Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Се е подготвено за манифестацијата Богојавление – Водици

Post Views: 11   При крај се подготовките за организацијата на најголемата верска манифестација во Охрид, Богојавление – Водици. Денес во малата сала на општина Охрид се одржа состанок на координативното тело во присуство на сите институции, граѓани и поранешни фаќачи на крстот кои несебично секоја година ја поддржуваат општина Охрид во организацијата на овој настан. „Целата манифестација ќе се одвива во три дена, односно започнува на 17 јануари со документарниот филм на нуркачкиот клуб Амфора. Потоа на 19 е духовниот дел, односно фрлање на светиот крст во водите на...

Продолжи со читање

Садик: За еден миг исчезнаа сите спомени од детството

Post Views: 5   За еден миг исчезнаа сите спомени од детството. Пламените јазици проголтаа се што имав досега стекнато точно на денот на мојот роденден, раскажува Музафер Садик. Вчера додека братот, сестрата и внуката се подготвувале за ручек како што раскажа Садик, почуствувал мирис на чад. Веднаш, излегол надвор да види што се случува. Забележал голем пламен од оџакот и веднаш сватил дека не може да се справи со огнот кој буквално пред негови очи ја проголтал куќата во Карабегомаало на улица „Даме Груев“ . „Планиравме нешто…онака колку што дозволува буџетот да го...

Продолжи со читање

Ќе се модернизира шеталиштето во Охрид

Post Views: 9   Охридското шеталиште или Кејот Македонија, ќе се реконструира, обелоденува секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески. Тоа е предвидено за наредната година, согласно  Развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2016 година, која ја усвои Советот на општина Охрид. „Општина Охрид со сопствени средства  во рамки на буџетот за 2016 год предвидува постапка за изградба на градскиот кеј во Охрид, нов модерно уреден кеј….исто така во овој буџет се предвидуваат и средства за изградба на пешачка патека покрај каналот до Билјанини Извори. За кејот...

Продолжи со читање

Охриѓани внимателни на мразот

Post Views: 10   Охриѓани внимателни на мразот. За време на Божиќните празници кои се совпаднаа со студениот бран кој ја зафати нашата земја здравствените служби во Охрид примиле случаи со скршеници поради мразот, но значително помалку од минатите зими. Најчести пациенти, и понатаму се болните од грип, информираат од итната медицинска служба во Охрид. Раководителот Горан Силјаноски пренесува дека за време на празниците биле регистрирани 76 повици од кои 23 пациенти биле со грип и вирози. „Во дежурната служба на Итната медицинска помош помош побарале околу 300 пациенти од кои...

Продолжи со читање

Ниските температури ги зголемија дефектите во водоводната мрежа

Post Views: 7   Ниските температури кои во вечерните часови достигнуваат до дваесеттина степени под нулата ги зголемија водоводните дефекти во градов. Смрзнати и испукани водоводни цевки, пукнато стакло на водомери во куќите, зградите, се најчестите дефекти кои предизвикуваат штети кај многу охридски семејства велат од МЈП Проаква Р.Е.Водовод Охрид. Влатко Иваноски раководителот на дистрибуција на вода вели дека дневно имаат над 10 интервенции. „Се работи за водомери кои што не се доволно заштитени, пожелно би било водомерите да се покриени со стиропор со ткаенини, имаме...

Продолжи со читање

Бакрачески: Кај некогашното Поштенско одморалиште предвидено е изградба на хотел

Post Views: 12   На местото од некогашното Поштенско одморалиште во централното градско јадро, наместо станбен комплекс, најверојатно ќе се гради хотел. Такви се најавите на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Тој убедува дека во последниве 4 години во делот на урбанизација на централното градско подрачје и старото градско јадро не се случува ништо. Бакрачески вели дека мора да сме начисто околу прашањето на експанзивна и неуредна урбанизација во периодот од 2000 до 2013 и од 2013 до сега. „Во јавноста се наметнува вештачка тема дека урбанизацијата на Охрид во...

Продолжи со читање

Денес се слави Божиќ

Post Views: 7   „Денес Христос се раѓа во Витлеем од Дева;Денес Беспочетниот влегува во времето,и Словото се воплотува. Небесните силисе радуваат, и земјата со луѓето се веселат“. Денес се слави Божиќ. Православните христијани денеска го одбележуваат Рождеството Христово. Суштината на Божиќ е во љубовта, простувањето и милосрдието, а не во формата, која секако е одраз на суштината, но која ништо не значи доколку не го шири духот на љубовта и милосрдието, вели отец Димче Азески. Тој забележува дека од година во година се отргнуваат обичаите кои не се вкоренети длабоко во...

Продолжи со читање

Хуманитарна акција на охридските Ротаријанци

Post Views: 6   Хуманитарна акција на охридските Ротаријанци. На градскиот плоштад претставници Ротаракт клубот делеа вино и сирење. Тие од оваа година започнуваат нова хуманитарна мисија, односно да се донира средства за оние на кои им е најпотребна помош, појаснува Весна Цветаноска. „Целта на денешната акција е во духот на големиот Христијански празник Божиќ да донираме средства за нашата сограѓанка Јана Арсовска која што треба да го продолжи нејзиниот медицински третман во Германија. Ги повикуваме хуманите граѓани да донираат бидејќи тоа е целта и смислата на овој голем...

Продолжи со читање