Автор: Николоска Биљана
Post Views: 11 Традиционално и годинава во Охрид се одржа Бадниковата литија. Студеното време не беше пречка пријавените учесници да ја следат поворката која тргна од пред црквата Св.Ѓоргија. На градскиот плоштад каде што беше поставена Бадниковата пештера, децата беа пречекани од претставници на Советот на општина Охрид, пратениците од ВМРО – ДПМНЕ како и од директорите на ЈП. Претседателката на советот Гордана Коњаноска истакна дека денешниот христијански празник го најавија околу 250 дечиња пеејќи ја песната Вечниот Бог низ охридските улици. „Ние секако го живееме...
Бакрачески: Еколошките друштва пред УНЕСКО даваат погрешна слика за заштитеното наследство
Post Views: 9 На 40-то заседание на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Истанбул и официјално била искажана загриженоста за иднината на охридскиот регион и неговото природно и културно наследство под напливот на големиот број планирани т.н. „развојни проекти“. Од УНЕСКО било јасно потенцирано дека Охрид наредната година може да се најде на листата на градови во опасност, која е само еден чекор пред одземањето на статусот на светско културно наследство на овој македонски град. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески пак, смета дека состојбата не е толку...
Бакрачески: 2016 година рекордерр по воведување на авио линии
Post Views: 8 Годинава која што изминува е рекордер по воведување на авио линии на охридскиот аеродром. Ваквиот тренд ќе продолжи и во престојната 2017 год открива првиот човек на градот Никола Бакрачески. Тој вели дека повеќе од очигледни се нивните резултати кон создавање на услови за нови авио линии, бидејќи силно се посветени на развојот на туризмот. „Јас се надевам дека тој тренд ќе продолжи во 2017 и дури ќе бидат зголемени бројот на летови кон охридскиот аеродром. Барем такви се најавите на ТУИ, Томас Кук, Аркиа, чешката Чедок и од скоро време на полскиот тур...
Охрид подготвен за најлудата ноќ
Post Views: 6 Почна одбројувањето на часовите до најлудата ноќ. Балканскиот бисер Охрид, подготвен е за дочек на Новата 2017 година под отворено небо на градскиот плоштад. Украсен во новогодишно руво, со голема елка во центарот, многу светлечки елементи низ целиот град, како и друг празничен декор, Охрид ги очекува илјадниците гостите кои одлучиле најлудата ноќ да ја минат на охридското крајбрежје. Првиот човек на градот Никола Бакрачески истакна дека вложиле максимален напор за разубавување на градот онака како што доликува за еден познат туристички центар, кој се стреми да...
Бакрачески: Да креираме нови работни места
Post Views: 8 Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески на предновогодишен ручек со ранливата категорија на граѓани од Охрид. И годинава традиционално по 6 ти пат, ОО на Црвениот Крст во соработка со Локалната самоуправа го организираа овој настан. Сакаме на еден симболичен начин да го означиме заедништвото со нив, како и да дадеме допринос кон општите сваќања на заедницата дека и оваа категорија на граѓани на Охрид придонесува подеднакво за секојдневното живеење во општината, истакна Бакрачески. Тој укажа дека континуирано во текот на цела година преку разлчични хумани...
Земјоделците да поднесат барање за паушално оданочување за 2016 година
Post Views: 12 Почнува постапката за поднесување барање за паушално оданочување на земјоделците за 2016 год. Без разлика дали земјоделството претставува основна дејност или таа ја вршат како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување овозможува персоналниот данок да се плаќа еднаш во годината без дополнителни трошоци за водење делови книги, појаснуваат од УЈП. Сите граѓани кои остваруваат приход од земјоделска дејност, сточарство, пчеларство, треба да се регистрираат во УЈП како земјоделци најдоцна до 31 јануари 2017 год, пренесува Рејна Стефановска...
Жителите на Лагадин против изградба на хотел
Post Views: 13 Жителите на Лагадин покренаа онлајн петиција против изградба на голем хотел непосредно до крајбржната линија на Охридското Езеро. Од граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ велат дека тоа се прави во заштитен појас. Во прогласот за петицијата на жителите на Лагадин стои, дека хотелот се наоѓа на растојание помало од 50 м од водостојот на езерото, што според нив е недозволен појас за цврсти градби и е заштитен со закон. За изградба на хотелот било донесено незаконско одобрение без согласност на Mинистерството за животна средина и Министерството за транспорт и...
Наскоро нова поштенска марка
Post Views: 11 Поштенска марка за деца со ретки болести. Набрзо колекцијата на македонската филателија ќе стане побогата за уште една поштенска марка. До сега на светско ниво не е испечатен примерок на поштенска марка посветен на децата со ретки болести. Заслугата за тоа е на Гордана Лолеска, вработена во Македонска Пошта подружница Охрид, која е и волонтер на здружението „Живот со предизвици“, вели директорот на охридската подружница, Сејфула Хани. „Успеавме и сега веќе тоа е реалност, помина во советот за филателија поштенска марка за лицата со ретки болести и очекуваме...