Автор: Николоска Биљана
Post Views: 110 Локалната самоуправа, Јавните претпријатија подготвени се да ги одржуваат патиштата во Охрид во текот на зимската сезона. Оваа изјава доаѓа од заменик градоначалникот Ангел Јанев, на денешниот координативен состанок кој секоја година во организација на СВР Охрид се одржува пред почетокот на зимата. Јанев категоричен, дека со механизацијата за зимски услови со која располагаат ЈП, можат да се справат во охридскиот регион, но не и на други регионални фронтови, односно патишта. „Се она што е потребно за и околу одржувањето на магистралните патишта посебно во делот од...
Поддршка од Центарот за социјална работа за семејството Демо Илбер
Post Views: 130 Центарот за Социјална работа Охрид, ќе му помага на семејството Демо Илбер. Како што веќе информиравме 10 членото семејство на Илбер неодамна добија решение за иселување, од бараката на ул „Кленоец“ во која живееа 15 години. Социјалниот работник Наташа Климоска за ТВМ изјави дека комплетно се запознати со состојбата на семејството Илбер, кои во Центарот веќе биле евидентирани како семејство под социјален ризик и било вклучено во системот на социјална заштита. Таа истакна дека нивните служби веќе се ангажирале да ја обезбедат потребната документација, со цел на ова...
Општа болница Охрид лидер во здравството
Post Views: 141 Општа болница Охрид лидер во здравството. Тоа го покажале резултатите од дискретното истражување кое го спровело Министерството за здравсто, информираше првиот човек на болницата д-р Љубен Арнаудов. Поголем број од пациентите кажале дека се задоволни од медицинската нега, хигиената, болничките услуги и персоналот. Според Арнаудов вложувањата и несебичниот ангажман кој го правеле изминатите години, посебно со доградбата на новиот хируршки блок, како и со набавката на најсовремените софицистирани апарати во вредност од 2 милиони евра ги покажале првите резултати на...
Охрид доби два современи центри за лицата со посебни потреби
Post Views: 135 Денес, Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, го означија стартот на градежните активности за реновирање на објектот во кој ќе бидат сместени двата Дневни центри, за лицата со пречки во развојот и за деца со аутизам. Имено во рамки на ОУ „Братство единство“ ресорното министерство и општина Охрид со заеднички сили ќе опремуваат простории со вкупна површина од 210 м квадратни, специјално наменети за лицата со посебни потреби. Градоначалникот Бакрачески истакна дека со тоа создаваат услови за непречено функционирање...
Градоначалникот на Гевгелија бара отворање на нов граничен премин од Грција
Post Views: 146 Отварање на нов граничен премин, бара Иван Франгов, градоначалникот на Гевгелија. За надминување на бегалската криза општина Гевгелија очекува помош од ЗЕЛС. Како што нагласи Франгов, дневната фрекфенција на мигранти кои поминуваат низ градот е од 2500 до 6000 луѓе. Додава дека мигранската криза длабоко ја чуствуваат жителите на Гевгелија и во општината се соочуваат со двојно повеќе работа, како во делот на подигање смет, а со оглед дека зимата тропа на врата треба да обезбедат повеќе електрична енергија за греење. „Пунктот што успеавме да го направиме заедно со...
Нашата земја добива позитивни извештаи од ЕУ за процесот на децентрализација – Трајановски
Post Views: 116 Електронското одобрение за градба, едно од главните достигнувања на ЗЕЛС. Нашата земја во Дуинг бизнисот е на 12 тото место во светот додека пак во Европа на 10 место, обелоденува претседателот и градоначалник на Скопје, Коце Трајановски. Процесот на децентрализација е процес кој трае и треба да се избориме за појака децентрализација за повеќе финансиски средства, за повеќе надлежности и усогласување на законски прописи, нагласува Трајановски.„Ние имаме релативно млада децентрализација од 2005 наваму, оваа година одбележуваме 10 години од процесот на децентрализација....
