Автор: Николоска Биљана
Post Views: 223 И во Охрид започна имунизацијата со поливалентните вакцини. Станува збор за петтовалентни и шестовалентни вакциини кои штитат од пет, односно шест заразни заболувања, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, жолтица од тип Б, и хемофилус инфлуенца кој предизвикува мененгитис. Д-р Зора Димитриевска, од одделението за имунизација вели дека поливалентните вакцини се наменети за сите бебињата со полни 2 месеци па се до 18. Таа појаснува дека внесувањето на овие вакцини од страна на ресорното министерство во редовниот календар на имунизацијаизација, има...
„Корендон“ пофали шест хотели на Охридското крајбрежје
Post Views: 170 Туроператорот „Корендон“ додели шест високи признанија на шест хотели на охридската ревиера, за нивната работа и постигнати резултати во 2014 година. Тие признанија се со цел да се зголеми инвентивноста и професионалноста во хотелската дејност. Тоа е традиционална практика на „Корендон“, туроператорот, кој последните неколку години, во континуитет носи холандски и белгиски туристи во Охрид и Струга. На листата најдобри се најдоа три охридски и 3 струшки хотели. За најдобра услуга признание е доделено на хотелот „Силекс“ , од Охрид. Хотелот „Макпетрол“, од Струга...
Поставен камен темелник на резервоар за вода во Требеништа
Post Views: 162 Поставен камен темелник на резервоар за вода во Требеништа, охридско. Со тоа се решава деценискиот проблем на месното население од ова село околу недостатокот на вода. Како што обелодена градоначалникот на Дебрца, Игор Трајковски ова село ќе добие не само резервоар туку ќе биде заменета и старата водоводна мрежа со нова.„Жителите на село Требеништа ќе добијат квалитетна вода за пиење во наредниов период. Резервоарот е со капацитет од 150 кубици што значи дека ќе има доволно резерва на вода и по природен пат ќе се снабдува самото село со вода. Досега имавме состојба...
Станковски, ВМРО-НП: На Охрид потребен му е Дом за млади
Post Views: 162 На Охрид повеќе од потребен му е Младински културен центар, или Дом за млади. Еден таков објект каде младите би одржувале културно- забавни настани, изложби, работилници слично за жал во нашата општина нема, констатира советникот на ВМРО – НП, Јоне Станкоски. Од тука, Станковски излегува со предлог иницијатива до Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески. Еден од руинираните објекти, кои се ругла во вистинска смисла на зборот, места каде преспиваат бездомниците но и собиралишта на наркозависници, кои се проблем за околината и градот, е и поранешната...
Едриличарите од Охрид подготвени за илинденската регата
Post Views: 162 Охридското езеро утре ќе белее од едрилици. Се е подготвено за традиционалната 46та по ред илинденска едриличарска регата. Регатата ќе се вози на потегот Горица 1 – Канео, со старт во 10 часот. Станува збор за државно првенство каде силите ќе си ги одмерат екипите на Охрид, Струга и Скопје. Тие ќе се натпреваруваат во класите оптимист, ласер 4,7 и вин сурф, едрење на даска, како што појасна претседателот на ЕК „Бофор“ и тренер во „Акватика“, Славчо Мошоски. „За ова натпреварување се подготвуваме веќе три недели, во тој период имавме школа за едрење, во која што...
Високите температури ја затоплија езерската вода
Post Views: 156 Високите температури ја затоплија езерската вода. Топлата вода добредојдена е за капачите, кои се релаксираат на охридските плажи. Дисплејот, односно мини хидролошката станица на која се отчитуваат податоци за нивото на езерото, температурата на водата во езерото и температурата на воздухот, деновиве бележи висока темепература на езерската вода. Дали тоа ќе има одредено влијание врз растителниот и животинскиот свет во езерото, ТВМ го слушна мислењето на експертите од Хидробиолошки завод Охрид.„Охридското езеро и останатите природни езера се длабоки водени еко системи...
