Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Детската градинка 8 ми Март стана енергетски ефикасна

Post Views: 7   Најмладите стружанчиња од предшколска возраст, на 1 ви септември ја започнуваат годината во енергетски ефикасен објект. Финишираат работите околу замената на дограмата во детската градинка „8 ми Март“, клон „Сонце“, проект кој го реализира Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Мирјана Лозаноска, задоволна е од динамиката со која се изведувале сите зафати во објектот. Таа нагласува дека целта е создавање на попријатни услови за работа, учење и престој во детската градинка. „Овде конкретно интервениравме на замена на столаријата, односно ги...

Продолжи со читање

Пропаѓа дел од кејот на реката Црн Дрим во Струга

Post Views: 18   Дел од Кејот на реката Црн Дрим, во близина на мостот на поезијата пропаднат. Стружани  велат дека ваквата слика која настанала пред неколку месеци не е само срам за градот, туку и за цела држава, која сака да развива туризам привлекувајќи гости од цел свет, а посебно за одржувањето на меѓународната поетска манифестација СВП. „Ова е жив срам за Струшките вечери.Овој мост има заслужено да биде уште поубав од тие во Скопје што се изградени, бидејќи тука од цел свет народ доаѓа и не претставува како Македонија“ Треба да се постави бариера и да се заштити...

Продолжи со читање

Никој не се грижи за струшкиот безистен кој пропаѓа

Post Views: 11 Струшкиот безистен оставен на забот на времето. Овој објект кој пред околу 30 години со неговото пуштање во употреба беше еден од најрепрезентативните трговски објекти, денес е во катастрофална состојба. Стара и искршена дограма, лоша инсталација, уништена фасада,расфрлан отпад, е само дел од лошиот амбиентот на овој објект сместен во срцето на градот. Најмногу од ваквата состојба се погодени сопствениците на дуќаните кои што во моментов со последни сили го одржуваат својот бизнис. Дел од нив велат дека ќар имаат само во летниот период кога доаѓаат...

Продолжи со читање

Хани: Дрвениот мост во Струга ќе биде изграден до крај на годинава

Post Views: 9 Дрвениот мост, симболот на љубовта во Струга до крај на годинава ќе биде изграден. На истото место, каде што во моментов има само железна конструкција од некогашниот дрвен мост, ќе никне нов, современ и квалитетен мост. Такви се најавите на струшката локална власт. Мостот кој ги поврзува двата кеја на реката Црн Дрим и го скратува патот на мештаните од една до друга страна, стружани 5 години наназад го ставаат на приоритетна листа на проблеми кои треба да се решат во општината, вели Ресул Хани од секторот за урбанизам Струга. „Овој мост еден ден мораше да се...

Продолжи со читање

Битолчанец бара помош за својата мајка болна од рак

Post Views: 11 Младиот битолчанец Никола Шиндре на социјалните мрежи упати апел за парична помош од 6000 евра потребна за операција на неговата мајка, која е болна од рак. За таа цел Никола направи серијал фотографии, со кои сака да ја подигне јавната свест за условите во кои што живеат болните од карцином, но првенствено и за загадувањето во Битола. Тој укажа дека енормното загадување во Битола и околината од Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“, пред се заради непоставувањето на филтри, како и незаинтересираноста на централната и локалната власт за овие прашања и немањето...

Продолжи со читање

Најдобро издание на Вевчанската колонија

Post Views: 5 Прекрасниот вевчански амбиент со своите природни реткости во своите прегратки ги смести уметниците од седум земји во светот. Станува збор за учесниците на Седмата Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“. Многу нови дела и оваа година ќе произлезат од оваа манифестација, кои ќе бидат видени не само во Вевчани, туку ќе го прошетаат и целиот свет, промовирајќи го раскошот на Вевчани, изворите, интимата на вевчанската природа и гостопримливото население. Организаторите велат дека годинешново издание било едно од најубавите досега. „Условите беа прекрасни,...

Продолжи со читање

Слаб притисок на вода во Струга

Post Views: 5   Стружани се жалат дека последниве неколку дена притисокот на водата е слаб, а во некои денови дури по 10 часа немале вода. Проблемот бил поизразен во станбените комплекси, велат граѓаните кои ги анкетиравме. Некои од нив пред камерата на ТВМ кажаа дека пуштањето на машина за перење е привилегија, додека пак дел од нив сметаат дека градежната експанзија си го направила своето. „На задоволително ниво не е, ноќе има притисок, а дење не може да се приклучи машина за перење.„Никаков е притисокот, кога немаме на приземје што да кажат луѓето кои се на повисоките...

Продолжи со читање

Струга има потреба од изградба на нова градинка

Post Views: 12   Стружани ќе почекаат за изградба на нова градинка. Такви се прогнозите на одговорните лица во Секторот за образование при општина Струга. Сурија Рушити раководителот на овој сектор вели дека за проблемот во постоечките објекти за згрижување на деца зборуваат бројките. Во моментов биле пријавени вкупно 580 деца, од кои 480 биле примени а 100 биле на листа на чекање. „Ако се има предвид дека и овие 480 примени се над норматив и според стандардите, а пред мене стои и извештајот од градинката, овие објекти се димензионирани за 310 деца, значи имаме 170 деца над...

Продолжи со читање