жените од руралните средини најчесто се жртви на семејно насилство

Post Views: 16   Семејното насилство иако е препознатливо, за жал сеуште се крие под пазувите во семејствата посебно во руралните средини. Таму жените не само што не се доволно информирани, туку се срамат и кријат дека трпат секојдневно семејно насилство, открива Александра Лазареска, претседателката на Здружението за еднакви можности „Езерка“ Струга. Таа додава дека изминатиов период биле концентрирани на едукација на жените за семејното насилство, бидејќи сметале дека жртвите сеуште не се доволно информирани што значи семејно насилство и каде се можат да се обратат за...

Продолжи со читање

Нивото на акумулациите на Црн Дрим се на просечно ниво

Post Views: 22   Нивото на акумулациите по текот на реката „Црн Дрим“ е во рамките на просечното за овој период од годината. Истите се подготвени да ги прифатат водите од дождовите во наредниот период. Ваква е оценката на директорот на Хидроенергетскиот систем „Црн Дрим“ од Струга Тони Маркоски. „Посебно тоа е важно за Охридското Езеро кое што од безбедносни причини за да не дојде до несакани поплави треба да биде на оваа кота, 693 метри 32 цм. Можеби ве мотивираше за ова прашање имаше пред две недели поголеми дотеци од води во река Радика а исто така и големи дождови и...

Продолжи со читање

Ќе се субвенционираат селски куќи за туристички цели

Post Views: 13   Со цел активирање на сите ресурси, потенцијали, чинители, на туризмот како и можност за дополнително обезбедување на средства, денес во Струга, беше формирана, Мрежата за инклузивен регионален развој на Југозападен плански регион. Тоа значи поддршка на 9 те општини кои го сочинуваат овој регион, во делот на развој на туризмот и стопанските дејности кои ќе бидат вклучени во мрежата, а исто така ќе бидат конкретизирани и наредните активности, вели претседателот на Советот на ЈЗПР Игор Трајкоски „За целиот регион ќе значи развој во сегментите на туризмот,...

Продолжи со читање

Во Охрдското Езеро пуштена последната тура на подмладок на јагула

Post Views: 8   Охридското Езеро денес беше порибено со околу 30 000 парчиња подмладок од јагула. Во текот на 2016 година езерото три пати се пориби со подмладок од јагула, а тоа го врши АД ЕЛЕМ. Порибувањето се вршеше од неколку локации почнувајќи од пред ресторанот „Ревиера“, Струга, па Радожда, Калишта, Сатеска, Андон Дуков, Охрид и во подлабокиот дел од езерото. „Битно е дека рибата е здрава, набавена е од Грција, проверена е автентичноста и автохтоноста на типот, нема паразити тоа е проверено во институтот за ветеринарство и сточарство го помина периодот на...

Продолжи со читање

Стружани учествуваат во проекција за општинскиот буџет за 2017

Post Views: 9   Граѓански буџетски форум во Струга. Продолжува сесијата на презентации на буџетските форуми, во организација на Центарот на заедниците на општина Струга. Денес во хотел Мираж Струга беше презентирана реализацијата на општинскиот буџет за 2016 како и презентацијата на предлог буџетот за 2017. Катерина Талеска Скепароска, проект координатор од центарот, пренесе дека ваквиот вид на настани каде присуствува граѓанскиот сектор се од исклучителна важност, бидејќи на истите граѓаните добиваат право на глас со свои предлози да укажат кои проекти се според нив важни и...

Продолжи со читање

Младите стружанчиња ќе учат влашки јазик

Post Views: 22   Здружението на власите од Струга изработи проект за изучување на влашкиот јазик. Станува збор за факултативен курс кој ќе можат да го следат деца од трето до деветто одделение. Како што велат од Здружението проектот бил прифатен од страна на градоначалникот Зијадин Села, така што општина Струга комплетно финансиски ќе го поддржи. Синоќа градоначалникот Села во хотел Дрим Струга и свечено го отвори факултативниот курс по влашки јазик. Од Здружението на власите велат дека интерес за курсот на почетокот има, така што уште вчера 22 деца пројавиле интерес....

Продолжи со читање

Расте бројот на дијабетичари во Струга

Post Views: 7   Со едукативни предавања, дијабетичарите од Струга го одбележаа Светскиот ден на дијабетесот 14 ноември. Годинава активностите за одбележување на овој ден се насочени кон здравата исхрана и нејзината важност во спречување на дијабетесот и негово ефикасно контролирање, со цел да се избегнат компликациите, појасни д-р Мира Костојчиноска спец по интерна медицина. „Во Струга исто како и во светски размери, Македонија и во Струга секој ден имаме ново дијагностицирање на пациенти. Тоа се должи на хигиено – диететски режим на живот кој што не го запазуваат...

Продолжи со читање