Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Охридските основни училишта со различни искуства за собирните акции

Post Views: 143 Доброволните собирни акции на парични средства за разни потреби во охридските основни училишта редуцирани и со строги критериуми. Најчесто акции се организираат за потребите на учениците од социјално ранливите категории кои учат во истото училиште. Како што пренесе Јордан Пуроски директорот на ОУ „Св Климент Охридски“ , собирни акции од типот прибирање финансиски средства за изведување на некој оперативен зафат во и надвор од земјава имаат 1 до 2 во текот на школската година, но доколку има потреба да бидат собрани средства за ученик кој не учи во нивното школо тоа...

Продолжи со читање

Студентите од ФТУ даруваа крв

Post Views: 156 Студентите на ФТУ даруваа крв. Тоа е потврда дека младите се хумани. Денес во просториите на ФТУ, Црвениот крст од Охрид ја реализира последната крводарителска акција предвидена во нивната програма за 2015. Како што информираше Анета Јованоска, со цел да се подигне свеста за важноста на крводарителството, се надеваат дека колку што е можно повеќе ќе допрат до младите луѓе и ќе ја разбудат нивната хуманост. „Навистина сум презадоволна од одзивот на студентите има и зошто е тоа так, од неодамна почна да функционира клубот 25 млади мотиватори“, кои веќе одржаа работилници...

Продолжи со читање

Во Охрид има хиперпродукција на неквалитетни туристички водичи

Post Views: 154 Да се промени начинот на полагање на стручниот испит, бараат од здружението на туристички водичи и придружници „Кеј“. Како што нагласи Климент Наумов, од ова здружени, бројката на водичи на ниво на Македонија е близу 700 и не може да се каже дека има диви водичи. Тој нагласи дека биле направени низа разговори со инспекциските служби при општина Охрид како и со УЈП кои треба да ги контролираат плаќањата во туристичките текови односно работењето на туристичките водичи. Наумов кажа дека според неговите сознанија инспекциските служби направиле неколку контроли при што...

Продолжи со читање

Охридските гробишта осигурани од природни непогоди

Post Views: 154 Охридските гробишта се сколони на поплавување. Посебно опасност постои во зимскиот и пролетниот период кога се топат снеговите и надојдените реки од Велгошти можат да направат проблем. Според првиот човек на ЈП „Градски гробишта“, Зоран Симоноски, претходните раководства на ЈП „Градски гробишта“ уште во 2004 донеле непромислена одлука за копање канал сметајќи дека ќе го решат проблемот. Во тоа време бил ископан канал во близина на главната водоводна цевка на гробиштата, но за жал тој канал не ги задоволувал потребите бидејќи истиот немал капацитет водите да ги обезбеди...

Продолжи со читање

Од денес МИСА маркет и во Охрид

Post Views: 342 Компанијата Миса е фирма со имиџ и реномиран партнер на своите коминтенти. Денес во Охрид се отвори првиот маркет МИСА. Охриѓани добија уште еден голем маркет каде на едно место комплетно ќе се снабдат со сите потребни производи за домаќинството. Освојувањето на охридскиот пазар е нов предизвик за нас, но и исполнување на желбата на дел од нашите клиенти изјави Васко Миса, управителот на маркетот.„Една од причините е таа што самите потрошувачи гледајќи ги нашите анализи доста охриѓани ги посетуваа нашите маркети во Струга после толку години се решивме да дојдеме...

Продолжи со читање

Белвица има доволно, но, намален е нејзиниот излов

Post Views: 162 Богат период на верски празници, а намален уловот на ендемичниот вид на риба, белвицата. Но, не постои простор за загриженост, дека белвица, ќе ја нема на трпезите, во деновите кога верниците ги одбележуваат посните слави, убедува  претставникот на „Пастрмка 2012“ Танас Танасоски.  Тој за ТВМ појасна дека намалениот улов на белвицата се должи поради тоа што температурата на водата не е падната, но информира дека целиот улов на белвицата се пласира во нивните специјализираните продавници за риба.  „Бидејќи овој месец е ден на постот доаѓа Св Ѓоргија, Св Никола, ќе...

