Автор: Николоска Биљана
Post Views: 4 Широк спектар на активни мерки, програми и услуги креира Агенцијата за вработување на Р Македонија. Во тек се повеќе мерки и програми кои се спроведуваат, информира Јован Баткоски од Агенцијата за вработување на РМ од Охрид. Тој нагласи дека една од најпопуларните која постои веќе 10 години е мерката за самовработување, „Од идеја до бизнис“. „Првиот циклус од оваа мерка за оваа година веќе започна, во нашиот центар аплицираа околу 30 лица од кои 19 успешно го положија тестот и ги остварија потребните предавања со обучувачите и одат во понатамошната фаза,...
Отворен ден за најмладите во ОО на Црвен Крст Охрид
Post Views: 8 Најмладите од предучилишна возраст денес се запознаа со значението на Црвениот Крст. Тие во просториите на ОО имаа можност да слушнат интересно предавање од волонтерите, а исто така гледаа и краткометражен филм со таткото на Црвениот Крст, Анри Динан. Мимоза Ставрева вели дека во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот Крст, ги вклучиле и најмладите со цела да ги научат двете најважни вредности на човекот, хуманоста и солидарноста. „Еве денес сме тука заедно со нашите најмали сограѓанчиња да го прославиме овој ден и недела да им кажиме уште од...
Акумулацијата Шум издадена под концесија
Post Views: 13 Акумулацијата Шум, годинава за прв пат се издава под концесија за риби и организација на рекреативен риболов. Во преставка од МЈП „Проаква“, до државниот инспекторатот за животна средина е укажано дека акумулацијата е пренаменета од страна на други правни и физички лица за други дејности (рибарство, услужни објекти), со што директно е загрозена безбедноста за снабдување на вода за пиење, од аспект на квалитет на вода и техничка функционалност. Со состојбата запознаени од Министерството за животна средина и просторно планирање.Инспекторот за Животна средина и...
Зголемување на бројот на летови до охридскиот аеродром бараат туристичките работници
Post Views: 7 Повеќе авиолинии до најголемиот и најатрактивен туристички центар, Охрид, бараат туристичките работници од охридско струшкиот регион. Туристичките работници од хотелскиот еснаф смеаат дека од исклучителна важност е гостите наместо во Скопје да слетуваат во Охрид. „Секако треба да се разгледаат сите опции кои постојат за зголемување на бројот на летовите до охидскиот аеродром. Тука не гледам некоја конкуренција помеѓу охридскиот и скопскиот аеродром бидејќи и двата се на ТАВ, така да и во нивен интерес е да бидат подеднакво искористени, не во еден да има гужви а...
ОО Црвен Крст Охрид го одбележа светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
Post Views: 7 ОО на Црвен крст Охрид и оваа година се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Насекаде за секого“. Водени од основните принципи ја мобилизираме моќта на хуманоста да спасуваме животи и да го намалиме страдањето, вели Сашо Точков претседателот на охридското движење на Црвениот Крст. „На денешен ден во 1928 година, роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположникот на движењето на Црвениот Крст, во таа чест насекаде во светот се чествува овој ден. Ние со мала...
Кое средно училиште да го одберам?
Post Views: 6 Кое средно училиште да го одберам? Периодов ова прашање е дилема која треба разумно да се реши, секако со договор меѓу родителите и децата кои завршуваат деветтолетка. Промените кои што се јавуваат во образовниот систем годинава директно или индиректно се поврзани со имплементација на Кембииџ методологијата. Околу изборот на деветтодделенците за гимназиското образование, својот став го изнесе Ангел Јанев сопственик на приватниот образовен центар ПИ СИ „Родителите заедно со децата пред да ја донесат одлуката каде да се запишат во гимназиското образование би...
Најмладите од охридската градинка со завршни приредби
Post Views: 8 „Мојот пријател полицаец“ и „Бон тон“. Децата од објектот Лихнида денес ги презентираа завршните активности на овие два проекти, а воедно и ја заокружија годината пред родителите и останатите гости. Директорката Розе Костеска истакна дека соработката со полицијата и тоа како допринела децата од мали нозе да се стекнат со основните познавања на сообраќајната култура, да ја препознаваат сообраќајната инфраструктура, знаци и правила. „Сета таа заедничка соработка вродува со плод и на крајот децата добиваат знаења како треба безбедно да се однесуваат со цел да имаат...
Нова метода во Заводот за кардиоваскуларни заболувања
Post Views: 12 Нова метода во интервентната кардиологија. Од денес во Заводот за кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан, ќе се применува новата процедура Ротаблација, за третирање на комплексни запушувања на срцевите крвни садови кои имаат масивни калциумски депозит во ѕидот. За оваа метода се користи посебна апаратура и специфично дизајнирани ротаблациони катетри кои вршат еден вид вртлозно бушење на запушувањата овозможувајќи отворање на крвниот сад, за да може да се постави стент. Д- р Никола Бакрачески појаснува зошто се наложила потребата од примена на оваа метода. „Се...