Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Илјадници туристи од земјава и странство го исполнија Охрид

Post Views: 15 Балканскиот Ерусалим, блесна во Велигденски сјај. Градот полн со гости од земјава и странство. Редици од автобуси и автомобили со домашни и странски гости се слеваат по градските улици, а централното градско подрачје е преполно со гости. Продолжениот празничен викенд очигледно го донесе и првиот поголем бран на туристи во Охрид. Раздвиженост се чуствува насекаде, а гостите уживаат во прекрасното време. „Многу е убаво, доаѓаме секогаш“. Во охрид е посебно…езеро, градба, убава атмосфера, кафани…еве сега го сликав дрвото со јајца, прекрасно е. каде и да...

Продолжи со читање

Андоновски ветува добар натпревар против Вардар

Post Views: 11 Во очи на најатрактивните натпревари оваа сезона утре со почеток во 18 часот на СРЦ „Билјанини Извори“ дуел на РК Охрид со РК Вардар. Освојувачот на трофејот во СЕХА лигата македонскиот првак и учесник во четврт финалето во Лигата на шампиони, екипата на Вардар гостува во Охрид во рамките на 4 тата рунда од плејофот во Супер лигата. Капитенот на „гладијаторите“, Крсте Андоновски рече дека чест е да се игра со еден гигант како што е екипата на Вардар. „На утрешниот натпревар е апсолутен фаворит но тоа не значи дека ние ќе се откажиме и дека ќе излеземе со бело...

Продолжи со читање

Велигденски саем по четврти пат во Охрид

Post Views: 5 Плоштадот Крушевска Република во Охрид и годинава беше место каде се одржува Велигденскиот саем. Дваесеттина излагачи на празнично украсените штандови понудија велигденски украси, ракотворби, накит, традиционални охридски специјалитети. Велигденскиот саем е добра можност за промоција на нашите изработки, велат излагачите. „Изработувам од разни материјали, техниката се вика декубаж. Позната во светот, рачна изработка, главниот материјал е салфетки кои може на секоја површина да се изработува, дрвена, метална, стаклена, итн Свои штандови имаа и ОУ од градов....

Продолжи со читање

Претставниците на УНЕСКО остварија средба со градоначалникот Никола Бакрачески

Post Views: 4 Експертите од Комисијата на УНЕСКО, во рамки на нивната работна посета на Охрид, остварија средба и со првиот човек на градот Никола Бакрачески. Средбата градоначалникот ја оцени како мошне конструкривна, бидејќи на истата биле разгледани сите аспекти внесени во агендата кои што произлегуваат од планираните проекти. „Секако дека ги разгледавме сите пооделни точки од нивната агенда го кажвме нашето мислење во поглед на импактот кој што можат овие проекти да го имаат на заштитата на човековата околина и секако заштитата и конзервацијата на културното наследство,...

Продолжи со читање

Експертите на УНЕСКО својата инспекција на охридскиот регион ја започнаа од НП Галичица

Post Views: 3 Комисијата на Унеско денеска ја започна својата мониторинг мисија на охридскиот регион. Прва на агендата на експертите од организацијата за заштита на светското природно и културно наследство, Галичица. Тричлената комисија оствари работна средба со раководството на НП Галичица. Средбата се одвиваше зад затворени врати а по нејзиното завршување претставниците на УНЕСКО не дадоа изјави. НП Галичица е под лупа на експертите со цел да се утврди дали и во која мера се испочитувани препораките кои Унеско ги даде во врска со големите инфраструктурни проекти кои треба да...

Продолжи со читање

ќе се утврдува цената на сметководствените услуги

Post Views: 11 Денес во големата сала на општина Охрид се оддржа јавна расправа на сметководителите и корисниците на книговодствените услуги. Целта беше подобрување на квалитетот на предлог-тарифникот со кој би требало да се утврди минималниот надомест за месечните трошоци за книговодствени услуги. Од Институтот на сметководители и овластени сметководители, понудија предлози во врска со критериумите за утврдување на цената на сметководствените услуги. Претседателката на ИСОС, Ленче Папазовска, вели дека тоа би значело создавање на услови за подобрување на квалитетот на...

Продолжи со читање

Се реконструира Домот за култура во Лешани и Злести во општина Дебрца

Post Views: 14 Општина Дебрца продолжува со градежните активности околу реконструкција на Домот на култура во Лешани. Минатата година за таа намена, Бирото за регионален развој од Скопје преку Министерството за Локална самоуправа на општина Дебрца и додели средства во висина од 3 милиони денари, а исто толку средства од својот буџет одвои и општина Дебрца. „Практично тука планираме да го сместиме училиштето деветтолетката и да имаат и самите ученици подобри услови за работа, меѓутоа оставивме и простор за жителите кои што сакаат да одржат состаноци или да се дружат, значи во...

Продолжи со читање

Во Охрид одбележан Светскиот Ден на здравјето

Post Views: 8 Децата од рана возраст треба да ги воспитуваме за опасностите кои ги демнат, како и постојано да ги предупредуваме за лоши навики кои предизвикуваат сериозни оштетувања на организмот, истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето 7 ми Април. „Даваме силен допринос од една страна кон негување на здравите животни навики уште од најрана возраст и од друга страна тоа пртетставува еден од начините на кој што општеството односно заедницата ќе се бори против пориците во општеството односно против лошите животни...

Продолжи со читање