Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Младите ќе учествуваат во креирање на нивната политика

Post Views: 180   Денеска во Струга се одржа консултативна средба. Креирањето на финалните препораки кои ќе ја отсликуваат состојбата на младите луѓе во Југозападниот регион на Македонија и кои ќе влијаат врз подобрување на нивната општествена состојба, беше тема на денешната средба меѓу,  Национален младински совет на Македонија и Младинската инспиративна група Македонија. Младите луѓе имаат капацитет и сила да бидат кредибилен партнер на владините институции при донесувањето на младински политики. Но пред сѐ и над сѐ, мотивацијата на младите лежи во тоа што денешните политики...

Продолжи со читање

Струга сеуште не е декорирана за најлудата ноќ

Post Views: 178 Новогодишни сијалички во Струга светат само на приватните балкони. Општината сеуште не се зафатила со украсување на градот. Како што веќе информиравме, за декорација на градот, Советот на општина Струга ја изгласа програмата, во која само за оваа намена беа одобрени средства во висина од 900 000 денари. Струшките советници сепак не губат надеж. Народните избраниците од СДСМ сметаат дека и покрај нивниот скептицизам околу целосната реализиација на оваа програма со оглед на високите средства кои беа издвоени за оваа намена околу  50 000 евра, одговорните ќе смогнат...

Продолжи со читање

Струшките советници реагираат во врска со распределбата на буџетските средства за асфалтирање

Post Views: 173 Без да се утврдат приоритетите бесполезно е да се донесе програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, држување и заштита на локалните патишта во општина Струга за 2016 год. Координаторот на советничката група на СДСМ Даме Ложанкоски, на последната седница на струшкиот совет побара повлекување на оваа точка од дневен ред  „Иста програма или слична на оваа е со реализација околу 26% за минатата година, што значи дека не е функционално во овој момент да се има обемна програма без при тоа да се има приоритети. Целта ми беше координаторите на советничките групи...

Продолжи со читање

Поголема застапеност на албанските празници, реагира македонскиот блок во Струга

Post Views: 247   Дали имате план за Струга? Кога ќе се изгради велосипедска патека? Дали ќе го реновирате затворениот базен во Струга? Дали ќе добиеме ново спортско игралиште во ОУ „Браќа Миладиновци“, Дали Советот добива задачи и дали ги решава? Со овие прашања започна 34 седница на струшкиот Совет, поставени од   учениците од ОУ „Браќа Миладиновци“, кои денес имаа задача да ја следат седницата. За жал по се изгледа овие суштински прашања за градот Струга не беа сериозно сфатени од Претседателот на Струшкиот Совет, според она што учениците го добија како одговор. Но не само учениците,...

Продолжи со читање

Во Струга нема доволно инсулин

Post Views: 410   Дијабетичарите од Струга се соочуваат со недостаток на инсулинска терапија. Тие сметаат дека под итно треба да одржат состанок со претседателот на здружението на дијабетичари на Македонија, Комисијата за инсулин и Министерството за здравство, со цел да се изнајде решение за проблемот.  Како што нагласи претседателот на здружението на дијабетичари на општина Струга, Иво Дукоски, во моментов дијабетичарите добиваат помалку пенкала од потребното. Дел од граѓаните инсулинот го набавувале од соседна Албанија и за едно пенкало плаќале 10 евра. Но Дукоски дециден дека...

Продолжи со читање

Беса: Струга е село во споредба со олимпискиот Охрид

Post Views: 233 Некогашниот затворен струшки пливачки базен, од кој денес остана само една грда руина, собиралиште на наркозависници, тема на движењето Беса од Струга. Од таму остро се спротивставуваат на како што велат анти албанските политики спроведени од страна на владеачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во  Струга,  кои пак од друга страна делуваат заедно кога се во прашање интересите на граѓаните на Охрид. Како што нагласи Фатмир Емуш од движењето Беса, тие немаат ништо против граѓаните на Охрид но категорично се против неспособноста на функционерите на ДУИ кога се во прашање капиталните...

