Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Перунковски и Бошев се најдобрите коктел мајстори во Македонија

Post Views: 291 Експериментирајќи со разни пијалаци и овошја, како и користејќи различни техники при приготвување вкусни коктели, вчера заврши осмото државно првенство на бармени. Во најдобро светло, според оценката на стручното жири кое специјално за ова првенство пристигна од Црна Гора, се покажа гевгеличанецот Методи Перунковски. Тој ќе ја претставува нашата земја на светското првенство во Софија, Бугарија. „Го достигнав врвот на моето барменско работење“ –  возбудено изјави Перунковски.„Секој бармен би посакал да ја претставува Македонија на светското првенство, заради тоа...

Продолжи со читање

Се подновија делови од ОУ „Братство Единство“

Post Views: 245 САД помогнаа во реновирање на ОУ „Братство Единство“. Денес се одржа свечена церемонија, со што со сечење на лента се одбележа завршувањето на реновирањето на ова училиште преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. „Помагаме за подобрување на условите во училиштата во Македонија со што фундаментално се подобруваат условите на учениците“, истакна Дејвид Кокс, координаторот  за операции во Канцеларијата на атешето за одбрана при Амбасадата на САД во Скопје „Импресивно е што се можеме да постигниме кога работиме заедно. Обезбедувањето на помош...

Продолжи со читање

Бармените ја почнаа сезоната во Охрид

Post Views: 157 Секој со свој коктел денес во кафе-барот „Ликвид“ во Охрид, триесет бармени од целата земја зедоа учество на осмото по ред Државно првенство на Македонија. Во борбата за титулата тие се претставија во две категории, класична подготовка на коктели и флертендинг. Првата категорија подразбира претставување на натпреварувачите со свои авторски коктели чија техника на приготвување, изглед, вкус и арома ги оценува стручна комисија составена од експерти од земјата и од странство. Во втората категорија, учесниците исто така ќе се претстават со свој авторски коктел, што ќе...

Продолжи со читање

Расте бројот на заболени од астма

Post Views: 167 Инфективна, медикаменозна, поленска, неурогена астма, се само дел од видовите на ова хронично заболување на дишните патишта кое предизвикува проблеми при дишењето. Класични симптоми се недостиг на воздух, визинг, стегање на градите. После заминувањето во пензија на д-р Љубица Андонова, која што ги постави темелите на алергологијата во Општа болница Охрид, со посебно залагање на првиот човек на болницата Д-р Љубен Арнаудов почна да работи кабинетот за респираторна алергологија во рамки на одделението за пнеумофизиологија, вели  Д-р Славица Петрова. Таа нагласи дека...

Продолжи со читање

Голтаме антибиотици како бомбони

Post Views: 227 Во повеќе од половина од сите случаи на респираторни вирусни инфекции непотребно била препишана антибиотска терапија. Ова е загрижувачки податок кој произлегува од  истражување спроведено минатата година со кое биле опфатени 107 доктори од примарна медицинска заштита. Денес во Охрид на Првиот Симпозиум за рационална употреба на антибиотици, беа презентирани резултатите од досега обработени една третина од вкупно 12 000 прашалници со епизоди на акутна респираторна инфекција.  Доктор  Катерина Ставриќ, координаторот на Центарот за семејна медицина нагласи дека симпозиумот...

Продолжи со читање

Таксистите ќе водат список на патници од еден дo друг град

Post Views: 195 Доколку сакате да патувате со такси превоз од Охрид до Струга, Битола, Скопје или било кој друг град во земејава задолжително треба со  име и презиме да бидете евидентирани во дневникот на патници кој треба да го поседува секој лиценциран авто таски превозник. Тоа го предвидуваат најновите измени во Законот за патен сообраќај во делот на вршење авто такси превоз. Таксистите не сакаа јавно да коментираат како овие измени би се рефлектурале врз нивната работа, но, од една страна сметаат дека оваа законска одредба ќе донесе повеќе проблеми во авто такси превозот а од...

