Автор: Николоска Биљана
Post Views: 3 Јужноафриканецот Монгане Вали Сероти е годинешниот лауреат на Струшки Вечери на Поезијата. Францускиот поет Франсоа-Ксавие Мер пак, ја понесе наградата на УНЕСКО и на СВП за годинава. Ново име на манифестацијата е и Виолета Дишлиеска, во функција на В.Д. директор. Соопштени имињата на годинешните добитници на Златниот венец и наградата за најдобра дебитантска книга на млади поети ,,Мостови на Струга”. Нив денес на прес конференција ги објави министерката за култура Елизабета Канческа Милеска. Во дел на нејзиниот говор стои:„Дозволете ми да го изразам моето големо...
Има перспектива за акцијаштвото и волонтеризмот
Post Views: 9 Младинските работни акции беа најромантичниот дел од Југословенската историја. Љубовта, носталгијата, дружбата и стекнатите хумани навики од тие средби, до ден денес оставија неизбришливи траги кај акцијашите, поточно од времето каде што хуманоста, солидарноста и волонтеризмот беа нивен основен водич на патот кон успехот во животот. Денес во големата општинска сала во Охрид се одржа годишното собрание на Сојузот на акцијаши волонтери на Македонија на кој присуствуваа 30 делегати од 4 градови Охрид, Скопје Куманово и Штип. „Волонтерството и акцијаштвото се многу...
Државен натпревар по физика во Охрид
Post Views: 19 Во ОУ „Христо Узунов“ денес се одржа еден од најголемите настани во земјава, натпреварот по физика. Младите физичари од цела земја беа дел од 41 натпревар, поделени во две категории, осмоодделенци и деветтодделенци. Тие во времетраење од 2 часа решаваа по 5 задачи. Претседателот на Друштвото на физичари на РМ доц. Д-р Боце Митрески вели дека со изучување на физиката, со мал напор може да се постигне голем успех, додавајќи дека за жал во нашата земја има малку физичари, но за среќа сите се вработени и секогаш има дефицит на овие кадри. „Активностите на...
Сообраќаен колапс на ул „Гоце Делчев“
Post Views: 7 Сообраќаен колапс на ул „Гоце Делчев“. Пристапниот пат до некогашниот паркинг, а сега времено решение за градски пазар, од ден на ден прераснува во сериозен сообраќаен проблем. Пешаците и возилата едвај се снаоѓаат да се разминат, а вистински хаос се случува кога влегува камион до градилиштето каде што се отпочнати градежните работи на новиот затворен градски пазар. Состојбата дополнително се комплицира од узурпираната површина од пластични столпчиња кои го стеснуваат и онака тесниот пат. Бројни се забелешките и на дуќанџиите, на овој потег. Тие во брифинг за...
Лугето треба да се информираат од повеќе медиуми
Post Views: 7 Јакнење на граѓанскиот активизам преку медиумска писменост. Овој проект на Здружението за развој на претприемништвото и туризмот, Концепт плус од Скопје, има за цел поттикнување на граѓански активизам во помалите средини во Македонија преку медиумска писменост, вели Синиша Пеќевски. Тој додаде дека целна група се сите граѓани над 18 години кои сакаат да дознаат нешто повеќе за граѓанскиот активизам и за медиумите. „Овој предизвик кога видовме дека се случува во Македонија и за тоа е изработен овој проект со цел да ги едуцираме луѓето повеќе за медиумите што е тоа...
Слаб е интересот на охриѓани за јавните анкети за Деталните урбанистички планови
Post Views: 5 Денес во големата сала на општина Охрид се одржаа две јавни анкети и презентации за Детални урбанистички планови. Првата анкета и презентација се однесуваше за една градежна парцела на ул „Марко Нестороски“. Изготвувачот на плановите Вера Снегар појаснува што се е предвидено во тој план за тој опфат. „Се работи за станбена куќа домување, една градежна парцела. Денес беше јавната презентација, на неа не дојдоа заинтересирани граѓани, имаше претставници на јавни институции и помина без некои забелешки“ И втората презентација на Детален Урбанистички план се одесува...
Прогласени најхуманите медицински сестри на републичко ниво од Охрид
Post Views: 12 Награди за најдобрите, на денот на медицинските сестри. Утре на нашите најхумани медицински сестри и акушерки од Охрид, во Струмица ќе им бидат врачени награди. Претседателот на здружението на медицински сестри Јулија Трпковска, нагласувајќи ја улогата на медицинската сестра во рамки на здравството, рече, да се направи избор и да се одберат најдобрите медицински сестри е тешка работа, бидејќи секоја една од нив е посветена на својата работа. „За да бидеш медицинска сестра треба пред се да ја сакаш таа струка, бидејќи здравствената струка подразбира нега на...
Депонија за „мерак“
Post Views: 8 Морбидна слика на струшката депонија. Употребени шприцеви со крв, хируршки ракавици, гази, системи со игли од инфузии завршуваат на депонијата на ЈП „Комунално“ Струга, која е оддалечена нецел километар од градот, позади автобуската станица на превозникот „Вакчаре“. „Депонијата наликува на Трст-Вија-Скопје. Тука може буквално да се сретрне се, но најлошо и најопасно е што тука е расфрлан и медицинскиот отпад“.Глетката е уште пострашна и позагрижувачка бидејќи тука живеат неколку семејства со малолетни деца, кои секој ден претураат по ѓубрето барајќи пластична...