Автор: Николоска Биљана
Post Views: 139 Оштетен потпорен ѕид во билизина на основното училиште во Велгошти се заканува целосно да се урне. Првите посериозни одрони на бетонскиот ѕид се случиле во октомври месец, минатата година, како што убедува Митко Речкоски, кој живее во непосредна близина. За среќа тогаш била предизвикана само материјална штета бидејќи ѕидот паднал во раните утрински часови. Речкоски кажува дека таа вечер силен тресок ги подигнал од кревет, а изутрина имале што да видат, целиот пат затрупан со земја и делови од бетонскиот ѕид. „Падна, ноќе беше некаде околу 3 до 4 часот, среќа и тоа...
Одбележан Светскиот ден на бубрегот во Охрид
Post Views: 118 Дејствувај навреме за да спречиш. Годинава под ова мото се одбележува Светскиот ден на бубрегот, со посебен акцент на децата. По тој повод во охридската гимназија „Св Климент Охридски“ едукативен час, одржа еминентниот специјалист по урологија д-р Горан Балевски. Се смета дека децата ретко заболуваат од бубрежни болести, но, тоа е сосема погрешно, бидејќи децата и тоа како се подложна група на ваквите заболувања, категоричен Балевски. Додава дека бубрегот можеби и не е толку популарен орган како што е тоа срцето и белите дробови, но смета дека преку разни едукации...
Државен инспектор за животна средина во охридскиот регион сеуште нема
Post Views: 132 Сеуште е празно местото на државниот инспектор за животна средина на охридско – струшкиот регион. Речиси две и пол години на тоа место не е назначена замена и покрај тоа што нашиот регион се води како посебно заштитено подрачје со повеќе природни реткости, вклучувајќи ја тука и заштитата на УНЕСКО. Државниот инспекторат е структуиран да делува регионално, но со законот имаат ингеренции да работат и делуваат на територија на цела Македонија поради нивниот статус, државен инспектор, појаснува државниот инспектор за животна средина од Подрачно одделение пелагониско...
Работилница за спроведување на законите за заштита на природата
Post Views: 121 Охрид домаќин на првата субрегионална обука за спроведување на законодавството за води и заштита на природата во прекуграничен контекст. Оваа обука ќе се одржува од денес па се до петок во хотел Тино, комплекс Св Стефан Охрид, а е во организација на Регионалниот Центар за животна средина како секретаријат на Темис мрежата, под покровителство на Австриската развојна агенција. Овој настан го отвори министерот за ЖСПП Нурхан Изаири. Тој истакна дека целта на оваа работилница е да ги прошири капацитетите на национално и регионално ниво за подобро системско спроведување...
Ковачески: ЕВН не може да краде струја, наплатува онолку колку што е отчитано
Post Views: 192 Дали ЕВН ги „краде“ потрошувачите? Ова прашање се наметнува речиси кај секој потрошувач на електрична енергија бидејќи сите ние забележуваме дека има поголеми варијации во износот на нашите сметки за потрошена електрична енергија. Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески за ТВМ тврди дека ЕВН не може да краде туку наплатува онолку колку што е отчитано. „Ако некој корисник мисли дека ЕВН има прекршено некое право тоа може да го побара пред сите надлежни институции, ЕВН има обврска да одговори на сето тоа како сите други правни субјекти. Значи ако некој случајно биде оштетен...
Охридските менаџерки пофалени за 8 ми Март
Post Views: 119 Жените, директорки од Охрид, денес беа на прием во Локалната самоуправа, по повод Денот на жената. Нив ги пречека заменик градоначалникот Ангел Јанев. Тој нагласи дека денешниот ден е историски и во име на општина Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески и во негово лично име, на сите жени им го честиташе прзаникот. Јанев истакна дека во нашата земја во Локалните самоуправи жените се застапени со 40% што го надминува законскиот процент кој е околу една третина односно 33,3 % . „Соработката пред се со здружението на жените но и со институциите кои што ги водат жените...
