Автор: Николоска Биљана
Post Views: 228 Литературна средба, Пораката од „Сердарот“ и тежината на златниот венец на ловороносецот. Оваа несекојдневна дружба со истакнатиот професор д-р Никола Бошале, се одржа во Прличевата одаја на НУ „Библиотека“. Генерално досега не се појавил автор во Охрид, кој ги собрал на едно место легендите и преданијата за Прличев, а мојот труд во кој изнесов три легенди кои ги пронајдов, нека биде појдовна точка понатаму за идните автори, кои се занимаваат со ликот и делото на големиот поет“, истакна Бошале во неговото впечатливо излагање. „Еден од мотивите што сум тука е...
Охридските ракометари очекуваат поддршка од публиката за победа
Post Views: 260 Утре со почеток во 20 часот и 15 минути во Спортско Рекреативниот центар „Билјанини Извори“, охриѓани ќе ги одмерат силите со Тинекс Пролет, ретка екипа која во минатите сезони славеше над гладијаторите во Охрид. И покрај лошата историја охриѓани се фаворити на овој дуел бидејќи во првиот дел од шампионатот славеа на гостувањето во Скопје. Иван Тасески, кажа збор два околу нивните очекувања. „Ни доаѓа една незгодна екипа која две години со ред губиме на домашен терен. Во зимскиот преоден рок се појача со неколку играчи , но ќе го дадеме ние максимумот за да...
Бројот на заболени од туберкулоза се намалува
Post Views: 138 Се намалува бројот на болни од туберкулоза во земјава. Оваа болест за човекот е позната уште пред илјадници години. Но таа и денес иако се лекува, претставува водечка причина за смрт од заразни болести, велат медицинските работници. Секоја година, на 24 Март светот го одбележува Денот на туберкулозата. Тој се празнува со цел да се подигне свеста за огромниот терет поврзан со туберкулозата, вели Младен Божиновски од ОО на Црвен Крст Охрид. Светскиот ден на туберкулозата дава можност сите луѓе да се придружат во борбата против ТБ преку давање информации и едуцирање...
Свлечиштето кај Извиднички Центар засега заштитено само со насип од камен
Post Views: 115 Нема градежни зафати околу санирање на опасното свлечиштето кое го нагризува патот кој води до хотелот Далјан и Извидничкиот центар, Охрид. Пред платото на хотелот единствено што може да се забележи е тоа што на сред пат истоварен е камен, кој најверојатно треба да послужи за санација на ова критично место. Од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици убедуваат дека на тоа место се отпочнало со некакви градежни активности, но поради временските услови и високиот водостој на реката Далјан истите се стопирани. Како што пренесе портпаролот Љупчо Танески, ќе...
Решен децениски проблем во населбите „Воска“ и „Даљан“
Post Views: 182 После 3 децении, целосно реконструирани улиците „Сатеска“, „Мича Гилиќ“ и „Трајче Трајчески“, во населбите „Воска“, „Даљан“. Градоначалникот Никола Бакрачески со задоволство зборува дека денес се радуваат жителите на Воска, утре на некоја друга охридска населба бидејќи во континуитет се реализирале проекти во различни делови на градот кои го подобруваат животот на охриѓани, а воедно се остварува не само ветеното туку и повеќе од тоа. „Населба Даљан и Воска стојат високо на приоритетите во стратегијата за развој на општина Охрид посебно ова место каде што се наоѓаме...
Проф. Крстаноски: Велосипедската инфраструктура треба да се планира со ГУП овите
Post Views: 121 На Охрид повеќе од потребна му е пристојна велосипедска инфраструктура. Во градов постои велосипедски патеки, но за жал факт е истите се оштетени и не се одржуваат. За тоа каде лежи проблемот околу изградба на модерна и соодветна велосипедска инфраструктура открива Професор д-р Никола Крстаноски од Техничкиот факултет во Битола. „Еден од корените на проблемот е начинот на изработката на Генералните урбанистички планови. Според сегашниот закон за урбанистичко планирање кога се работаат Генералните урбанистички планови единствено нешто што се бара од изработка...