Продолжи со читање

СЕММ: Повеќе медиумска саморегулација отколку државна регулација

Post Views: 162 Советот на етика во медиумите на Македонија го претстави концептот на саморегулацијата во медиумите, чија цел е поголема професионалност и етички стандарди во новинарството. Во рамките на ова тело од пред четири месеци работи Комисија за жалби каде што граѓаните можат да поднесуваат претставки за непрофесионално и неетичко пишување или подготвување на прилози или емисии од новинари. Но тоа да не биде подоцна од 30 дена од објавување на написот или емитување на новинарскиот прилог или емисија.„ Ова тело е трипартитно и е составено од сопственици на медиуми, медумски...

Продолжи со читање

Одбележан патронот на ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 178 Со низа манифестации и настани, оваа година општина Охрид ја одбележа годишнината од смртта на познатиот охридски револуционер, војводата Христо Узунов. Со пригодна реч и со доделување награди за најуспешните ученици на објавениот ликовен и литературен конкурс вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“ годишнината ја одбележа основното училиште од Охрид што го носи името на Узунов. „Голема  чест е да се прославува овој за нас значаен ден – 38 години постоење, растење и развивање, години исполнети со труд, работа, учење, подучување, закитени со многу награди...

Продолжи со читање

Младите да се вработуваат после 6 месеци од школувањето

Post Views: 161 На која возрасна група треба да се даде институционална поддршка при транзицијата од образование до вработување. Ова беше една од темите на презентацијата на проектот за креирање на ефективни можности за младинско вработување која се одржа денес во кафетеријата „Славица“, во организација на Младинскиот Совет на Охрид. Како што истакна Димче Каневче целта е индивидуално да се слушне мислењето на оваа тема на секој учесник, настрана од можностите кои ги дава државата. „За жал констатацијата дека тие треба по завршувањето на своето образование да ја напуштат државата...

Продолжи со читање

Охридските средношколци повторно на улица

Post Views: 174 Охридските средношколци повторно на улица. Тие со скандирање и транспаренти по втор пат упатија јасна порака до министерот за образование: „Нема да дозволиме да продолжи игнорантскиот однос кон нас, долго сме игнорирани и нема да дозволиме тоа да се случи и во иднина“. Претставници на Средношколскиот пленум од Охрид денес на градскиот плоштад прочитаа соопштение преку кое дирекно се обратија до министерот Абдулаќим Адеми. Единствено што бараме е дијалог, со цел да се изнајде решение, кое ќе биде прифатливо за двете страни, велат од пленумот.„Ние по втор пат излегуваме...

Продолжи со читање

Мала надеж за подобро утре на Линдита

Post Views: 158 После сторијата на ТВМ за Линдита Рамадан, девојчето со церебрална парализа која живее во лоши услови, стручните работници од охридскиот Центар за социјална работа утрово биле во посета на семејството Рамадан. Како што информираше директорот Екрем Каљоши, на лице место била согледана нивната состојба, од страна на неговите служби и се договориле во понеделник таткото на Линдита да поднесе во Центарот барање за остварување еднократна парична помош како и да ги разгледаат можностите за остварување право на социјална помош. Каљоши категоричен дека согласно Законот, на...

Продолжи со читање

И Линдита заслужува среќно детство

Post Views: 153 Болката на мајката е голема. Ова е мислата што му паѓа на ум на секој човек кога ќе ја види охриѓанката Шерифе Рамадан како секојдневно се бори со немаштијата која се надвиснала над нивниот дом, каде расте нејзината ќерка Линдита која боледува од церебрална парализа. Во една соба со влага, ходник, и купало од бетон цело искршено надвор од куќата, Рамадан вели дека нема никави услови за ја гледа нејзината ќерка. Суровата судбина ми даде болно дете, а и сопругот е со нарушено здравје па грижата за семејството паѓа на мој грб,  вели пред камерата на ТВМ, Шерифе.„Момичето...

Продолжи со читање