Автор: Николоска Биљана
Post Views: 531 Фекалната канализација повторно создава проблеми во градот. Денес, кај некогашниот ресторан Ориент, во близина на чинарот, се ширеше неподнослива реа од шахта која се прелеваше. Не е ништо ново, од канализационите шахти, посебно во градската чаршија, да се шири непријатна миризба, негодуваа минувачите кои ја заобиколуваа шахтата бидејќи околу неа имаше прелеано поголема количина фекална вода. Директорот на ЈП Нискоградба, Сашо Донев, информира дека уште утрово граѓани го пријавиле дефектот, но нивната екипа не можела да интервенира навреме бидејќи во непосредна...
Охридските пензионери денес славеа
Post Views: 416 Охридските пензионери денес одбележаа значаен јубилеј, 65 години од постоењето на ЗП Охрид и Дебрца. Како што нагласи претседателот на ИО Ѓорги Трпчески, работата на здружението посебно дишла до израз после осамостојувањето на нашата земја, бидејќи презеле многу повеќе активности. Трпчески смета дека здружението значи нешто во охридскиот регион и треба повеќе да им се отстапи простор на локално ниво.„Тоа е во интерес на здружението, општината а и пошироко во земјава. Навистина сме едно почитувано здружение како што кажа претседателот. Постигнуваме резултати и на...
„Здравје за сите“ во Охрид
Post Views: 499 Акцијата за бесплатни превентивни прегледи на граѓаните во рамки на програмата „Здравје за сите“, на Министерството за здравство, почна пред два дена и ќе се спроведува до крајот на месецов, во сите здравствени домови или на фрекфентни места во градовите ширум Републиката. Денес ваква акција се спроведе и на плоштадот Крушевска Република кај чинарот во Охрид. Медицинската екипа која беше задолжена од 08 до 11 часот да мери крвен притисок, ниво на шеќер и холестерол во крвта, како и да дава бесплатни совети на граѓаните при топлотен бран, задоволна од одзивот.„Од...
При крај изградбата на кружниот тек на влезот во Охрид
Post Views: 161 Два дена нема работници и механизација на новото кружно решение кое Локалната самоуправа го гради на пресекот на ул „Бистрица“ со бул. „Туристичка“. Ова укажување доаѓа од мештаните на овој потег кои се обратија до нашиот медиум. Тие исто така се загрижени дали на овој потег ќе се направат и тротоарите бидејќи во ваква состојба пешаците како учесници во сообраќајот се принудени да се движат по коловзот. Љупчо Танески од Фондот за комунален развој улици и патишта вели дека граѓаните можеби се нетрпеливи па оттука и нивниот револт е оправдан но работите на терен нормално...
Се уништуваат електричните столбови од јавното осветлување
Post Views: 219 Столбови од уличното осветлување на ул.АСНОМ, Карпош Војвода и др.места во градов неколку дена стојат со отворени капаци во делот каде што се спојуваат каблите од напојувањето. Опасноста е очигледна. Љупчо Танески од Фондот за комунален развој вели дека ваквата состојба не е нешто ново. За тоа имале и дојава од граѓаните кои живеат во овој дел од градот, но и нивните служби кои се грижат за јавното осветлување ја увиделе состојбата на терен.„Во изминатиов период сведоци сме на немили настани на уништување на определен број на реквизитите кои служат за јавното осветлување....
Променливото време ја наполни Итната медицинска помош во Охрид
Post Views: 136 Променливото време причина да се зголеми бројот на пациенти во Службата за итна медицинска помош во Охрид. Изминативе неколку дена во ургентната амбуланта имало двојно повеќе повици, а дури за три пати се зголемени прегледите во дежурната служба, обелоденува раководителот на оваа служба д-р Горан Симјаноски. Според него, најчесто во службата за итна помош се обраќаат пациенти со хронични заболувања, кардио васкуларни и респираторни заболувања, а временските промени најмногу ги чувствуваат лицата од постарата популација. Д-р Симјаноски појаснува кои се вообичаени...
