Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Бако го прослави вториот роденден во Охрид

Post Views: 177 Опремена по сите светски стандарди, со најквалитетни продукти од здравата исхрана компанијата Бако денес свечено го прослави својот втор роденден во Охрид. Компанијата е основана во 2000 година и од тогаш па се до денес посветено работи на квалитет. Како што изјави првиот човек на компанијата Омер Фејзулоски и понатаму ја задржуваат нивната цел, преку нивната потрошувачко ориентална стратегија да дадат конкурентна понуда и уникатни производи. Ја остваруваме нашата визија и мисија да бидеме синоним,квалитет и вкус што не се заборава додаде Фејзулоски.„Ние знаеме каде...

Продолжи со читање

Антовски: Во Македонија нема социјален дијалог туку социјален монолог

Post Views: 144 Долги години во Македонија од осамостојувањето до сега нема социјален дијалог туку социјален монолог. Жалосно е што партнерите кои што треба да го спроведуваат социјалниот дијалог не го прават тоа туку сосема други, истакна претседателот на УНАСМ Слободан Антовски. Тој нагласи дека неможноста да се спроведе социјален дијалог негативно се отсликува на сите нивоа, бидејќи на маса седнуваат структури на кои не им е грижа за работничката класа, па тоа е причината што младите бегаат од земјава бидејќи минималната плата која ги очекува не им нуди ништо освен гол живот....

Продолжи со читање

Охрид домаќин на 12то Светско првенство во брза телеграфија

Post Views: 145 Светско првенство во брза телеграфија во Охрид. По 12 пат 170 претставници на национални тимови од 22 држави од целиот свет  се натпреваруваат во Охрид по брза телеграфија. Радиотелеграфијата е хоби кое што во минатото беше употребувано професионално од страна на војската, полицијата, морнарицата поштите, но денес со напредок на современата техника ја употребуваат само радиоаматерите за лично задоволство и како дел од еден натпревар, појаснува Оливер Табаковски – претставник на меѓународната радиоаматерска унија.„Натпреварот се состои од четири дела, дисциплини,...

Продолжи со читање

Пуштена во употреба реконструираната ул „Питу Гули“ во Охрид

Post Views: 176 Денес градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески свечено ја пушти во употреба комплетно реконструираната улица „Питу Гули“. Оваа улица доби нова коловозна конструкција и изградба на тротоари по цела должина. Како што кажа првиот човек на градот Никола Бакрачески, Локалната самоуправа дополниетлно се ангажирала за поставување на коловозната конструкција на сливници за одвод и изградба на нова комунална инфраструктура за соседните улици со што во иднина би се одбегнале прекопи на коловозот. „Ево денес само после два дена завршуваме уште еден проект за Охрид и тоа...

Продолжи со читање

Отпочна изградбата на два нови кружни текови на бул „Туристичка“ во Охрид

Post Views: 172 Означен стартот на два значајни инфраструктурни проекти во Охрид. Едниот вкрстосување на бул „Туристичка“ со ул „Македонски Просветители“, другиот на крстосницата на „Туристичка“ со ул „Стив Наумов“. Со изградбата на овие кружни текови во многу ќе се подобри сообраќајната слика на овие два потези, но ќе се подобри и безбедноста во сообраќајот, истакна градоначалникот Никола Бакрачески.„Тука сме на местото на започнување на еден значаен проект за сообраќајот на Охрид, започнување со работите за реализација на проектот за два кружни текови на раскрсницата помеѓу ул....

Продолжи со читање

Охриѓани малку се запознати за ризикот од мозочен удар

Post Views: 164 Во Македонија бројот на мозочни удари е околу 6 000 новонастанати во текот на една година од кои 1 600 завршуваат со фатален исход. Симптомите на мозочниот удар мора секој да ги знае, бидејќи само со навремена реакција може да се спаси живот или да се намали инвалидноста. Д-р Маја Божиноска Смитческа, нагласи дека охриѓани малку се запознати со ризик факторите и мерките за превенција и заштита од мозочен удар. „Нажалост првичните покзатели се дека многу малку се знае за можочниот удар. Најмногу знаат луѓето кои имале некој во фамилијата или кои го прележале, меѓутоа...

