Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Охридските пештерски цркви недоволно промовирани

Post Views: 14   Охридското црковно наследство недоволно се промовира пред бројните туристи кои го посетуваат градот на вековите, Охрид. Ваков е впечатокот на историчарот на уметноста Гоце Ангеличин Жура. Тој децидно кажува дека нема ништо против туристичките водичи од нашиот град, но смета дека треба секоја година да внесуваат по нешто ново, односно да го промовираат она што досега ретко кој го знае за нашиот древен град. „Значи ништо ново ние…. само да не кажам ние само шоферски вергламе за некои работи и ако ги видите водичи, не го напаѓам ни Ристо Кузманоски, првите...

Продолжи со читање

Милошоски: Очекуваме извесна и уверлива победа

Post Views: 11   Носителот на 5 ИЕ Антонијо Милошоски на денешната прес конференција од охридскиот плоштад даде завршна изјава, односно порака до македонскиот народ. Милошески истакна дека двегодишната политичка криза, по два дена ќе биде решена со достоинствени и мирни избори и со почитување на волјата на народот. Работевме и ќе работиме во интерес на сите граѓани додаде Милошоски. „Стабилна, унитарна Македонија со еден официјален јазик, со политичка стабилност и со желба и план за економски напредок. ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија она што го има како...

Продолжи со читање

Василески: Охрид до 2020 година со Скопје ќе биде поврзан со модерен и сигурен автопат

Post Views: 7   Кандидатот за пратеник Сашо Василески, на денешната прес конференција каде што се одвиваат градежниите работи околу автопатската делница Кичево, Охрид најави дека од напролет ќе почне изградбата на автопатското решение од Требеништа кон Струга а набрзо во 2017 ќе се почне со изградба на автопатот Кичево, Гостивар, така што Охрид до 2012 година, со Скопје и Европа ќе биде поврзан со модерен брз сигурен автопат. „Патната инфраструктура претставува добра почетна основа за понатамошен развој на државата и е од големо значење за подобрување на условите за животот...

Продолжи со читање

Одбележан патронот на градот и 1 100 год од упокојувањето на Св Климент Охридски

Post Views: 4   Охрид со свечена академија одбележа 1.100 години од упокојувањето на заштитникот на градот, Свети Климент Охридски. Синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, во преполнетата сала пред присутните гости, се обрати градоначалникот Никола Бакрачески. Тој истакна дека одбележувајќи 11 века под закрилата на патронот Св Климент Охридски, неговите зборови „тргај се од злото и прави добро“ се поука дека од морална одговорност нема спасение. „Создателот на Охридската книжевна школа, Првиот словенски универзитет и јазичното ни писмо ги довика своите ученици и од...

Продолжи со читање

Промовирано ДВД „Охрид во моите спомени“

Post Views: 8   „Охрид во моите спомени“. ДВД издание на новинарот, неуморен трагач по вистината Илче Стојаноски беше промовирано денеска пред охриѓани. Аудио-записите од серијалот „Охрид во моите спомени“ и другите публикации на Стојаноски, се сведоштва кои имаат повеќеслојно значење, вели промоторот на ова издание Симон Илиевски. Новата публицистичка рожба, не само што е голем дар за Охрид, туку е и придонес во годинешното достоинственото чествување на Денот на Св. Климент Охридски, истакна Илиевски. „Тој низ факти, кажувања, фотографии, цртежи и други прилози, строго се...

Продолжи со читање

Плаќенска планина соголена

Post Views: 8   Алармантна е состојбата околу сечењето на дрва на Плаќенска планина. Мештаните на охридското село Курајца се револтирани поради ваквата состојба вели Горан Ангелоски, претседателот на М.З. Во изминативе неколку години е направен вистински пустош на еден од најраскошните планински предели во земјава, пренесува Ангелоски. Додава дека нема дел од шума во овој планински предел а кој не се нашол под удар на дрвосечачите од ЈП „Македонски шуми“. На неколку места меѓу кои и атрактивниот за туристите Мазатар дури и со голо око можело да се забележи неконтролираната...

Продолжи со читање

Каневчев: Во Македонија ќе го вратиме сјајот на Охрид

Post Views: 8   Охрид беше град-центар каде секојдневно се случуваа разни настани, преку цела година а угостителството работеше со полна пареа, кажа на денешната прес конференција кандидат за пратеник од Коалицијата ВМРО за Македонија, Владимир Каневчев. Тој запраша, каде е сето тоа денес и што се случи со сјајот на Охрид. За сите тековни работи кои се обврска на локалната самоуправа се сечат ленти. Промената на старите улични со лед-светилки кои буквално го затемнаа градот во вечерните и ноќните часови, нестручно изградените кружни текови, плоштадот кај Мини Маркет кој...

Продолжи со читање

Митаноски: Не треба да се партизира Сојузот на пензионери

Post Views: 11   Група охридски пензионери не се задоволни од начинот на кој што се води Сојузот на пензионерите на Македонија. Тие денес своето незадоволство и јавно го изразија. Веле Митаноски кажа дека се повеќе манифестации се приватизираат од централното раководство и оти видлива била и отворена партизација во име и интерес на одредена политичка партија. „Тоа оди дури до таму што се предлага и нова форма на организирање на некоаков алтернативен Сојуз на пензионери што и не мора да дојде до тоа, но во секој случај се неопходни промени во сојузот на пензионерите во...

Продолжи со читање