Во Охрид одбележан Денот на крводарителството
Post Views: 144 Охриѓанецот Коче Богданоски досега дарувал крв 112 пати. Неговата крвна група е нулта негатив. Вели, дарувам крв затоа што преку овој чин најдобро се изразува хуманоста но и заради сопственото здравје за обновување на крвта. „Чуството е многу добро, захвално, за здравјето уште подобро, секој прв пат кога ќе даруваш, не е тешка работа, присутен е само стресот, но што повеќе даваш крв и самата снага бара, а јас се чуствувам подобро. На секои три месеци дарувам крв и советувам нема потреба некој да се плаши од крводарување, слободно може да дава, ќе се чуствува...
Драстично намалување на пријавите во делот на безбедност и здравје при работа
Post Views: 140 Суштинските измени во законот за безбедност и здравје при работа, донесуваат повеќе права за синдикалците. Во рамки на кампањата за безбедни услови при работа и за обезбедување на сигурни работни места, ССМ заедно со Македонското здружение за заштита при работа организираат проект кој е насочен кон подигнување на свеста во смисла на обезбедување на активности кои се поврзани со безбедност и здравје, во кои се вклучени и работодавачите и граѓанските организации. Целта на новите измени и дополнувања е да се зајакне позицијата на претседателите на синдикалните организации...
Промоција на нов проект: „Декада на припадност – Славење на различностите“
Post Views: 129 Промовиран новиот проект „Декада на припадност – Славење на различностите“. Овој проект наредниве три години ќе го работат активистите на Локалната агенција за развој од Струга, а како нивен партнер се јавува Граѓанската организација „Креативни и активни“, исто така од Струга. Целта е да се подобрат меѓуетничките односи во југозападниот регион преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор, вели Катерина Василеска, проектниот менаџер. „Сакаме сите различни етникуми, различни заедници кои што живеат во регионов да ги...
Ќе се уредува локалитетот „Сини Вирови““
Post Views: 174 Се изготвува проектната документација за уредување на Белчишкото Блато, познато под името „Сини вирови“. Овој локалитет, сместен во недопрената природа крие многу тајни за животот на планетата од пред многу милиони години. За убавините со кои располага ова мистично парче природа кое воодушевува, многу малку се знае. Овој природен локалитет има големи туристички потенцијали, кои може да се валоризираат само доколку целосно се зачува и се стави во функција на одржлив развој, на што моментално работи Игор Трајкоски, градоначалник на Дебрца. „Значи пристапен пат...
Потребна е добра велосипедска инфраструктура за поголема безбедност за велосипедистите
Post Views: 114 Како најдобро да се заштитиме себе си и другите кои користат алтернативни форми на мобилност, беше синоќешната тема на едукативна трибина за младите, организирана од Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот. На трибината стана збор за тоа како зголеменото користење на алтернативните форми на мобилност, велосипеди, ролери, или пешачењето, можат да придонесат до намалување на ризиците во сообраќајот. Љупчо Ставрески претставникот на Републичкиот совет за безбедност појасна што прави Републичкиот Совет во таа насока. „Се додека не се сменат неколку фактори,...
Се реновира училиштето во Оровник, Дебрца
Post Views: 185 Започна комплетна реконструкција на подрачното училиште во село Оровник, охридско. Овој стар објект не е реновиран уште од 1954 година откако е изграден. Со средства во висина од 1 100 000 денари, обезбедени од Бирото за регионален развој, односно од Југозападниот плански регион ќе се реализира првата фаза, од овој проект, открива, првиот човек на општина Дебрца, Игор Трајкоски. „Ќе биде реконструиран подот, односно ќе бидат сменети старите дотраени даски со бетонирање на подот, потоа ќе се постави ламинат а ќе се постават и ќерамички плочки. Во таа фаза влегува...