Продолжи со читање

Спасов ги посети пензионерите кои се на бесплатен викенд во Охрид

Post Views: 166 Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски,  денеска ги посетија пензионерите кои се наоѓаат на бесплатен туристички викенд во рамки на истоимениот владин проект во Охрид, во извидничкиот камп.„За оваа година овозможивме 3000 пензионери да можат да ја користат оваа бесплатна услуга, овој проект е дел од програмата на Владата на Р. Македонија. За негова реализација издвоени се околу 12 милиони денари. Би сакал во оваа прилика да ја искористам можноста и да ја информирам...

Продолжи со читање

Каљоши: Потребна е поголема промоција на проектот „За секое дете – топол дом“

Post Views: 145 Во Охрид има голем потенцијал за згрижување на деца, но сеуште мала е бројката на вдомени во охридските семејства. Како што истакна Екрем Каљоши, директорот на ЦСР од Охрид, постои желба кај семејствата, но проблемот лежи во изнаоѓање начини од страна на службите во Центарот за мотивација и будење на желбата за згрижување.„Наши штитеници ние имаме 9 деца кои се згрижени, од тој аспект во тек е акцијата, веќе имавме една промоција на една локлана телевизија, во нареден период ќе имаме и собири со граѓани со МЗ во Локална самоуправа со категорија на лица кои бараат...

Продолжи со читање

Македонија, Србија, Австрија и Унгарија со заеднички мерки против мигрантите

Post Views: 136 Денес во Охрид министрите за внатрешни работи на Македонија, Србија, Австрија и Унгарија потпишаа меморандум за справување со бегалската криза. Проблемот со напливот на бегалци од воените зони на Блискиот Исток во Македонија, Србија, Унгарија и Австрија е проблем на Европа, а не само на државите низ кои мигрантите транзитираат на нивниот пат кон Западна Европа. Ова беше генералниот заклучок кој што произлезе од денешната средба на министрите за внатрешни работи. Како што истакна министерот на за внатрешни работи на Р. Македонија, Митко Чавков, решението на проблемот...

Продолжи со читање

Врските на Охрид со збратимените градови

Post Views: 182 Паркот на пријателството на потегот од Бела Виста до Парк или ќе биде вклопен , уреден и соодветно обележан при изградбата на третиот дел од новата модерна пешачка патека или ќе престане да постои. Паркот кој треба да симболизира трајно пријателство и соработка на Охрид со збратимените градови беше засаден на 8 декември 2012 година на патрониот празник на Охрид. Покрај секое дрвце стоеше обележје со натпис на повеќе збратимени градови. Паркот не заживеа, не се доуреди хортикултурно а во неколку наврати беше мета и на вандали. Но дали врските на Охрид со збратимените...

Продолжи со читање

Годинава рекордно високи цени за ајвар и зимница

Post Views: 305 Крајот на август и септември, се месеци предвидени за подготовка на зимница. Почнувајќи од низалки со пиперки, туршија, ајвар, лутеница, малџано, пинџур и останато, македонците, традиционално во овој период од годината, се подготвуваат за зимскиот период. Некои не прават зимница, други пак ја прават во помали или поголеми количини, во зависност од длабичината на џебот. Како и да е, дел од граѓаните кои ги анкетиравме забележуваат дека земјоделските производи годинава се поскапи од лани.„Нема да правам зимница, годинава не е скапо, ама јас не можам за двајца луѓе....

Продолжи со читање

Донација мебел за опожарениот стан на Јанкулоски

Post Views: 151 Пристигна мебел во станот на семејството Јанкулоски, кое пред 20 сетина дена загуби се што имаше во пожар. Штетата од пожарот беше голема, и на семејството  ќе треба да му помогнат институциите, бизнис заедницата и граѓаните, истакна Екрем Каљоши директорот на ЦСР од Охрид. Додаде дека со нивно посредство во рамки на проектот „Топол дом“ успеале да ја завршат денешната активност и малку да им ги подобрат елементарните услови за живот.„Согледувајќи ја потребата на ова семејство за одредени потреби за домаќинство, хумани граѓани се пријавија да донираат мебел. И денеска...

Продолжи со читање