Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Постот е кочија за во рајот, започнаа Божиќните пости

Post Views: 164 Од денеска почнуваат Божиќните пости. Во наредниве 40 дена сите православни верници со мирна совест можат да постат во знак на послушност кон Бога, кон кого, секој кој ќе пости, ја нуди својата духовна пожртвуваност и смиреност. Отец Љупчо Симиџиески за ТВМ ја појасни суштината на постот од аспект на телесно и духовно постење. Според него во овој период, молитвата кај православниот христијанин треба да биде застапена што повеќе, посебно во неделите кога започнуваат светите Божествени литургии.„Телесниот пост се пости во понеделник среда и петок без масло другите...

Продолжи со читање

Се прошируваат гробиштата по цена на нивната функционалност

Post Views: 226 ЈП „Градски Гробишта“ Охрид неодамна донело одлука за измена и дополнување на постоечкото урбанистичко решение за гробната парцела Х 402. Одлуката била донесена од страна на Управниот одбот на ЈП. Според неа 19 корисници се известени дека се изработени и ќе се продаваат гробни места на почетокот на секоја гробна парцела што е во непосредна близина на гробното место кое го поседуваат овие 19 корисници. Рокот за постапка по оваа одлука е 5 дена од приемот на дописот. Дел од корисниците на гробните места реагираа до нашиот медиум дека не се задоволни од една ваква...

Продолжи со читање

Домот за стари лица актуелна тема за охридските советници

Post Views: 177 Изградбата на Дом за стари лица во Охрид засега останува само на хартија.Нема никакви активности околу отпочнување со реализација на овој капителен проект кој претставува една од најсушните потреби на градот, забележува Виолета Мицкоска – советничката од СДСМ. Таа до градоначалникот се обрати со неколку прашања во врска со изградбата на овој објект како и за запазување на роковите околу отпочнување на неговата изградба.„До каде е изградбата за стари и изнемоштени лица незнам по кој пат го поставувам ова прашање, секако дека тој простор го дадовме односно го продадовме,...

Продолжи со читање

Членките на Женски Центар Бисера ја одбележаа неделата за грижа на стари лица

Post Views: 151 По тој повод ги посетија старите лица во Геријатриското одделеније во Општата болница во Охрид. Таму членките од ова згдружение поминаа пријатни часови во дружење со нив.

Продолжи со читање

Албански граѓанин крадел покуќнина и возила по струшки села

Post Views: 131 Поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела од кои 4 „тешка кражба“ и 5 „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П.(23) од Либражд-Република Албанија.Тешките кражби, пријавениот ги извршил во текот на јули,октомври и ноември оваа година во авто-сервис, куќа и продавница во струшките села Долна Белица,Велешта, Радолишта и Заграчани.А.П. со кршење на стаклото од подрумска просторија, влегол во куќа во Долна Белица при што одзел 2 плазма  телевизори а со кршење на стакло од излог, од продавница...

Продолжи со читање

Свикана 48-та седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 132 Советниците треба да ја изгласаат предлог одлуката за  утврдување Нацрт фискална стратегија и развојни програми на општина Охрид за 2016 година. Освен за оваа точка, градските избраници треба да расправаат и за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од обилни врнежи од дожд со поплави настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 10.10.2015 година. На дневен ред уште на ова издание на седницата на советот треба да се најдат и Предлог Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комуналните услуги, како и Предлог Одлуката за донесување...

Продолжи со читање

Во декември денови на Централниот регистар во Охрид

Post Views: 215 Централниот регистар на Република Македонија од понеделник ќе организира Отворени денови во регистрациските канцеларии низ државата.Отворените денови во Охрид и Струга се закажани за 15 декември.Во рамките на акцијата тимови на Централниот регистар ќе бидат достапни да информирмираат за измените во законската регулатива, како и да одговарат на сите отворени прашања на граѓаните.Ова е трета акција на Централниот регистар на Република Македонија.

Продолжи со читање

Бакрачески: Мора да обезбедиме нормално функционирање на колекторот

Post Views: 141 Водоводно – канализационата мрежа во делови на градот сеуште горлив проблем на охиѓани. Состојбата посебно кулминира при големи врнежи на дожд кога некои улици се претвораат во мали езерца. Не може да се заборави излевањето на фекалната канализација која се случи август месец, минатото лето, во туристичката населба Лагадин пред очите на странските туристи, посочува советничката на СДСМ Виолета Мицкоска.  Таков е примерот и во Даљан каде често стигнуваат поплаки на жителите дека фекална канализација се излева и оди во речните канали и во езерото, додава Мицкоска.„Секој...

Продолжи со читање

Нерасчистени сметки помеѓу двајцата другари причина за двојното убиство во Император

Post Views: 304 Немав намера да пукам во Ромео Ѓузелоски ниту во било кој друг човек, отидов да си ги побарам парите што ми ги должи, изјави Бојан Петрески првообвинетиот во случајот на двојното убиство во Император. Денес во Основниот суд во Охрид се одржа главна расправа од овој случај каде се вршеше распит на двајцата обвинети. Првообвинетиот раскажа дека при обид да си го побара долгот од сега  починатиот Ромео, тој ја подигнал кошулата со цел Бојан да види дека носи пиштол и му се заканил дека ќе го убие. Веднаш потоа на терасата од ресторанот започнала тепачка при што се скршила...

Продолжи со читање

Нема крај на социјалните проблеми за некои семејства во Охрид

Post Views: 163   Четири охридски фамилии стравуваат како ќе ја поминат зимата која доаѓа. Како што кажаа станарите  при врнежи на дожд или снег куќата во која моментално живеат попушта. Таваните веќе се распукани, во одаите на дел од ѕидовите има и мувла а на средина од собите распослани се кебиња бидејќи од сите страни им капе. Станува збор за објект кој се наоѓа помеѓу охридската Маларична болница и ОУ „Григор Прличев“.„Овде живееме уште од поплавата кога беше во Воска. Ни кажаа за итен смештај и овде не остадоа. Се плашам, кога врне повеќе овде пробива бидејќи чатијата е отворена,...

Продолжи со читање

Свети Архангел Михаил денес ќе ги посети болните

Post Views: 144 Православните верници денес го слават празникот Собор на свети Архангел Михаил односно светиот дух Архангел (ангел) Михаил, првиот ангел за кој се верува дека му е рамен на Бога. Аранѓеловден е втората најголема слава кај нашиот народ, пред Ѓурѓовден. Постојат многу традиционални народни верувања за овој ангел. Се верува дека тој ги посетува сите болни луѓе. Многу од христијаните веруваат дека е жив, па за неговата слава не прават пченица. Во народот исто така постои верување дека на овој ден не треба да се обавуваат никаки домашни работи, метење, перење, чистење…...

Продолжи со читање

Лазареска: Зошто не се променети водоводните цевки на „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“

Post Views: 139 Охридските улици „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“, биле некомплетно реконструирани. Ваквата забелешка ја изнесе советничката од редовите на охридските социјалдемократи, Жаклина Лазаревска. Таа кажа дека до неа се пожалиле граѓани од ул „Ристо Чадо “, кои тврдат дека цевоводот кој поминува од нивната улица е со азбестни цевки кои имаат одредено штетно влијание. „Дали за 700 – 800 метри односно за 800 евра не би било подобро да ги замените на Ристо Чадо со соодветни водоводни цевки. При пуштење и реконструкција на ул. „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“, што за мене е добра работа,...

Продолжи со читање