Булеварот „Туристичка“ во лоша состојба
Post Views: 128 Дупки, крпен коловоз и нервозни возачи е секојдневната слика за булеварот „Туристичка“, во Охрид. И покрај тоа што оваа улица претставува една од најпрометните сообраќајници во општина Охрид, таа и понатаму останува горлив проблем како за возачите така и за пешаците поради лошата состоба во која се наоѓаат тротоарите долж булеварот. Од локалната самоуправа за телевизија ТВМ признаваат дека овој булевар не е комплетно саниран, но најавуваат дека наскоро ќе започнат со реконструктивен зафат.„Во тек е тендер за асфалтирање на пристапни патишта и улици на територија...
Ќе се менува азбестниот кров на детската градинка „Сонце“
Post Views: 167 Ќе се менува азбестниот кров на Детската градинка „Сонце“ во Струга. Оваа детска установа години наназад има голема потреба од менување на кровот бидејќи истиот прокапува и е азбестени. Сите знаеме дека азбестот е штетен по здравјето на луѓето, а докторите постојано укажуваат дека азбестот има канцерогено својство и воопшто не е здрав за децата. Врз основа на четирите општински стратегии усвоени Советот на општина Струга и тоа од од сферата на образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански организации, стружани извршија приоретизација на проектот...
Охридско семејство со 8 малолетни деца ќе остане на улица
Post Views: 180 Решение за иселување од бараките на улица Железничка доби десетчлено семесјтво од Охрид. Демо Илбер заедно со неговата сопруга и 8 те малолетни деца за 8 дена треба да ја напуштат бараката, во која живееле 15 години. Маката ме натера јавно да излезам и да проговорам за мојата тажна животна приказна, сметајќи дека тоа ќе допре до надлежните, раскажува Илбер. „Каде да одам во ова зимно време за 8 дена незнам што да правам. Седам со децава и си мислам, земам социјално 6,700 ден, овој месец почнав да земам, само тоа ми е друго ништо не земам, немам други приходи, ги...
Лажни банкноти од 500 денари циркулираат во Охрид
Post Views: 192 Фалсификувани пари кружат низ Македонија. Охрид не е исклучок од ваквата појава. Најмногу во промет кружи лажни банкноти од 500 денари, но и 100 американски долари и 50 евра. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, истакна дека изминатиов период од 9 месеци на подрачјето кое го покрива секторот, евидентирани биле кривични дела, фалсификување на пари. До овој момент пријавени биле вкупно 7 вакви кривични дела, а откриени биле сторителите во 5 случаи и против нив биле поднесени соодветни кривични пријави. „Сторителите на овие казнени дела најчесто за размена...
Охрид крие непроценливо културно богатство
Post Views: 221 Охрид претставува неоткриена ризница на културно богатство. Тоа го потврдуваат добрите познавачи на историјата во Охрид, кои откриваат значајни податоци, интересни и вредни да се слушнат. Како што објаснува Данче Матова, историчар на уметност, под секоја куќа од стариот дел на Охрид, познатиот Варош, има остатоци од античкиот и ранохристијанскиот период, мозаици, споменици и други важни археолошки елементи. Последно кај Манчевци откриена била базилика од 4 век.„Луѓето од стариот дел на градот стравуваат кога ќе градт нови куќи затоа што под нивните темели секогаш...
Ќе се уредува пристаништето пред Палас
Post Views: 153 Советот на општина Охрид даде зелено светло за уредување на малото пристаниште пред хотелот Палас. На денешната 45 – та седница со 12 гласа за и 9 против се изгласа предлог одлуката за започнување постапка за доделување на договор за Јавно приватно партнерство за изградба и управување на мало пристаниште преку изградба на марина. Насловот на предлог одлуката претрпе измена на самиот почеток на седницата, поради, како што нагласи претседателот на Совет Гордана Коњаноска, усоглсување со насловот на физибилити студијата. Советниците од опозицијата не само што не ја...