Автор: Николоска Биљана
Post Views: 8 Викендов, поточно сабота на домашен терен со почеток во 19 часот и 30 ракометарите од Охрид ќе го играат последниот меч во СРЦ „Билјанини Извори“ во регуларниот дел од Супер лигата, против „Тинекс Пролет“. Охридските ракометари очекуваат победа која ќе ги доближи на меч од првата позиција во елитната ракометна лига. „Мислам дека сме фаворизирана екипа по табела и сметам дека тоа на терен и ќе го докажеме во сабота. За тоа се подготвувавме цела недела, ќе бидеме можеби во еден тренинг меч за плејофот кој ни следува“ – вели Адамовиќ. Ракометарот Дарко Јанев...
Се асфалтираат нови, но и се довршуваат некои од веќе започнатите градски улици во Охрид
Post Views: 3 Се асфалтираат нови, но и се довршуваат некои од веќе започнатите градски улици во Охрид. Од Секторот за комунални дејности велат дека пролетниов период низа активности биле насочени кон градежни зафати за уредување на повеќе пристапни улици во општината. Портпаролот на Секторот Љупчо Танески, пренесува дека програмата за асфалтирање на улиците била обемна, но со работа труд и трпение се постигнува многу. Тој како пример ја посочи ул „Сирма Војвода“ која од корен ја изградиле, асфалтирале и уредиле. „Во изминатата година асфалтиравме околу 1500 кавадратни метри...
Основците од „Христо Узунов“ се подготвуваат за патрониот празник
Post Views: 12 Четириест генерации досега поминале во ОУ „Христо Узунов“. Далечната 1977 отпочна со работа оваа образовна установа и оттогаш па се до ден денес од тука излегле многу етаблирани личности од градов, кои рботат во системот на нашата земја. Директорот Тони Симоноски вели дека тоа за нив претставува поттик и понатаму да продолжат со таквото темпо. Второто полугодие е во знакот на подготовка за патронот на ова училиште кое годинава одбележува значаен јубилеј 40 години од своето постоење. „Веќе сме отпочнати со преуредување на дворот, веќе се поставени оградите кои ги...
Стојаноски: Во Охрид не се мијат улиците а се издвојуваат високи средства од буџетот за таа намена
Post Views: 4 Во општина Охрид не се мијат улиците а се издвојуваат високи средства од буџетот за таа намена. Оваа забелешка доаѓа од советничката група на охридските социјалдемократи, базирајќи се на последниот извештај за реализација на програмата за заштита на животната средина како и извештајот за реализација на програмата за јавна чистота. Координаторот Јован Стојаноски побара докази дека ЈП Охридски Комуналец ги извршува услугите меѓу кои и миење на улиците за што наплатува средства од општината. „На кој начин вие ќе објасните дека сте потрошиле околу 10 милиони денари...
Промовирана книгата „Мојот живот после изгубен живот“
Post Views: 5 Тажната и трогателна животна судбина на прерано згаснатиот млад живот на Димитар Матилоски, испишан на страниците на дневникот на Драгица Матилоска „Мојот живот после изгубен живот“. Кобниот почеток на Новата 2016 година остава неизбришливи траги кај писателот на ова дело кога нешто после полноќ на свиреп начин беше убиенo нејзиното најмило чедо, од страна на српски турист од Краљево. Посакувам ниту една мајка да не ја почуствува мојата болка и да не е завиена во црно заради тагата по изгубеното дете, вели Матиловска. „Во оваа моја книга „Мојот живот после...
Извештаите добри за советниците од ВМРО – ДПМЕ, лоши за СДСМ
Post Views: 8 Извештаите за реализација на програмите за 2016 на одделенијата и секторите при Локалната самоуправа, јавните претпријатија и образовните установи беа дел од точките на дневен ред на кои се расправаваше на 69 тата седница на Советот. Сите 54 точки поминаа со мнозинството на гласови од советниците на ВМРО ДПМНЕ и нивните коалициони партнери, додека пак советниците од опозицијата поголем број од точките не поддржаа. Јован Стојаноски координаторот на СДСМ истакна дека 4 години укажувале на лошите извештаи кои биле доставувани до нив. Тој посебно се осврна на...
Зегин подари телевизор на Црвен Крст
Post Views: 2 Големата Фармацевстка компанија Зегин подари плазма телевизор на охридскиот Црвен Крст. Телевизорот веднаш си го најде своето место. Тој ќе служи за децата со посебни потреби коишто секој петок ја посетуваат музико терапијата во просториите на Црвениот Крст. Секретарот на Црвениот Крст Мимоза Ставрева изрази голема благодарност кон компанијата Зегин, истакнувајќи дека телевизорот е уште една успешна приказна на соработката на Црвениот Крст со корпоративниот сектор. „Јас само ќе кажам кратко дека децата тука се чуствуваат одлично имаат пријатна атмосфера, со нив...
Сезоната ќе ја дочекаме со уредени тротоари
Post Views: 8 Отпочна партерното уредување на тротоарските површини на влезот на градот. Станува збор за реализација на програмата за 2017 год на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, односно уредување на тротоарите на булеварот „Туристичка“. Зафатите за овој потег предвидено било да се изведуваат во неколку фази. „Во првата фаза планирано е асфалтирање на тротоарските површини и нивно физичко одделување од велосипедските патеки од влезот на општина Охрид односно од улицата Распаќе до пресекот на бул Туристичка со ул .„Стив Наумов“ Градежните активности ќе ги...