Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Децата сами ги надминуваат разликите

Post Views: 168 Децата од градинката Росица денес го окупираа малиот плоштад во Охрид. Преку игра, песна забава, дружба тие покажаа како сложно може да се живее без разлика на боја, нација и вера. Ова е најдобар начин да се придонесе за надминување на предрасудите кој што постојат меѓу возрасните, вели Розе Костеска директор на охридската градинка „Јасна Ристеска“.„Оваа година како продолжена рака со поддршка на МТСП и градоначалникот Бакрачески, како и со финансиска поддршка од УНИЦЕФ и од Британската амбасада успеавме да реализираме еден проект во неколку наврати во занималните...

Продолжи со читање

Спасов: Реконструкцијата на Центарот за социјала ќе биде готова за еден месец

Post Views: 157 Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денес го посетија Центарот за социјална работа каде што во моментов интензивно се работи на негова реконструкција. Градончалникот Бакрачески истакна дека добро е што се прават напори за подобрување на условите за работа во оваа институција не само за вработените туку и за странките кои доаѓаат тука, бидејќи ќе добиваат услуга на еден подобро организиран начин. „Ние како сериозна локална власт и понатака остануваме посветени во делот на социјалната политика ќе ги координираме...

Продолжи со читање

Бесплатни обуки за 20 невработени од Охрид

Post Views: 496 20 бесплатни обуки за заварувачи, готвачи, шивачи и машинисти. Локалната самоуправа во рамките на нивната програма за помош на социјално ранливите категории денес го објави огласот за доделување бесплатни курсеви за 20 невработени лица. Како што истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески целта е стимулирање на социјалната интеграција на невработените на ниво на општина Охрид и подобрување на нивните квалификации за идно вработување. Со курсевите ќе бидат опфатени по пет лица од секоја од наведените стручни профили.„Право на пријавување на овие курсеви имаат...

Продолжи со читање

Емисијата „Не бери гајле“ го прослави својот јубилеј

Post Views: 152 Култната емисија „Не бери гајле“, на охридското Супер Радио, го прслави својот јубилеј, 10 години постоење. До ден денес таа се емитува во континуитет, сигурно е една од ретките ако не и единствена музичка емисија во историјата на радиото со толку голем стаж. Роденденот беше повод да врземе лав муабет со уредникот на емисијата Жанко Зш Голабоски за интересните моменти кои ја креираа историјата на ветераните меѓу музичките емисии и која од како се појави до ден денес е задолжителен ритуал на многу охриѓани но и стружани. „Се се сучи пред десет години во десет минути...

Продолжи со читање

Странците не се откажуваат од одмор во Охрид

Post Views: 165 Нема поголеми откажувања на странските гости, заради актуелната безбедносна состојба во државава и последните настани во Куманово, тврдат туристичките работници од Охрид. Сопственикот на туроператорот „Фибула Ер Травел“, Асим Меџедовиќ, категоричен дека вестите за случувањата во нашата земја кои го обиколија светот, нема негативно да се одразат врз бројот на странски гости кои доаѓаат на охридско – струшкото крајбрежје, но посочи дека има знаци на претпазливост, кои и им биле предочени посебно на туристите кои доаѓаат од Холандија.„Тоа е по објавата на официјалната...

Продолжи со читање

Хаџи Јанев: Земјава во моментов е безбедна

Post Views: 147 После големиот терористички напад во Куманово, Македонија испрати силна порака до сите оние кои сакаат да ја дестабилизираат состојбата во земјава: „Општеството не е како она во 2001 година, туку овој пат граѓаните се сплотени во делот кој беше извор или потенцијал за избувнување на конфликтот. Ова го истакна универзитетскиот професор Методи Хаџи-Јанев. Тој напомена дека треба сите внимателно да се однесуваме кон ваквите појави, да ги запазиме демократските теркови за да може да го задржиме курсот за градење стабилно опшество. Хаџи Јанев додаде дека треба будно да...

