Автор: Николоска Биљана
Post Views: 13 Состојбата со каменоломите во струшко Лабуништа повторно се актуелизира. Ископот на минерални суровини од трите активни каменоломи претставува опасност по здравјето за населението од ова село, чии што мештани во неколку наврати укажаа на тоа. Пред два дена во Советот на општина Струга беше формирана комисија од инспектори по животна средина и советници кои треба да ја утврдат фактичката состојба на терен, која треба да види колку каменоломи функционираат во струшиот регион, колку од нив се со дозвола за работа и дали некои работат на диво. „Се надевам дека...
Струга има социјална карта
Post Views: 10 Струга има своја социјална карта. Станува збор за локална стратегија за социјална заштита која треба да обезбеди задоволување на потребите на сите категории на граѓани и еднаквост во однос на добивање на услуги од системот на социјална заштита. Како што нагласи Ѓоко Милески од Центарот на заедницата на општина Струга, главна цел на социјалната карта на општина Струга е идентификување на актуелната демографска структура на граѓаните и мапирање на социо – економските предизвици со кои тие се соочуваат. „Имаме вакум на простор за потреба на податоци од областа...
За рекордно време ќе се гради дрвениот мост во Струга
Post Views: 12 Познатиот струшки приватен инвеститор Менди Ќура, сопственикот на градежната компанија „Трим и Љум“ ќе донира 150 000 евра за изградба на дрвениот мост во Струга. Станува збор за мостот во централното градско подрачје кој пред пет години беше демонтиран поради безбедносни причини. Овој гест е за пофалба, но и доказ дека во градот на мостовите ќе се гради и инвестира и нема да се дозволи Струга да биде да биде заложник на актуелната политика, бидејќи имаме одговорност пред граѓаните, истакна градоначалникот Зијадин Села на денешната прес конференција. „ За...
Хотел „Мираж“ награден за квалитетна туристичка понуда
Post Views: 14 Хотелот „Мираж“, Струга најуспешен хотел во делот на квалитетна туристичка понуда. Ваквото признание го доби по повод светскиот ден на туризмот за 2016, и се се најде на листата наградени, со уште хотели во државава. Како што истакна менаџерот на хотелот Љуљзим Бакал, тоа се должи на добрата организациона поставеност во хотелот, со квалитетен и стручен кадар за секој сегмент од хотелското работење. Бакал додава дека за тоа допринело и тоа што овој хотелско угостителски капацитет има комплетна понуда, 53 соби, свој ресторан, плажа, тераса со поглед на езеро,...
Граѓански форум во Струга
Post Views: 6 Граѓаните имаат право да предлагаат свои проекти, свои приоритети, за прашања кои директно ги засегаат. Тоа им е овозможено по усвојувањето на четирите стратегии од областа на образованието, соработката со граѓанскиот сектор, социјалната заштита и планот за млади и изработката на четирите акциски планови. Како што појасни проект координаторот Наташа Ангелеска, која доаѓа од Фондацијата отворено општество, имајќи го во предвид фактот дека финансиската состојба на општина Струга е лоша, проектите кои таа треба да ги финансира, Фондацијата им помага со...
Струшкиот кеј на реката Црн Дрим во очајна состојба
Post Views: 13 Едната страна од струшкиот кеј на реката Црн Дрим, во очајна состојба. Испокршени плочки стрчат насекаде. Покрај што ја нагрдуваат сликата за туристичка Струга истите претставуваат и опасност за минувачите, посебно за оние од понежниот пол. Овие мермерни плочки повеќе од една деценија се поставени на кејот, но по се изгледа се покажа дека не им е местото тука, бидејќи во зима од мразот се лизгави, а исто така и во лето, посебно кога капачите водени излегуваат од реката. Стружани се револтирани, велат дека никој од надлежните досега години наназад не преземаат...
Г.Г.Стефан: Нека има повеќе рожби
Post Views: 7 Вратите на манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта беа претесни за да ги соберат многубројните верници, кои го посетија овој храм на празникот Мала Богородица. За верниците овој ден е еден од најзначајните и најголеми празници. Тие полни со верба, се поклонија пред иконата на оваа светица, запалија свеќа, добија парче нафора, понесоа крстена вода за здравје. „Многу важен празник за христијанството. Ние освен мајка Богородица дуга мајка немаме. Јас сум христијанин и верувам, во Бога во цркват, доаѓам од Долно Коњско.Ова е најголемото богатство...
При крај е регионалниот план за управување со отпад
Post Views: 14 За нецела година во нашиот регион треба да се воведе систем за интегрирано управување со отпад. Како што за ТВМ открива Мирјана Лозаноска од Југозападниот плански регион, прикрај била подготовката на потребна техничка планска документација за воведување на овој современ систем кој би требало да се практицира согласно Европските нормативи. Документите треба да се готови до 2017 година, па после тоа треба да се бараат средства за имплементација на овој значаен проект, додава таа. Лозаноска информира дека проектот покрај Југозападниот плански регион ги вклучува и...