Екс директорот на Здравствен дом Охрид сам се предаде
Post Views: 157 Митко Дабески, поранешниот директор на Здравствен дом Охрид по 4 месечно бегство, утрово и се предаде на охридската полицијата. Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, Дабески е предаден во Основниот суд во Охрид, каде му е изречена мерка притвор од 30 дена.„Осомничениот рано утрово околу 6 часот самоиницијативно се пријави во СВР Охрид по што веднаш е спроведен во Казнено поправната установа затвор, Охрид. Во врска со целокупниот настан во месец март распишана е централна потерница по сега осомничениот и сега притворениот“ – изјави Димоски.Инаку...
Годишнините од матура повод за обновување на пријателства
Post Views: 207 Годишнините од матура се прекрасен повод за обновување на пријателства и присетување на спомените од средношколските денови. Ако месец мај е месец на матурите, тогаш месец јуни е месецот кога се прославуваат годишнините од матурата. Еден таков повод синоќа регистираше камерата на Телевизија ТВМ, јубилејни 25 години на матурантите од генерација 1990. Марија Зимбова,која речиси секои 5 години несебично се вложува да ги собере на едно место некогашните другари од школските клупи, вели дека ни малку не е лесно да се организираат ваквите годишнини.„Подготовките започнаа...
Субвенции за уште 100 охридски семејства
Post Views: 156 Олеснување преку субвенционирање на комуналните такси за уште 100 охридски семејства. Советот на општина Охрид донесе oдлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за семејства со лице кое боледува од тешка болест или некој вид хендикеп. Како што информираше секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, новата одлука немала посебни ограничувања како што тоа било досега, семејствата да не остваруваат приход поголем од 105 600 денари.„Со оваа одлука главен услов за добивање субвенции ќе биде хендикепот на лицето во семејството...
Убиство и обид за убиство во Кичево
Post Views: 154 Четириесет и двегодишниот А.С. од кичевското село Другово, со нож го убил неговиот брат Арун С. (46), а потоа се обидел да ја убие и неговата сопруга. Осомничениот е приведен и како што информираат до СВР Охрид против него поднесена е кривична пријава за убиство на братот и за обид за убиство на снаата.„Тој вчера околу 16 часот на градскиот плоштад во Кичево го забележал неговиот повозрасен брат и неговата сопруга и им пришол од зад грб извадил нож и на својот брат му задал повеќе убоди во пределот на вратот и лицето, додека неговата сопруга тешко ја повредил во...
Потпишан договор за изградба на Дом за стари лица
Post Views: 171 Конечно, долго најавуваниот проект, Домот за стари лица во Охрид, почнува со реализација. Градоначалникот Никола Бакрачески и менаџерите на АД „Илинден“ од Струга денеска и официјално потпишаа договор за купопродажба на земјиште, градежна парцела во населбата „Далјан“ на која треба да се гради современиот објект, Домот за стари лица. Бакрачески истакна дека еден ваков објект години наназад претставуваше насушна потреба на општината. „Несомнено ќе ги пресретне очекувањата на сите граѓани на Охрид а пред се на постарата популација на луѓе кој што од разни причини...
Преспанското Езеро има голема заштита на рибниот фонд
Post Views: 242 Годинава 5 милиони денари буџетски средства ќе бидат наменети за заштита на рибниот фонд на Преспанското Езеро. Речиси една година овој ревир е издаден под концесија со цел да се зашти еко системот на езерото посебно на преспанската белвица за време на нејзиниот мрест од мај до јунни месец. Овие средства ќе ги користи концесионерот на езерото и неговиот слив, како што изјави Јован Бојчовски државниот инспектор. Од самото доделување на рибниот фонд на концесија државниот инспекторат за земјоделство е во постојан надзор на Преспанско Езеро и постојано го следи риболовот,...