Автор: Николоска Биљана
Post Views: 6 Под итно да се спречи екстремното повлекување на водата од Охридското Езеро заради производство на струја, бараат охридските социјалдемократи. Пратеничката Жаклина Лазаревска кажа дека со вчерашната реакција на општина Охрид, на охридската јавност и станало јасно, дека градоначалникот Никола Бакрачески и неговите соработници знаеле за штетите што му се нанесуваат на езерото, но досега не презеле ништо за да го спречат алармантното намалување на нивото на водата. „Општина Охрид мора да најде начин да стави крај на опустошувањето на езерото кое потсетуваме е...
Пропаднат дел од асфалтот на ул. „Стив Наумов“ во Охрид
Post Views: 7 Пропаднат дел од асфалтот на ул. Стив Наумов во Охрид. Состојба е лоша подолг временски период, а дополнително кон тоа допринеле камионите со грозје кои во летниот период со денови стојат паркирани на оваа улца вели Шабан Шабаноски, кој живее на оваа улица. Шабаноски е револтиран на Локалната самоуправа на Охрид, вели дека неколку месеци оди кај надлежните од комуналниот сектор но досега освен ветувања не добил ништо. „Одам во општина да го направат патот, не го прави никој. Од месец октомври секоја недела одам таму, и тој Змејко вели ќе дојдам утре,...
Пушењето во охридските угостителски објекти под контрола
Post Views: 12 Забрната на пушењето во угостистелските објекти и на терасите е темата што последниве деновиве се актуелизира. Откако почнаа да се заградуваат терасите со церади, се земаше за слобода секој што е надвор да пуши, но засилените контроли за пушење во угостителстките објекти во изминативе денови од страна на државен пазарен инспекторат, по се изгледа ги исплашија угостителите, но предизвикаа и револт кај пушачите. Раководителот на пазарниот инспекторат Ѓоко Бошалески вели дека забрането е пушење во угостителските објекти кои што не содржат дополнителна опрема,...
Симоноски со контраобвинувања кон Мирен Сон
Post Views: 5 „Градски Гробишта“ се огласи во врска со неодамнешните обвинувања упатени кон ова јавно претпријатие од страна на погребалниот оператор Мирен Сон. Директорот Зоран Симоноски сите укажувања од Мирен Сон, категорично ги отфрли како невистинити и лажни. Тој вели дека немањето греење во капела според него не е проблем, бидејќи можеле да се стават грејни тела, но смета дека таквото барање е неиздржано бидејќи просторите таму биле постојано отворени. Додека пак околу забелешките, дека во просторијата каде се врши подготовка на покојните лица од муслиманска...
Танасовден го слават и Балканските Египќани
Post Views: 13 Верскиот празник Св. Атанасиј Велики покрај православните христијани го слават и Балканските Египќани. Овој светец се смета дека е еден од најпознатите светци во христијанската религија, а Господ Бог му предодредил тој да се бори против мразот и студот. Околу симболиката зошто овој светец го слават и припадниците на заедницата на Балканските Египќани, за ТВМ открива хроничарот м-р Димитар Смилески. Тој кажува дека египќаните Танасовден го слават два дена, 30 и 3ви јануари. „Нивниот обичај се состои во тоа што тие за тој ден земаат еден петел го чуваат и го...
Лоши хигиенски услови во просторијата каде се вршат дел од муслиманските обреди
Post Views: 6 Просторот каде што се извршува верски обред на покојниот кај лицата од муслиманска вероисповед, не ги исполнува потребните хигиенско – санитарни услови. Оваа забелешка ја изнесуваат од Приватниот погребален оператор Мирен Сон, кои деновиве испратиле и јавен допис до охридската градска власт. Проблемот се јавувал со водата, бидејќи не истекувала и често поради тоа просторијата се исполнувала со инсекти, на што реагирале и претставниците од Исламската верска заедница. Како што информираа од овој оператор, со овој проблем се соочувале подолг временски период, а...
Самоиловата тврдина и Музејот на вода најпосетувани локалитети
Post Views: 10 Самоиловата тврдина и локалитетот Залив на коските односно Музејот на вода, сеуште се на врвот на најпосетувани објекти на Балканскиот Ерусалим, Охрид. Директорката на НУ Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска пренесува дека од отварањето на Музејот на вода до денес, локалитетот Заливот на коските е посетен од 370 000 туристи, додека пак Самоиловата тврдина од 2010 до денес е посетена од над 400 000 гости. Бунташеска посчува дека постои вредно културно наследство кое малку се нуди од страна на туристичките агенции и водичи. „Доаѓаат во комплекскот...
Зголемено нивото на Охридското Езеро
Post Views: 12 Неповолните временски состојби проследени со интензивини вренежи од дожд во изминатите денови ја променија вкупната хидролошка состојба на Охридско Езеро. Тоа резултираа со покачување на нивото водата, така што нивото на најголемиот природен басен во земјава е на 693,67 метри надморска висина или на 8 сантиметри од максималната дозволена кота. Изминативе денови нивото беше на само 5 сантиметри до максимумот. Еколозите предупредуваат дека засега не постои опасност, но состојбата мора будно да се следи, за да не се соочиме со последиците кои можат да настанат со...