Автор: Николоска Биљана
Post Views: 21 Откриено спомен обележје на Благојче Крстаноски, херојот од Ливоишта, кој подмолно беше убиен на караулата Блаце, вршејќи ја својата должност, на 8 ми април 1999 год. Одбележувајќи ја 18 годишнината од неговиот прерано згаснат живот, денес во Ливоишта истакната личности и делегации го воздигнаа неговото име, на почесно и заслужено место во историјата на Македонија. Свое обраќање на овој чин имаше првиот човек на градот Никола Бакрачески. Тој истакна дека Благојче ќе го имаме секогаш меѓу нас, во нашите спомени кој како херој кој на олтарот на одбраната и...
Во потрага по внукот за филмот „Дедо и внук“
Post Views: 4 Филмската продукција од Македонија подготвува нов долгометражен филм, „Дедо и внук“ во режија на нашиот сограѓанин, Илија Пиперкоски. Станува збор за нов проект на Пандора Бокс продукција, од Македонија. Во моментов филмската екипа е во подготовки и се очекува деновиве да пристигнат во Охрид, открива театарскиот режисер од Битола, Јован Ристовски. Кастингот кој е на Катерина Грубач е во Охрид, во потрага по протагонист на ликот на детето во филмот. „Во потрага сме по мало детенце меѓу 7 и 10 години кое има афинитети за актерска игра пред камера односно некој...
Свечено пречекани полските туристи
Post Views: 8 Денес на охридскиот аеродром „Св Апостол Павле“, пристигна првиот чартер авион со туристи од Полска. Традиционалниот македонски дочек, воден мост, закуска, погача и сол и торта и овој пат не изостана кој беше организиран на високо ниво од страна на ТАВ Македонија. Топло добредојде на гостите од Катовице, Полска им посака новиот министер за транспорт и вгрски Горан Сугаревски. „Нашата заложба како Влада на Р. Македонија е да го унапредуваме авио сообраќајот и да направиме колку што е можно повеќе да дојдат гости и да ја посетат нашата земја. Покрај скопскиот...
Во Дебрца старите куќи се пренаменуваат во туристички апартмани
Post Views: 16 Се поголемо внимание привлекува пренамената на старите куќи во туристички апартмани за сместување гости, во општина Дебрца. Субвенционирањето кое што минатата година го отпочна Владата за оваа намена, допринесе да се зголеми интересот за субвенции на селските домаќинства за туристички цели во општината, истакна градоначалникот Игор Трајкоски. Тој додаде дека со оваа мерка, како и со отворање на национални ресторани „меани“, за кои исто така се предвидени субвенции од државата, се очекува да се зголеми бројот на туристи во општината, која брои 30 села. ...
Здружение „ЕДЕН“: Оној што е хуман кон животните е хуман и кон луѓето
Post Views: 9 Бездомните животни со години се убиваат, се трујат, а резултати нема. Денес 4 ти април се одбележува Светскиот ден на бездомните животни. Здруженијата за заштита на животни веќе со години точно го лоцираат коренот на проблемот и вперуваат прст кон децениската неажурност и неисполнителност на институциите, т.е. Локалните самоуправи, како што велат од здружението „ЕДЕН“. Тие укажуваат дека со години постои и стратегија за хумано, трајно и темелно справување со бездомните кучиња, изработена од граѓанскиот сектор и според нив во нашата земја проблемот трајно би се...
Охридските „гладијатори“ пред нов предизвик
Post Views: 6 Победата над Еурофарм Работник во првото коло од плејофот значајна за охридските ракометари. Благојче Трајкоски истакна дека нивниот тим успешно се издигнал над проблемите со кои се соочувале последниве две недели од типот повредени играчи но и проблеми од техничка природа, така што успеале пред бројната публика да се докажат и покажат во вистинско светло. Тоа го ветуваат и за новиот предизвик кој ги очекува нашите „гладиатори“ со екипата на Борец од Велес. „Борец е една многу компактна екипа иако на почетокот на регуларниот дел беше во незавидна ситуација со...
На детско игралиште, отруено куче
Post Views: 4 Отруено е куче и тоа на детско игралиште во близина на детската градинка и училиштето во Лескајца во Охрид. Отровот кој бил расфрлан бил со силно дејство и смртоносен. За овој немил настан не информираа загрижени активисти од Анималија. Климент Арнаудов активист во Анималија вели дека доказниот материјал сеуште е тука, но за жал надлежните без коментар. „Две кученца беа затруени вчера, едно умре за жал, другото успеавме да го спасиме благодарение на интервенцијата на ветеринар Тони и Ване. Сабајлево исто така во раните утрински часови се случи овој немил...
Априлијада 2017
Post Views: 4 Највеселиот ден во годината 1 ви април и годинава ги привлече најмладите. На сцената на охридскиот плоштад како и секоја година се појавија стотици маскирани деца од градинките и основни училишта со најразновидни маски преку кои ја покажаа сета своја фантазија и желби. Принцези и принцови, гусари, морнари, полицајци, Бетмени, Спајдермени, Арапи, сонца, цвеќиња, госпоѓици и што уште не беше дел од прекрасниот амбиент. Се кажуваа шеги и лаги, се слушаше музика и се играше. Исто така така децата уживаа и позираа пред фотоапаратите на родителите, а голем дел од нив и...