Во нови простории продолжува успешната приказна на Охридска Банка
Post Views: 176 Празнична вечер на Охридска Банка. Еден од симболите на современиот Охрид е зградата на централата на Охридска Банка. Денес, таа е реновирана, обновена, енергетски ефикасна и доследна на својата цел. Ова беше истакнато на вчерашното свечено отварање и сечење на цервената лента во новите простории.„Со тоа што инвестираме во Охрид одаваме посебно внимание и ја потврдуваме нашата посветеност во место каде што се корените на Охридска Банка. Ова претставува значајна инвестиција со која се зајакнува позицијата на банката на локалниот пазар и во регионот. Со речиси 20...
Пронајдена жива и здрава исчезнатата жена во Охридското Езеро
Post Views: 178 Полициските екипи кај хотел „Парк“, жива и здрава ја пронајдоа жената, која од најблиските беше пријавена дека синоќа околу 1 часот по полноќ исчезнала и најверојатно се удавила во водите на Охридското Езеро.. Потрагата по жената, започнала утрово околу еден часот по полноќ и во неа беа вклучени тимови од општинскиот Црвен крст и Езерската полиција. Поради лошите услови потрагата беше прекината околу 3.30 за повторно да продолжи во 5.30 часот утрово, при што биле пребарани над 20.000 метри квадратни површина во езерските води од трската до старото пристаниште....
Историскиот архив ги отвора портите за јавноста
Post Views: 166 Деновиве Историскиот Архив на РМ – одделение Охрид, се средува внатрешно и надворешно. Како што истакна првиот човек, Славица Јанкоска, која од неодамна е назначена на раководната функција на оваа установа, се зафатиле со ваквите активности во пресрет на актуелниот настан кој за прв пат го организира Историскиот архив на РМ, односно отворениот ден за јавноста кој ќе биде на 01, август годинава. Таа нагласи, сите заинтересирани граѓани на Охрид, ќе можат да се запознаат со работата во Архивот, да го разгледаат објектoт во кој е сместен Архивот и да ја видат...
При крај е уредувањето на плажата „Сараиште“
Post Views: 242 При крај е уредувањето на градската плажа „Сараиште“, во стариот дел на градот. Оваа место ќе претставува слободна плажа за охриѓани и бројните туристи кои ќе уживаат на ова прекрасно место во срцето на градот, вели секретарот на општина Охрид Димитар Спасески.„На тој потег плажата е исчистена уредена поставени се инсталации за тушеви деновиве се очекува поставување на тушеви и соблекувални така што оваа плажа ќе биде соодветно уредена онака како што треба да можат граѓаните да ја користат во текот на летниот период. Напоменувам дека оваа плажа е бесплатна и е дел...
Охрид доби одбројувачи за семафори
Post Views: 171 20 одбројувачи за семафори, доби општина Охрид. Оваа донација е од Републичкиот совет за безбедност на Македонија, во знак на добра и успешна соработка со општина Охрид, како што кажа претседателот на РС Стојче Стаменкоски. Одбројувачите ќе бидат поставени на пешачките семафори во градот и ќе имаат за цел подигнување на безбедноста на пешаците како ранлива категорија на учесници во сообраќајот, додаде Стаменкоски. „Општината ја препозна важноста и потребата од преземање на соодветни мерки за унапредување на безбедноста во сообраќајот и со денешниот настан ќе го означиме...
Aкадемик Ѓурчинов, одржа предавање за Живко Чинго
Post Views: 157 Да го сакаме животот и да го сакаме човекот. Човекот е најголема вредност, се друго е минливо, само она човечкото е вечно, кажал еден од најзначајните македонски писатели на дваесеттиот век Живко Чинго. Академик Милан Ѓурчинов денеска во Куќата на Уранија во Охрид одржа предавање за делата на охриѓанецот Живко Чинго, по повод 80-годишнината од неговото раѓање. „За Живко Чинго допрва треба да се пишува и мислам дека неговата вредност со текот на времето само ќе расте, посебно што има многу актуелни работи во неговото дело, тој претскажа многу нешта кои денес нам...