Продолжи со читање

Струшките советници богато ќе ја дочекаат најлудата ноќ

Post Views: 203 Струшките советници со 10 600 евра буџетски средства ќе ја дочекаат најлудата ноќ. На последната седница на Советот на општина Струга мнозинството на советници ја донесоа Програмата за дочек на Нова година. Во оваа економска криза ќе бидат потрошени високи  суми на средства за најлудата ноќ, согласни дел од советниците од СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ. Даме Ложанкоски категоричен дека никогаш не биле против реализација на програмата за Нова година, но смета  дека тие средства би можеле да завршат на детското одделение Струга каде состојбата во моментов била алармантна.„Но...

Продолжи со читање

ВМРО-ДПМНЕ: Колку чини здравјето на стружани?

Post Views: 191 Колку чини здравјето на граѓаните на општина Струга, прашуваат до ОК на  ВМРО – ДПМНЕ од овој град. Од таму остро реагираат во врска со состојбата со водата за пиење. Перо Петкоски претседателот на општинскиот комитет вели дека граѓаните со право реагираат бидејќи во водата за пиење утврдено било присуството на бактеријата Ешерихија коли и други колиформни бактерии. „Актуелната алармантна ситуација е преминување на сите граници и претставува еден вид биолошка војна со сопствените граѓани, господине Села! Граѓаните точно знаат дека снабдувањето со вода е исклучиво...

Продолжи со читање

Рашити: Струга се брише од инвестициската мапа

Post Views: 184 На Струга и се случува институционално деградирање и пренесување на институционалните ингеренции од Струга во Охрид. На ова денес реагираа од Движењето на реформи на ДПА од Струга. Како што нагласи претседателот на оваа политичка опција Сурија Рашити оваа појава ги вознемирува граѓаните на Струга и посочи каде тоа најмногу доаѓа до израз.„Последно време сме сведоци на вработувања без никаков критериум и без конкурс на активисти на ВМРО – ДПМНЕ во МВР Струга. Нашите информации зборуваат за 5 такви вработувања. Со одлука на дирекцијата на Пазарна инспекција се разрешува...

Продолжи со читање

Становите во Струга поскапеа, ама повеќе се продаваат

Post Views: 207 Во Струга зголемена е продажбата на станови. Паралелно со тоа зголемена била и потребата за изградба на нови станбени комплекси, обелоденува струшкиот бизнисмен сопственик на Градежната компанија „Трим и Лум“, Менди Ќура. Тој  појаснува дека во последно време албанците од дијаспората но и останатите граѓани од Струга повеќе се одлучувале да купат стан, отколку да изградат индивидуална куќа, каков што бил досега трендот. „Истовремено можеме да кажеме дека оваа година имаме зголемени цени во споредба со другите градови во Македонија, како што е тоа Охрид и Скопје,...

Продолжи со читање

Стружанецот Агрон Џила се спрема за светски првак

Post Views: 209 Агрон Џила од Струга, младиот македонски боксер се подготвува за мечот, титулар светски првак во IBF верзија. За противник ќе го има актуелниот светски првак Јоан Пабло Хернандес Суарез. Бокс мечот е закажан за 26 декември годинава во Касино „Курсал“ Берн, Швајцарија. Тој за ТВМ кажа како течат подготовките. „Јас не играм само бокс, работам 8 часови дневно. Секое утро станувам во 5 часот, па потоа одам на работа и навечер тренирам 2-3 часа со мојот тренер кој е во Швајцарија во Бокс Клубот“– вели Џила.Професионалната кариера на Џила се состои од 24 меча, во...

Продолжи со читање

Движењето за реформи ДПА, чека регистрација

Post Views: 193 Новата политичка опција, „Движењето за реформи ДПА“, очекува регистрација на партијата. Во  спротивно, ќе функционира во илегала, изјави еден од основачите на оваа партија Зијадин Села. Тој нагласи дека веќе два месеци се соочуваат со низа судски забелешки, според него несфатливи.„Законот бара 1000 потписи за регистрирање на нова политичка партија, ние дадовме таму 2000. судот во тетово, судијката ни вели, нам не ни треба 2000 ние сакаме само 1000. Едвај успеавме 1060 да им дадеме бидејќи ако се 1000 ќе најдат пак некоја грешка и ќе ни речат не можи, зато ни ги примија,...

Продолжи со читање