Атрактивен дочек на туристите на Заливот на коските, со охридски бисер и коктелот ЕДЕН Бисер
Post Views: 127 Јубилејна година на традиционалниот настан „Пронајди го охридскиот бисер во Заливот на коските“. И годинава по повод Денот на жената 8 ми март, по петти пат туристките од Црна Гора го бараа охридскиот бисер во куќичките од наколната населба на најпосетуваниот локалитет на охридското крајбрежје. Данијела Лаховиќ никогаш нема да го заборави овој локалитет каде за прв пат доаѓа, бидејќи беше најсреќна и успеа да го пронајде охридското богатство, прочуениот бисер. „Не очекував вакво нешто. Дојдов само на излет во Охрид навистина благодарам на сите. Охрид е познат...
Неколку охридски улици без јавно осветлување
Post Views: 137 Деновиве без јавно осветлување останаа улиците „Момчило Јорданоски“ и „Марко Цепенков“ од Охрид. Граѓаните кои живеат на овие улици сведочат дека неколку денови се движат низ темни сокаци и укажуваат дека со модернизацијата на новиот систем за осветлување со лед диоди не очекувале ваков проблем. Како причина за ваквата состојба, од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици ги наведуваат временските прилики и силниот ветер кој што го зафати нашиот регион. „Во дослух со Јавниот приватен партнер дознавме дека направило определени проблеми на различни локации...
Дополнителни корективни вежби во охридската детска градинка
Post Views: 120 Реномирани професори по физичко образование ќе ги вежбаат децата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ за правилен физички развој. Со тоа и воспитувачите ќе стекнат знаења, кој тип на вежби се препорачуваат за правилен развој на дечињата, со цел да се помогне некои одредени проблеми кај децата да се корегираат. Како што за ТВМ изјави директорката на градинката Розе Костеска, намалена била границата на рбетни деформитети кај децата, па затоа одлучиле да се воведат вакви часови со цел навреме да се откријат таквите проблеми и корективно да се влијае уште на помала возраст. „Точно...
Се осветлуваат кружните текови
Post Views: 189 Се изведуваат финалните работи на кружниот тек на бул „Туристичка“ на пресек со ул „Македонски Просветители“. После хортикултурното уредување се работи на естетско но и засилување на функционалното осветлување на просторот. Во моментов помалиот и поголемиот кружен тек се осветлуваат со нови илуминации во јадрата на централните кругови, но подоцна во рамки на постоечките електрични столбови ќе биде поставено дополнително улично светло информира, портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески. „Ќе бидат поставени 9 електрични светилки...
Ќе се интензивираат работите околу изградбата на затворениот базен
Post Views: 117 На локалитетот каде што за три години треба да никне затворениот пливачки базен во Охрид, се изведуваат подготвителни работи, дел од земјените работи, а се работи и на подготовка на бетонските работи за темелната конструкција. Како што информираа од Агенцијата за млади и спорт, оваа фаза на градба била многу сложена и требало да се изведе со многу внимание, со оглед на тоа што се работи за изградба на капителен објект каков што досега се нема изградено последниве 35 години. Од Агенцијата за млади и спорт велат дека уште при проектирањето на објектот биле извршени...
Охриѓани несебично даваат поддршка за малиот Кирил
Post Views: 137 Охрид деновиве живее во духот на хуманоста, солидарноста и општите човекови вредности. Ова синоќа го изјави првиот човекна градот Никола Бакрачески непосредно пред одржувањето на хуманитарниот концерт посветен на Кирил Митрески, на кој присуствуваше градоначалникот, заедно со директорите на јавните претпријатија. „Се надевам дека на овој концерт и наредните неколку денови на хуманитарните активности кои што ќе бидат организирани со овој повод граѓаните масовно ќе ја дадат својата поддршка за ваква една хумана активност. Така да ја користам оваа прилика да...