Продолжи со читање

Охридски Комуналец после 17 години ќе се поднови

Post Views: 144 ЈП „Охридски Комуналец“ ќе се поднови со 5 специјални возила за комунална хигиена. Денес беше потпишан договор за набавка на возилата помеѓу градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакречески и Мухамет Џенгис, директор на компанијата ЕРКА БМЦ, од Охрид. Со ова, како што најави првиот човек на општина Охрид и официјално започнува реализацијата на проектот „За поубав и почист Охрид“. Спред Бакрачески, општина Охрид посветено работела на подготвување на документацијата со која претходно конкурирале за добивање кредит од Светска бакна. После одобрувањето на средствата,...

Продолжи со читање

Црвениот Крст Охрид го одбележа роденденот на Анри Динан

Post Views: 171   Големите луѓе мора да се знаат. Парадокс е денес да не се знае кој е Анри Динан основоположникот на меѓународната организација на Црвениот крст во светот, истакна Бесник Лена претседател на струшкото здружение „Анри Динан“. Светскиот ден на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина се одбележува и во чест на хуманистот и основоположникот на движењето на Црвениот Крст Анри Динан. Лена истакна дека денешниов датум е историски бидејќи Динан е човекот кој е заслужен за основањето на меѓународниот Црвен Крст.„Чест и за многу години вие охриѓаните да го споменувате овој...

Продолжи со читање

Селските гробишта одат под општинска капа

Post Views: 186   ЈП „Градски Гробишта“, за три месеци под своја капа треба да ги преземе гробиштата од селата и приградските средини во Охрид. Ова било препорака од Владата на РМ откако претходно ја разгледала информацијата од Инспекцискиот Совет, каде се укажува дека пограбалните оператори не ги доставувале сите потребни документи за починатите лица на територијата на Локалните самоуправи, како што изјави Зоран Симоноски директорот на ЈП.„Тоа значи дека го прекршуваат Законот за гробишта и погребални услуги и во иднина треба да ставиме комплетна контрола на тие починати лица....

Продолжи со читање

Приведен пироман кој палел вегетација

Post Views: 173 Вчера попладне гореше во близина на Горца. Тоа го забележале случајни минувачи. Тие виделе дека тревата ја пали некој човек, кој на минувачите им објаснил дека тоа го прави за да го расчисти просторот а дека наводно за тоа некоја фирма му плаќа одреден надомест. Според минувачите тој не бил ни свесен дека прави кривично дело. Од СВР Охрид го потврдуваат случајот. Според портпаролот Стефан Димоски вчера во 16 часот и 45 во полиција бил пријавен пожар кај Инекс Горица. Нивните служби веднаш излегле на лице место и констатирале дека од страна на физичко лице било извршено...

Продолжи со читање

Титоистите со низа активности за настаните од НОВ

Post Views: 165 Здружението на граѓани „Титоисти“ од Охрид по повод 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот,  упатија честитки до граѓаните на Општина Охрид, како и до сите граѓани на Република Македонија. Како што истакна претседателот Радоја Митрески нивното здружение било формирано со цел да делуваат во насока на одбележување на најзначајните празници од НОВ.„Задачите на нашето здружение е да се заштити од искривување на историјата на ликот и делото и улогата на Јосип Броз Тито, неговата заслуга за признавање и афирмација на македонската нација и формирање и развој  на македонската...

Продолжи со читање

Бул.Туристичка ќе добие нови тротоари

Post Views: 142   Течат градежните зафати околу изградбата на кружниот тек на пресекот помеѓу бул „Туристичка“ и ул. “Бистрица“, на западниот влез од Охрид. Жителите од овој дел градот и покрај тоа што неодамна ги слушнаа најавите од првиот човек на градот дека на таа градежна локација ќе никне современо сообраќајно решение, со одредена резерва гледаат на тоа, односно стравуваат дека нема да биде уредена тротоарската површина. Љупчо Танески од Секторот за комунален развој сообраќај и улици вели дека тоа се само обични шпекулации и тенденциозни гласини, бидејќи според него вистината...

Продолжи со читање