Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Животните трошоци растат

Post Views: 7   Растот на животните трошоци е одраз на порастот на цените на мало. Во февруари годинава, споредено со истиот месец лани пораснеле трошоците за живот за 1,8 отсто, според податоците на Државниот Завод за статистика. Граѓаните се соочуваат со зголемување на трошоците во повеќе сфери на општественото живеење а најголема забелешка имаа за порастот на цените кај исхраната. Дел од жителите на Охрид и по неколку години не знаат дали денес имаат повисоки трошоци од порано. Запрашани дали денес се одвојуваат повеќе пари од домашниот буџет за расходи, креваат...

Продолжи со читање

Нови мерки за поддршка на вработувањето на млади

Post Views: 13  Практиканство и обука за дефицитарни занимања се двете најнови мерки за поддршка за вработување на млади лица до 29 години. Овие мерки се спроведуваат во Агенцијата за вработување на Р. Македонија, а се дел од Европски проект од ИПА програмата. Марија Симјаноска, од охридскиот центар за вработување појаснува дека мерката практиканство е многу популарна и добар дел од младите ја занаат и ја имаат искористено, но ги имформираат и оние кои не знаат и сеуште не ја имаат искористено да се пријават во Агенцијата за вработување. „Една од мерките е практиканство,...

Продолжи со читање

Обука за човекови права

Post Views: 9   Во тек е четиридневната обука на тема „Обука на обучувачи – Слобода на изразување од чл.10 од Европската конвенција за човекови права“. Претставниот на Советот на Европа, Борис Лазов рече дека на овој настан има 20 учесници, од кои 15 се судии и јавни обвинители а 5 мина се адвокати. „Целта на оваа обука за обучувачи е да произведе кадри кои што ќе можат понатаму да спроведуваат дополнителни обуки за членовите на нивните институции и организации значи за следните кои ќе слушаат обуки од адвокатската комора на Македонија и од Академијата за судии и јавни...

Продолжи со читање

Жура: Најубавото сликарство на зоографите се во охридските пештерските цркви

Post Views: 8   Четирите ѕидови од работната соба на Гоце Ангеличин Жура, каде уредно почиваат неговите документирани бројни откритија за Охрид, претставуваат Центар на културата во Европа и светот. Пред се тоа се дела од теренската работа на Жура во текот на неговиот работен стаж во Завод и Музеј Охрид, но и приватно талкајќи по белиот свет по интересни и секогаш нови откритија. Неговите светски откритија најмногу се отсликуваат во неговите записи за пештерските цркви, за што годинава Жура очекува да излезе од печат и најновата книга од над 100 колор фотографии за пештерските...

Продолжи со читање

Вандали дивееле во ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 8   Непознати сторители утринава дивееле во дворот на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. При доаѓање на работа, вработените од училиштето забележале оган, во кој гореле клупи, столчиња, канти за губре, изработени од дрво кои служеле учениците да можат за време на одморите, да седнат. Настрадаа и дрвените клупи кои беа изработени за училницата во природа. Директорката Силвија Мојсоска револтирана е од ваквиот чин, вели дека редовно пријавуваат во полиција, но досега од таму не добиле повратен одговор дали досега се откриени некои сторители и што е преземено против...

Продолжи со читање

Добра понуда за празникот Св Трифун

Post Views: 10   Двата празника Св. Трифун и Св. Валентин се одлична можност да ги изразите вашите чувства и љубовни изјави. Имајќи го во предвид верувањето дека со овој ден се буди природата и љубовта, празнувањето на овој ден го олеснуваат дел од охридските хотелско – угостителски капацитети, со своите понуди. Маријан Трпески менаџер за продажа во „Сити Палас“ вели дека нивниот хотел ги спуштил цените на дел од услугите кои ги нуди овој хотелски капацитет. „Имаме ресторанска понуда во која е вклучена салата јадење, десерт и вино Тиквеш. Додека во делот со спа центарот имаме...

Продолжи со читање

Гоце Ангеличин Жура се најде во последното издание на Патримониум

Post Views: 10   Светската едиција Патримониум, списание каде се сместени текстови од еминентните научници од цел свет, последното издание го посвети на нашиот историчар на уметноста и археолог Гоце Ангеличин Жура. Животниот опус на Жура крие безброј тајни за светиот град Охрид, дел од нив свое место најдоа во неговите досега издадени 16 дела. Најголемите умови од Цариград и светот биле на охридскиот престол, Охрид е уникатниот град во кој никој ништо не рушил ниту турците, пренесува Жура. Тој вели дека добро е што постојат луѓе во светот, кои следат, кој, што работи и пишува...

Продолжи со читање

Во Охрид се отвори првиот приватен психолошки центар

Post Views: 16   Советодавни и консултански услуги од применета психологија, во Охрид. Неодамна отпочна со работа првиот приватен психолошки центар Солушн. Психолошко советување, психотерапија, психодијагностика, едукативна програма за интелектуален и креативен развој на деца, како и оддел за едукација, семинари, обуки и работилници, се само дел од акривностите со кои се занимава овој центар. Целта е да се помогне во подобрување на менталното здравје кај човекот, вели дипломираниот психолог Ратко Раткушиноски. „Потребата за подобрување на менталното здравје лежи кај секој...

Продолжи со читање