Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Охрид го одбележа Денот на ретки болести

Post Views: 11 Пациентите со ретки болести се сеуште невидливи пред законите на Р.М. алармираат нивните здруженија. Во Македонија е неопходно усвојување на национална стратегија за ретки болести и изработка на специфичен Закон за ретки болести, со цел унапредување на квалитетот на живот на пациентите и семејствата засегнати од ретка болест. Во моментот, единствен правен акт со кој се регулирани дел од аспектите што ги засегаат пациентите со ретки болести е Програмата за ретки болести. Охриѓани денес  одбележувајќи го светскиот Ден на ретки болести покажаа дека настаните кои...

Продолжи со читање

отец Владо: Да се постат целите Велигденски пости

Post Views: 13 Секој православен христијанин има потреба од пост, исповед и причесна. Денеска почнуваат Великите пости, познати во народот како Велигденски пости. По вчерашниот празник Прочка кога помладите бараат прошка од постарите, а сите бараат од Бог да им ги прости гревовите, денес се пристапува кон строгиот пост. Отец Владо Недески, од Дебарско – кичевската епархија нагласува дека за време на постите црквата не само што дава насоки како да се пости туку и ги укрепува верниците со Богослуженија кои се одржуваат и во утринските и во вечерните часови во црквата Св...

Продолжи со читање

Одбележана 109 годишнината од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков

Post Views: 8 Марко Бошњаков, заслужува да биде подигнат на поголем пиедестал. Денес кога одбележуваме 109 години од погибијата на охридскиот гемиџија, потсетувајќи се на неговат жртва, патриотизам, желба да покаже се она што треба во еден таков историски момент за својата држава, во најмала рака треба да му се посвети име на улица или спомен обележје, истакна Дејан Паноски од Комисијата за одбележување празници. „Ние немаме милиони личности кои што треба да ги чуваме и да го чуваме споменот на нив и треба да искористиме секој еден момент да покажеме за нашата историја и...

Продолжи со читање

Охриѓанки за 8 ми Март ќе уживаат надвор од нашата земја

Post Views: 9   Охриѓанки за 8 ми март ќе уживаат во странство, претежно во земјите од регионот. Годинава денот на жената ќе се слави во среда. Традицијата на празнување се менува. Од година во година расте бројот на охриѓанки кои за празниците уживаат да патуваат на интересни туристички дестинации, вели Jаким Маленко од ТА „Вис Пој“ „Најмногу се одлучуваат за блиските дестинации, со оглед на тоа дека годинава нема многу слободни денови, нема многу простор да се отсуствува, се одбираат поблиски дестинации со помал број ноќевања. Од нашата агенција има голем број на понуди,...

Продолжи со читање

Фатен осомничениот за убиството во Охрид

Post Views: 10   Во Куманово е уапсен осомничениот за убиството на 67 годишната Спаса Бојоска, настан кој понеделникот го потресе Охрид. Осомничениот, кој потекнува од Куманово, живеел во иста станбена зграда со жртвата на ул „Галичица“ и се познавал со неа. По извршеното разбојништво, тој заминал за Куманово со намера да излезе од границите на државата се вели во соопштението од јавноста на Основното јавно обвинителство. Лицето е лишено од слобода и по наредба на надлежен јавен обвинител во тек е преземањето на дејствија за натамошно расветлување на кривично правниот...

Продолжи со читање

Промоција на руско македонската поштенска марка во Охрид

Post Views: 13   Од Охрид, лулката на христијанството, од градот на словенската писменост и култура, денес беше промовирана поштенската марка посветена на знаменитостите на Охрид и Санкт Петербург. Денес во куќата на Уранија беше промовирано изданието на Руската пошта од заедничкиот проект за издавање на руско македонска марка, додека пак пред две недели во Скопје беше промовирано македонското издание. Пријателската соработка со Руската федерација посебно на полето на проширување на туристичката понуда на градот, продолжува, истакна првиот човекна градот Никола Бакрачески ...

Продолжи со читање

Наумоски: Ништо од реализацијата на капитални проекти за Охрид

Post Views: 12   Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ по трет пат ги ветува истите проекти за Охрид, што ги ветуваше и на минатите локални избори. Пред 4 години ВМРО-ДПМНЕ вети преродба и забрзан развој на Охрид, но не реализира ниту еден од ветените приоритетни проекти, обвинуваат од ОО на СДСМ Охрид. „Нема нова современа автобуска станица, нема затворен базен за пливање, нема модерно градско пристаниште, нема покриен современ зелен пазар, нема Дом за стари лица, нема индустриска развојна зона, нема ниту една катна гаража, ниту еден нов водоводен систем, ниту една нова...

Продолжи со читање

Вообичаена дилема: Каде после 4 та година?

Post Views: 5   Во овој период едно од најактуелните прашања на учениците од 4 та година каде да го продолжат своето образование. Една од целите на психолошкиот центар Солушн претставува одржување на обуки и семинари, посебно за адолесцентите, односно децата од средношколска возраст, вели Ранко Раткушиноски од првиот психолошки центар Солушн во Охрид. „Многу често се случува таа популација да се соочи со проблем каде понатака да се запише. Или се во 4 та година и не се во состојба да размислат и не можат да видат каде ќе одат понатаму, се ограничени во своите можности. Ние...

Продолжи со читање