Продолжи со читање

Подобро осмислени менија за подобра празнична понуда

Post Views: 209   Магични моменти за престојните новогодишни и Божиќни празници. Стандардизираните менија каде не се нуди нешто ново и специфично треба да заминат во историски архив, односно во заборавот. Вакви се мислењата на експертите од швајцарската консултанска куќа од најдобриот Луцерн Универзитет, компанијата Свис Контакт, која веќе е влезена во Охрид и има склучено договор со општината и со ФТУ. Нивните сугестии прифатени од нашите стручни лица до областа на туризмот.„Апсолутно треба да се работи на нови менија кои што ќе имаат максимално 20 до 22 јадења кој што ќе бидат...

Продолжи со читање

Симоноски: Одлуката за измена и дополнување на постоечко урбанистичко решение за гробни парцели е по барање на граѓаните

Post Views: 132 Зоран Симоноски, директорот на „Градски Гробишта“, денес јавно прозборе за проблемите во ЈП “. Тој настапи со одговор на поставените прашања на Телевизија ТВМ кои се однесуваа на неодамна донесената одлука за измена и дополнување на постоечкото урбанистичко решение за гробната парцела Х 402, која ја донесе  Управниот одбот на ЈП. На прашањата, Дали со одлуката има нарушување на ДУП и узурпација на заеднички простор, Дали има право како директор на ЈП само со одлука на УО да врши проширување на гробиштата, и дали сите засегнати граѓани од наведените гробни парцели...

Продолжи со читање

Охридскиот факултет за туризам гоодбележа својот јубилеј, 45 години

Post Views: 174 Во изминативе четири и пол децении на ФТУ Охрид, поминале повеќе од 6000 студенти од сите студиски програми. Денес добар дел од нив се кадар на високи позиции во Владата на РМ, Царинска управа, Агенцијата за супер визија во осигурување, како и во голем број шпедиции, хотели низ цела држава. Ова денеска на  Свечената академија по повод 45 годишниот јубилеј  го истакна првиот човек на Факултетот  деканот, проф.Цветко Андрески. „ФТУ ги има сите три циклуци на студии, има голем број на истражувачи кои што навистина се признати пошироко и можам да кажам дека ги има сите...

Продолжи со читање

Дали има доволно градско зеленило

Post Views: 141 Охриѓани со свои размислувања, колку Охрид е зелен град и дали има доволно градско зеленило. Дел од граѓаните ја одбегнуваа камерата на ТВМ а дел од нив одговорија кратко. Во секој случај нивните мислења се поделени.Зелените појаси во градов во секое урбанистичко планирање треба да бидат на прв план, сметаат добрите познавачи на арихитектурата во градовите. Денес сме сведоци дека на одредени локации во градот трпи зеленилото точно заради развојот на општината, како што за ТВМ изјави архитектот Благоја Сметеноски. Тој укажа дека согласно европските стандарди, по глава...

Продолжи со читање

Се подготвува терен за асфалтирање на ул „Сирма Војвода“

Post Views: 131 Се решава деценискот проблем на жителите на ул „Сирма Војвода“ во Охрид. Овој раскопан, каллив и проблематичен потег наскоро ќе заличи на вистинска улица, асфалтирана со уредна тротоарска површина и осветлена. Машините веќе се на терен, во моментов како што појасни гласноговорникот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески се подготвува теренот за големиот зафат. Додаде дека бидејќи станувало збор за поголем обем на работа, градоначалникот Никола Бакрачески решил  на реконструкцијата на оваа улица да и даде поголем приоритет. „Во текот на...

Продолжи со читање

Охридските советници засадија дрвца

Post Views: 134 Сите заедно да бидеме креатори  на поубав зелен свет и со тоа да дадеме допринос во градењето на чиста животна средина, порача заменик градоначалникот Ангел Јанев. Тој ги повика сите охриѓани  утре 2ри декември среда да се вклучат во големата акција, Ден на дрвото – засади ја својата иднина, годинава под мотото „Сите заедно да засадиме успех“. Со учество во оваа акција инвестираме во самите себе си во градењето на подобра иднина. „Во оваа прилика ќе потсетам дека сите оние кои што сакаат да го направат тоа ќе можат да го направат утре, организиран е автобуси превоз,...

Продолжи со читање