Автор: Николоска Биљана
Post Views: 143 Предизвиците на спортовите на вода, достапни за младите охриѓанчиња. И не само тоа, ОО на Црвениот крст во Охрид и неколку клубови, „Охридски Бранови“, „Еко Дром“ и „Акватика“ денес организираа спортски игри. Првиот човек на оваа организација Сашо Точков, ги појаснува причините поради кои се јавуваат како организатори. „Можеби е чудно зошто Црвен крст се бави со оваа работа, но морам да кажам дека со помош на наши пријатели од Шведска имавме една донација на реквизити, кајаци, велосипеди, рекети за тенис и сите тие ќе бидат во служба на овој еден нов сегмент во Црвениот...
Вонредна крводарителска акција
Post Views: 176 Екипи од станицата за трансфузиона медицина при заводот за нефрологија Струга, заедно со ОО на Црвениот крст Охрид, денес организираа вонредна крводарителска акција. Таа се одвиваше во Охридската гимназија „Св Климент Охридски“. Акцијата е вонредна бидејќи во време на летни одмори се намалува бројот на редовни крводарувања, вели д-р Гоце Попоски специјалист по трансфузиона медицина. „Во летните месеци заради тоа што сме туристички места имаме зголемена потреба од крв па можат да даруваат крв во станиците за трансфузиона медицина во Охрид, Струга, Заводот за нефрологија,...
Денес се празнува Св Наум Охридски
Post Views: 268 Православните верници денес го празнуваат споменот на Св. Наум Охридски, светецот што вршел чуда за време на животот и после смртта, основоположникот на охридската книжевна школа. Тој освен по книжевната работа меѓу народот бил познат и како исцелител. Чудата на Св Наум се претставени и на фреските од неговиот манастир на брегот на Охридското езеро кој од синоќа е исполнет со верници кои носат дарови и се поклонуваат пред моштите на големиот светец.Манастирскиот комплекс „Свети Наум“ низ вековите важел за мистично место каде голем број луѓе доаѓале да се помолат...
Со пробивање на роковите ни го пробија трпенето
Post Views: 152 Се поголем е револтот кај граѓаните на ул „Сирма Војвода“ и дел од ул „Момчило Јорданоски“. Велат дека преминат е прагот на нивното трпение. Бараат од надлежните, да престанат да двааат празни ветувања и рокови за асфалтирање, да излезат од нивните канцеларии на терен и да донесат машинерија која ќе асфалтира. Пристапните патишта до нивните куќи и станови, како што велат, на само 15 минути од центарот на туристичкиот бисер, скоро 3 децении чекаат асфалт. Денеска група жители излегоа пред камерата на ТВМ со цел да ги потсетат надлежните, на нивната, како што кажаа,...
Социјална правда сега! во Охрид
Post Views: 146 „Социјална правда сега! во Охрид. Тое е карван кој минува во 9 градови на земјава и ја следи социјалната состојба на осетливата група граѓани, нивните права, како и прашањата на невработеноста, на корисниците на социјална помош, туристичката сезона и сезонските работници. На плоштадот Крушевска Република кај чинарот, охриѓани имаа можност да погледнат шест сведоштва на нивните сограѓани од ранливата категорија, преку продуцирани снимки кои редакцијата Цивил Медиа ги сними минатата недела. „Луѓе кои биле жртви на мобинг на работа луѓе кои се синдикалци, социјалци,...
„Силна алка“ -меѓународен камп
Post Views: 159 Едукативниот камп во Велестово преполн со гости. Таму во периодот од 25 – 29 јуни, за прв пат се одржува меѓународниот камп насловен – „Силна алка“. Истиот е во организација на ОО на Црвен Крст Охрид. Како што нагласи Весна Терзиоска од охридскиот Црвен крст, пред гостите се претставиле со нивната силна алка – спасителство на вода.„Целта е секоја ОО од регионот, вклучувајќи ја и ОО на Црвениот крст Охрид, да ја прикаже својата најјака страна, програма која што ја рабти во својата организација и по која што е препознатлива во својата заедница, да ги пренесе...
