Автор: Николоска Биљана
Post Views: 6 Дел на пациентите кои вршат хемодијализа во Центарот во Струга, стравуваат од хепатит Ц. Се пожалија дека недоволно се посветува внимание на хигиената, а посебна забелешка имаа за медицинскиот персонал, со исклучок на докторите. Тие не сакаа да коментираат пред нашата камера бидејќи стравуваат дека тоа лошо може да им се одрази врз нивниот понатамошен третман во оваа установа.„Има хепатит Ц тие се во друга сала делени сме на групи но и покрај тоа стравуваме бидејќи дома имаме деца но и за себе. Не несум задоволна прво и прво хигиената не е како што треба второ...
„Жена домаќинка“ по седми пат во Охрид
Post Views: 3 Денес од хотелот Далјан се ширеше пријатна миризба на вкусно подготвена домашна храна. Вредните раце на жените од општинските здруженија на глуви и наглуви лица од целата држава и годинава ќе се докажуваат подготвувајќи традиционални македонски специјалитети по добро испробани рецепти. Претседателот на Националниот Сојуз на глуви и наглуви лица на РМ, Васко Марков рече дека голем бил интересот за оваа манифестација, додавајќи дека глувите жени се опасни мајстори во кујна. „Ова е натпревар каде што се прават и благи и солени специјалитети има награди, пехари, три...
Јубилеен патрон на ОУ „Христо Узунов“
Post Views: 10 Јубилеен патрон на ОУ „Христо Узунов“. Синоќа во Центарот за култура во Охрид во еден прекрасен амбиент и незаборавна атмосфера училиштето го одбележа својот патрон, кој годинава беше во знакот на 40 години од основањето на училиштето. Директорот Тони Симоноски вели дека оваа година е посебна од сите останати, а тоа ги обврзува да продолжат во тој правец. „Новото време ни наметнува голем број на други обврски, меѓутоа со голем успех ги совладуваме сите препреки. Нормално е да во еден воспитно образовен процес се внесуваат новини, впрочем науката и самото...
„Жена домаќинка“ викендов во Охрид
Post Views: 8 Полни три децении се одржува настанот „Жена домаќинка“ во хотелот Далјан, Охрид. Вредните домаќинки од земјава и годинава ги засукаа ракавите и покажаа интересни идеи на готвење за ова традиционално натпреварување. Славица Стефаноска вели дека дел од екипите ги подготвуваат традиционалните специјалитети од каде што доаѓаат, како што е тоа Св.Николската пастрмајлија, солени грклани по стара рецепта итн. „Оваа година имаме пријавено 15 екипи од Македонија од 15 градови од земјава, екипа со три членки кои што спремаат три специјалитети, благо, солено по нивен...
Почна снимањето на филмот „Дедо и внук“
Post Views: 9 Започна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“. Овој филм е авторско дело на нашиот сограѓанин Илија Пиперкоски, кој се јавува и како режисер и сценарист. Планирано е филмот да се снима од 19 април до 15 мај, појаснува продуцентот Огнен Антов, кој веќе ги открива и првите детали за филмот. Главните актери се Селаетин Билал, дедото во филмот и Дејан Лилиќ, внукот. „Куриозитет е што за прв пат имаме охридски автор, тоа никогаш не се случило во историјата на македонската кинематографија и во поновата македонска историја за прв пат иаме филм кој што комплетно се...
Даниел Колевски младиот резбар познат по неговите минијатурни дела
Post Views: 14 Охриѓанецот Даниел Колевски, цели 15 години се занимава со резбарство. Започнал со вајарство, моделирајќи глина, но после советот на еден негов другар кој му посочил дека подобро би било да работи со резба бидејќи тука може неограничено да твори, тој не се поколебал многу и почнал, како што и самиот раскажува. „Тоа беше еден знак за да почнам и јас. Првите резби кои што ми оставиле впечаток биле оние во куќата на Робевци, од кои посебно ја истакнувам една од најубавите според мене, врвното дело „4 годишни времиња“. Првото дело на Колевски било ликот на Св...
Оваа сезона спасители на вода и од албанска страна на езерото
Post Views: 16 Престојната туристичка сезона спасители на вода ќе делуваат и на албанската страна од Охридското Езеро. ОО на Црвениот Крст од Охрид започнува проект со албанската страна, обука спасители на вода, која ќе ја спроведуваат инструктори од Единицата за вода при Црвениот крст Охрид открива претседателот Сашо Точков.На албанската страна пред два месеци бевме во посета и видовме од 16 – 20 км уредени плажи, кои се очекува да бидат користени. Инаку податокот кој што го слушнав за посетеност на туристи кои доаѓаат на албанската страна на Охридското езеро, за минатите...
Вози одговорно порачуваат од Општинскиот Совет за безбедност
Post Views: 8 Вози одговорно! Животот е во твои раце. Општинскиот Совет за безбедност ги започнува своите активности, во пресрет на летната туристичка сезона со цел превентивно да се влијае врз сите категории на учесници во сообраќајот. Стефан Димоски претседателот на Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот појаснува дека овој проект е насочен пред се за пешаците, велосипедистите, моторциклистите и возачите, со цел да се подигне нивото на свеста и одговорното учество во сообраќајот. „Пред се сакаме на овој потег на почетокот на магистралниот пат кон Кичево каде што...