Автор: Николоска Биљана
Post Views: 10 Голем дел од средствата од ИПА фондовите наменети за социјална заштита не се искористени. Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје, организира обуки за вмрежување на Центрите за социјална работа со невладините организации. Како што појаснува Христијан Петрушев, помлад истражувач во Институтот за демократија, целта е центрите и невладиниот сектор заеднички да аплицираат за проекти, како би се искористиле сите средства од ИПА фондовите кои се неповратни. „Средствата кои што се од оваа линија за социјална заштита би можеле да се искористат во...
Без вода жителите на Свињишта
Post Views: 7 5 дена мештаните на Свињишта немаат ни капка вода. Овој проблем е сериозен, велат жителите на ова село, кои потенцираа дека проблемот со водата и слабиот притисок го имаат во текот на цела година. Како точно стојат работите околу оваа проблематика не запозна претседателот на М.З. Цане Јованоски. „Претежно оваа година и зимоска немаше вода, ајде да кажеме летно време повеќе се троши, дали има проблем со цевките дали некаде се затнати не знаеме што е работава.Тие цевки што ги ставија во подножјето, тие ставија стари цевки, тие уште тогаш беа рѓосани, тие беа...
Силен ветер го зафати Охрид
Post Views: 5 Жителите на Требеништа ноќта ја поминаа без струја. Утринава како што тврдат мештаните биле испопаднати неколку дрва и гранки, а исто така и електрични столбови. Причина за тоа е силниот ветер кој што синоќа го зафати охридскиот регион, вели Атанас Ковачески, портпаролот на ЕВН. Тој дополнува дека прекини во снабдувањето со струја имало и во Горенци односно индустриските објекти во негова близина, мал дел од село Лабуништа и Дрмени, но проблемот бил решен, екипите успеале да ги отстранат дефектите. „Останува уште да се пушти електрична енергија за дел од...
Денот на ослободувањето на Охрид, го одбележаа и најмладите, во реконструирани простории
Post Views: 11 Денес градоначалникот Никола Бакрачески пресече црвена лента во централниот објект на детската градинка Јасна Ристеска. Повод за тоа беше пуштање во употреба на реконструираните и реновирани простории од овој објект. Бакрачески истакна дека со реконструкцијата на дел од објектот добиле простории кои ги задоволуваат хигиено – епидемиолошките услови за работа. „За таа цел заедно со Југозападниот плански регион дефиниравме како приоритет за оваа година да биде токму реконструкцијата на оваа градинка како дел од програмата на Југозападниот плански регион за...
72 години слободен Охрид
Post Views: 8 72 генерации растат во слободна Македонија и Охрид, благодарение на хероите од НОБ, благодарение на хероите од епската четиригодишна борба, истакна градоначалникот Никола Бакрачески на свеченоста по повод ослободувањето на Охрид. Бакрачески рече дека имињата на Јасна Ристеска, Вељан Најдовски, Момчило Јорданоски, Петре Секулоски, Јоне Дескоски и уште плејада млади партизани кои ги положија своите животи за слободен Охрид, се вечно врежани во колективната меморија на охриѓани, како едни од најголемите херои кои ги дал овој град во својата историја. „Овој датум...
Вдомување на кученца
Post Views: 6 Викенд акција за вдомување на мали слатки миленичиња. Денес на градскиот плоштад во Охрид членовите на Анималија, здружението за заштита на животни, организираа акција за вдомување на мали кученца. Анастазија Димзовска која со нескриени страсти зборува за кученцата вели дека акцијата има за цел да им се обезбеди дом на што е можно повеќе кучиња, бидејќи доаѓа зима, а кученцата ќе бидат осудени на страдање, глад и смрт на улица. „Многу кучиња ни се насобраа и едноставно не можеме да ги донахраниме со наши трошоци. Исто така овие малечки да се вдомат пред да...
Ќе се гради катна гаража или не?
Post Views: 10 На просторот кај паркингот на градскиот пазар согласно урбанистичко планска документација предвидена е изградба на катна гаража. Донесувањето на одлуката за надоместок за експропријација на недвижност за изградба на катна гаража, кај дел од советниците побуди сомнеж. Советникот Кујтим Усеини укажа дека за истото место пред неколку години веќе се гласало. „Ние лично, јас, со колегите од прошлиот состав гласавме за катна гаража, таа иста зграда што има дуќани, станови и деловни простории. Што сега ќе биде таа, ќе биде истата? И сега гласаме и ќе гласаме не е...
Нема доволно јавни тоалети на градските гробишта во Охрид
Post Views: 10 На охридските градски гробишта нема јавни тоалети. На ова до нашата редакција се пожалаа неколку граѓани на Охрид. Тие кажаа дека не ретко се случува да се најдат во непријатна ситуација, поради тоа што се сведоци дека некои граѓани од немајкаде поради зорт вршат физиолошки потреби во природа односно во дадениов случај врз гробните места. За тоа дали има доволно тоалети кои функционираат во градските гробишта и дали има потреба од дополнителни вакви објекти одговор побаравме од директорот на ЈП „Градски Гробишта“Зоран Симоноски. Во краткиот телефонски...