Многу проблеми во туристичката населба Подмоље
Post Views: 293 Жителите од туристичката населба Подмоље без вода, пристапни патишта, улично осветлување, недоволно контејнери. Ваквата состојба ја трпеле години наназад, како што и самите кажаа пред камерата на ТВМ. Тие денес јавно проговорија за овие проблеми. Според нивните изјави, тие сметаат дека се дискриминирани, а реагираат дека надлежните воопшто не водат грижа за ова место и дека кренале раце од нивните проблеми. Еден од најгорливите проблеми е водата за пиење, за што се пожали Елица Нацевска која веќе 20 години живее во оваа населба.„Вода немаме од лани, мај месец....
Охрид деновиве дише во спортски дух
Post Views: 163 Во Охрид се одржува петтиот Летен училишен спортски камп. Учесници на овој камп се над 250 талентирани ученици од основните и средните училишта кои се пласирале меѓу најдобрите на спортските натпревари во текот на изминатата учебна година. Нив денес ги посети директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој се запозна со нивните активностите. Спасески нагласи дека во изминатиот период многу инвестирале во развој на училишниот спорт, но вложиле и во спортската инфраструктура што според него треба да претставува база за постигнување врвни резултати.„И...
Непријатна миризба се шири од Р.Е. Механизација, Охрид
Post Views: 145 Секое утро и пладне на просторот кај Р.Е „Механизација“ од ЈП „Охридски Комуналец“ се одлагаат огромни количини отпад на отворен простор, реагираат жителите од населба Расадник. Додаваат дека посебно топлото време придонесува непријатната миризба од ѓубриштето да се чуствува и внатре во нивните домови. Одговор побаравме од првиот човек на ЈП, Елена Скрческа. Во кратка телефонска порака ни кажа дека одговор на прашањето околу депонирањето отпад во РЕ механизација ќе добиеме за ден два, најпрво да ја исчистеле депонијата кај Мауцкер. Проблемот се провлекува неколку...
Нов фестивал во Охрид – „Охридски бисери“
Post Views: 505 Над 400 учесници се дел од фестивалот „Охридски бисери“, кој годинава за прв пат од 18 – 22 јуни се одржува во Охрид. Организатор е Младинскиот културен центар од Охрид. Како што изјави претседателот на ова здружение Зоран Стрезоски, гостите на овој фестивал се од Европските земји, Чешка, Унгарија, Хрватска, литванија, Словенија, Русија, Турција. „Синоќа имавме отварање на прекрасната сцена на Долни Сарај, каде што во првиот дел настапија хоровите, а во вториот дел, фоклорните групи. На фестивалската вечер направивме еден извонреден перформанс со наша македонска...
Министерот Чавков очекува мирна и безбедна туристичка сезона во Охрид
Post Views: 707 Локалниот Совет за превенција одржа седница на која се дискутираше за мерките што ќе се преземат во пресрет на туристичката сезона во охридско-струшкиот регион. Како што истакна првиот човек на градот Ниола Бакрачески, безбедноста и јавниот ред во Охрид за време на туристичката сезона и тоа како им е важна на сите чинители во туризмот.„После спроведена координирана активност помеѓу сите субјекти за очекување е дека во текот на оваа сезона ќе имаме највисоко ниво на постигнување на ред и мир безбедност и организација на сите предвидени активности кои чинат квалитетна...
Свечено затварање на Францускиот филмски фестивал во Охрид
Post Views: 511 Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид свечено ќе биде затворено 8-то издание на Фестивалот на француски филм во Македонија. За крај љубителите на филмската уметност ќе можат да ја погледнат проекцијата на филмот „Семејството Белие“, во режија на Ерик Лартиго. Имено, оваа проекција е единствена која годинава се прикажува во Охрид. Како што веќе информиравме свеченото отварање на фестивалот трета година по ред се одржува во Скопје, а не во Охрид, а причините за таквата одлука не се познати. Во изминатите години Фестивалот финансиски беше поддржуван...