Автор: Николоска Биљана
Post Views: 174 Се вели дека виното е пијалок на боговите, храна за телото и душата преточено во чаша. И покрај тоа што ние сме винска држава, винската култура кај нас сеуште е на ниско ниво, смета Ангела Крстаноска од ФТУ Охрид. Најновите истражувања што ги спровеле студентите од факултетот покажале дека во охридските угостителските објекти постојат т.н. вински карти кои не се професионално сработени. Па оттука Крстаноска смета дека охридските ресторани мора да ја подигнат винската култура и мора да имаат богата понуда, почнувајќи од локалните, автохтони до светски познати вина....
Охрид освојува нови туристички пазари
Post Views: 153 Охрид е на добар пат за освојување на нови туристички пазари. Првиот човек на општина Охрид Никола Бакрачески за годинава најави големи презентации на туристичката понуда на Охрид пред професионалната јавност, односно тур операторите, патничките агенции и новинари кои се занимаваат со туризам. Тој кажа дека после саемот во Белград, до стартот на летната туристичка сезона Охрид ќе биде претставен во Сараево, Љубљана, Осло, Брисел Тел Авив и Москава, со што ќе покаже дека Локалната самоуправа посветено работи на промоција на културното и историското наследство на градот...
Пензионерките го одбележаа денот на жената
Post Views: 144 Традиционално и годинава ЗП на Охрид и Дебрца со низа активности пригодно го одбележаа Денот на жената. Во два дела, свечен и хуманитарен, охридските пензионери секогаш се добар пример како треба да се негуваат значајните празници, посебно кога станува збор за денот на жената 8 ми Март. Во името на општина Охрд се обрати заменик градоначалникот на општина, Ангел Јанев. „Јас ја поздравувам оваа нивна иницијатива тие секоја година не забораваат на понежниот пол, на повозрасната генерација, испраќаат една прекрасна порака, кон која и ние се надоврзуваме а тоа е пораката...
Студeнската школа во Исео, достапна за охриѓани
Post Views: 151 Една недела предавања од нобеловци во прекрасното средновековно градче Исео на истоименото езеро во Италија. Општина Охрид се вклучува во афирмација на познатата меѓународна летна школа во Италија преку организирање на учество на студенти од Охрид. Поточно станува збор за учество на студенти кои завршиле економски науки или студенти кои следат мастер студии од областа на економијата , како што појаснува Антонио Балески од Секторот за ТЛЕР. Додава дека сите заинтересирани студенти во период од 20 – 27 јуни годинава, можат да бидат дел од глобалната конференција во...
Опаѓа интересот кај охриѓани за купување станови
Post Views: 264 Големите градежни компании не очекуваат пад на цената на становите. Инвеститорите во моментов се задоволни од продажбата на недвижнини. Како што за ТВМ телевизија истакна Драгана Чифлиганец, извршниот директор на реномираната македонска градежна компанија Адора Инженеринг, во Македонија имало голема побарувачка на станови посебно во Скопје. Како показател за тоа, таа посочи дека само минатата година продале 303 станови а компанијата ја посетиле над 2000 заинтересирани граѓани. Чифлиганец кажа дека задоволни биле и од продажбата на станови во Охрид.„Во Охрид во Билјанини...
Охридската цреша до јуни годинава ќе биде брендирана
Post Views: 283 Годинава охридската цреша ќе расцути како брендиран производ. Таа се најде меѓу дел од производите кои ќе станат заштитен македонски бренд. Оваа постапка сеуште е во процес на регистрација, доставен е елаборат за заштита на земјоделски производ од страна на Земјоделската задруга охридска черешна, како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Елена Тапанџиоска од секторот за квалитет на земјоделски производи вели дека до јуни треба да заврши целата постапка.„Ние формиравме комисија како Министерство, што го оценуваме елаборатот...
Во Охрид поскапе само венчавката
Post Views: 220 Од петстотини до илјада денари поскапеле цените за верските обреди, како крштевка, венчавка и погреб, што ги извршуваат свештениците на Македонската Православна Црква-Охридска архиепископја. Оваа одлука владиците ја донеле на седница на Синодот која се одржала во почетокот на февруари. Дебарско кичевкиот митрополит г. Тимотеј за ТВМ изјави дека во епархијата со која раководи зголемена е цената само на венчавките. Засега другите обреди ќе се извршуваат по старата цена, вели владиката. Цената за венчавка од 4 500 зголемена е на 5000 денари, додека пак за крштевка...
Младите охридски фармери заинтересирани за бизнис во земјоделството
Post Views: 154 По 600 000 денари за младите фармери кои сакаат да отворат свој бизнис. Тие до крајот на март годинава, можат да аплицираат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството за добивање на овие средства. Станува збор за неповратната парична помош која се однесува на започнување на сопствена дејност. Како што изјави Билјана Ѓорческа, од Агенцијата за поддршка во земјоделството Р.Е. Охрид, еден од условите е младите земјоделци да не се постари од 40 години и да се регистрирани помалку од 18 месеци. „Мора да имаат постоечко земјоделско стопанство односно да бидат...
Локалитетот Мауцкер урбанизиран
Post Views: 212 Се урбанизира индустриско развојната зона Мауцкер. Советот на општина Охрид на последната седница го усвои ДУП за оваа зона која опфаќа околу 18 хектари земјиште. Како што истакна секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, за брзо време, 14 те парцели ќе бидат достапни за сите компании кои сакаат да отворат нови или да ги прошират постоечките индустриски капацитети.„Нас особено ќе не радува фактот доколку локалните или охридските компании бидат заинтересирани за изградна на свои капацитети на овој простор, истите да аплицираат и истите да ги добијат, по што најверојатно...
Ќе се санира потпорниот ѕид зад Робевци
Post Views: 161 Опасната карпа која се наоѓа над музејскиот комплекс Робевци и Лапидариумот во Охрид конечно ќе биде санирана, според најавите на директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. Неколку години наназад сопствениците на куќите кои се поставени на самата карпа стравуваат дека може да дојде до лизгање на земјиштето и нов одрон, сличен на оној кој се случи пред 5 години. Во секој момент очекуваме да се отпочне со санација на поторниот ѕид вели Бунташеска.„Еден од позначајните проекти кој предвидуваме оваа година да биде реализиран претставува потпорниот ѕид зад...
Охрид се сеќава на ликот и делото на охридскиот гемиџија Марко Бошнаков
Post Views: 211 Охрид се сеќава на ликот и делото на гемиџијата Марко Бошнаков на 107 годишнината од неговата смерт. Денес по тој повод пред неговата спомен плоча, делагација на општина Охрид предводена од претседателката на Советот , Гордана Коњановска, претставници на политичките партии и директорот на ОУ Христо Узунов, Тони Симоноски со група основци, положија свежо цвеќе. Дејан Паноски во своето обраќање пред присутните истакна, дека денес уште еднаш треба да се потсетиме на охридскиот и македонски револуционер, Марко Бошнаков, роден во 1874 година во едно тешко време, а посебно...
Охрид домаќин на регионалната конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промена“
Post Views: 154 Преку заживување на земјоделските задруги ќе се подобри пласаманот и бенефитот на земјоделските производители во земјава. Ова го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на Регионална конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промена“ која денес и утре се одржува во Охрид. Цветков рече дека нашата земја има многу направено во однос на земјоделските задруги. Тој потсети дека задругарството во РМ се уште е во некој зачеток. За две три години откако е донесен Законот за земјоделски задруги, се формирани 19 задруги, но министерот...