Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

ЕЛЕМ ќе гради современ Конгресен Центар во Охрид

Post Views: 11 Се поизвесна станува изградбата на современиот Конгресен центар во Охрид. До Електрани на Македонија во врска со реализација на овој проект било доставено само едно идејно решение од страна на архитектката Ивана Ралевиќ која ја понесе и наградата во висина од 700.000 денари. Следува фазата на избор на проектантско биро кое што ќе го подготви основниот проект, за што веќе е распишан и оглас. Државната компанија за подготовка на основниот проект е предвидено да издвои околу 18 милиони денари. Договорот со проектантската куќа ќе биде со времетраење од 12...

Продолжи со читање

Еден денар плата

Post Views: 7 Еден денар плата добија вработените во ЈП „Комунално“ Струга. „Не можев да си поверувам кога го проверив извештајот на банката, дека на ден 14 ти март годинава направен е трансфер од еден денар за исплата на плата“. Ова го кажува вработен во ЈП „Комунално“, Струга, кој не сакаше да проговори пред нашата камера, стравувајќи дека ќе биде казнет. Оваа информација со доза на резерва ја примивме и ние, сметајќи дека се работи за некаква техничка грешка. Но изводот од сметката до кој дојде ТВМ, покажува црно на бело.Претседателот на синдикатот на ЈП, Борче Мижимакоски,...

Продолжи со читање

Договорите на определено време се повеќе се применуваат

Post Views: 14 Според податоците објавени на веб страницата на АВРМ, од вкупно 13.515 засновани работни односи во јануари годинава, речиси две третини, или дури 8.503 се на определено, а останатите 5.012 на неопределено време. Оваа статистика на регистрирани пријави на засновани работни односи што ја води Агенцијата за вработување на Република Македонија е само потврда дека во нашата земја има многу повеќе работници на определено, отколку на неопределено работно време. „Во последно време и кај нас како и во западните земји тренд е договорите да се склучуваат на определено...

Продолжи со читање

Не остана ништо од детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“

Post Views: 7 Не остана ништо од детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“. Очигледно ова игралиште ја има изгубено својата намена. Искршени клупи, детските реквизити не само што се половични туку дел од нив се и опасни бидејќи на нив се останати острите рабови од металните шипки. Нема и по цели дрвени штици од платформата каде што вообичаено децата се качуваат за да се пуштат по лизгалката. За жал таква е сликата која што денес ја регистрира нашата камера на ова место. За сите објекти од јавен интерес плаќаме ние граѓаните од сопствен џеб. Ќе проработи ли конечно јавната...

Продолжи со читање

На охридскиот аеродром пристигнаа првите туристи од Холандија

Post Views: 13 Пристигнаа првите туристи од Холандија. На охридскиот аеродром Св.Апостол Павле денес од Амстердам слета првиот сезонски чартер лет на авиокомпанијата Корендон со 180 патници. Традиционално и годинава, ТАВ на холандските туристи им приреди свечен дочек со воден мост, македонска закуска со леб и сол и колачи. Дел од гостите за прв пат доаѓаат во прекрасниот Охрид. „За прв пат сум во Македонија. Слушнав од промоција на Корендон“ – вели еден од туристите.Прв пат сум во Охрид, не знам многу за него. Занам за Македонија од изборот на песна за евровизија....

Продолжи со читање

Експресна седница на струшкиот совет

Post Views: 8 Грото таксисти во Струга, работат на диво, без лиценца. Тоа е давачка која добро го храни општинскиот буџет, но недоволно е посветено внимание на ова проблематика од страна на Локалната, сметаат дел на советниците од Струга.Љуљзиме Зулали од ДПА, ја интересира, колку такси возила се на терен и дали сите тие ја имаат платено лиценцата. Таа за ова директно ја праша Санела Гогоска, инспекторот за патен сообраќај, која беше присутна на седницата и е единствената во Локалната  која се справува со проблемите од оваа област. „Тука имаме бројка колку лиценци се дадени од...

Продолжи со читање

Денес се одбележува Први Мај, меѓународниот ден на трудот

Post Views: 14 Во Македонија денес се одбележува Меѓународниот ден на трудот 1 ви Мај. Овој ден традиционално во светот се прославува во чест и сеќавање на борбата на работниците за унапредување на нивните права. Од Регионалниот синдикален совет на Охрид најавија дека денешниот ден ќе го прослават работно, со продолжување на разговорите за зголемување на минималната плата во земјава. Драган Цветкоски честитајќи го денешниот ден потсети дека историската традиција и борба на работниците за достоинствен труд треба да продолжи. „Работничките права по однос на законските норми...

Продолжи со читање

Гостите од Бенелукс со зголемен интерес за Охрид

Post Views: 7 Гостите од Бенелукс за престојната туристичка сезона дури за 20% ќе бидат побројни во споредба со минатите години. Ова го најави најголемиот холандски туроператор ТУИ. Жан Крајнен менаџер на ТУИ задолжен за Македонија, потенцира дека значително бил зголемен бројот на резервации во сместувачките капацитети на охридското крајбрежје. „Оваа година имаме зголемување на бројот на гости кои ќе одмараат во Охрид за 12-13 проценти. Почнувајќи од мај, па се до октомври „ТУИ“ ќе реализира 6 чартери неделно до Охрид, со кои летово ќе се превезат во Македонија 16.000...

Продолжи со читање