Автор: Николоска Биљана
Post Views: 151 Будното око на рибочуварската служба на концесионерот „Пастрмка 2012“, придонесе вештачкиот мрест на охридската пастрмка годинава да биде најуспешен во последниве десет години. Тоа значи постепено враќање и возобновување на овој уникатен вид риба во водите на Охридското Езеро.„Тоа се должи пред се не само на рибарската служба туку и на сите вработени кој што деноноќно ги чуваа плодиштата на охридската пастрмка. Тоа значи дека, иако секоја година го обезбедуваме, три години по ред учествуваме во вештачкиот мрест на пастрмката, оваа година успеавме да собереме 2,5...
Дебрца прави терен за развој на туризам
Post Views: 228 Од година во година се повеќе расте бројот на старите селски куќи кои се прилагодуваат за рурален туризам, каде на гостите им се нуди ноќевање и храна. Една ваква можност имаат и жителите од Дебрца, со оглед на атрактивната местоположба на општината, која се наоѓа во непосредна близина на Охридското Езеро. Но за жал како што информира градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски засега слаб е интересот на дебрчани за преадаптација на објекти за развој на руралниот туризмот.„Проблем е тоа што самите жители на општина Дебрца не пројавуваат некој интерес за адаптација на...
СДСМ бара стопирање на огласот за продажба на атрактивното земјиште под Плаошник
Post Views: 150 Градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО- ДПМНЕ бадијала сакаат да продадат атрактивно градежно државно земјиште под Плаошник, реагираа охридските социјалдемократи на денешната прес конференција. Како што изјави портпаролот Александар Кузески станува збор за градежна парцела на која се предвидува изградба на станбен објект на три ката во делот од боровата шума под Плаошник. Локацијата се наоѓа на левата страна од патот зад црквата Св Јован Богослов Канео непосредно над куќите во месноста Канео. Од ОО на СДСМ бараат веднаш да се поништи објавениот оглас и неодложно...
Мал интерес за откуп на компири и јаболка во Дебрца
Post Views: 212 Мал интерес за откуп на дебрчкиот компир и јаболко. Мештаните се задоволни од квалитетот на реколтата на годинашниов род на компир, но сеуште се загрижени за неговиот пласман, бидејќи засега нема организиран откуп и никој до сега не понудил ни минимална откупна цена. Од овој проблем засегнат е и првиот човек на општина Дебрца, градоначалникот Игор Трајкоски. Тој вели дека проблемот е евидентен и тоа не само околу откупот на компирот туку и на јаболкото. Додаде дека како Локална Самоуправа се трудат да изнајдат инвеститор кој ќе отвори откупен пункт, за да се олесни...
Нова закана од извршител за станарите од „Карпош Војвода“
Post Views: 161 И после една година останува неизвесна битката на пет охридски семејства за нивните станови на ул „Карпош Војвода“. Правната голгота на овие семејства која започна минатата година поради имотно правен спор помеѓу Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ и АДГ Трудбеник продолжува. Иако тие по судски пат ја докажаа сопственоста врз становите сега извршителот им се заканил со ново насилно попишување на истите. Денес тие јавно запрашаа, до кога ќе трае малтретирањето од страна на извршителот на АД за стопанисување со станбен простор,...
Дебрца ќе стане модерна и современа општина
Post Views: 210 Осовремување и модернизација на Општина Дебрца, главна заложба на градоначалникот Игор Трајкоски за 2015 година. Тој најави повеќе проекти меѓу кои изградба на систем за фекална канализација во село Велмеј како приоритетен. Според Трајкоски системот ќе биде во должина од 9354 метри, а ќе се состои од главен крак, колектор кој ќе минува низ средината на селото и кој ќе ги прифаќа останатите секундарни краци.„Во овај проект предвидени се вкупно 237 ревизиони и каскадни шахти. Секундарните краци ќе се поставени на начин, да ги зафаќаат отпадните води од сите објекти ...
Општина Охрид подолго време нема комунален инспектор
Post Views: 154 Депонија на приватен имот нагрдува дел од улицата „Дејан Војвода“. Тука може да се забележи различен смет, од комунален, градежен до зелен отпад. Граѓаните велат дека тука кој како ќе стигне фрла смет. Иако е во центарот на градот никој од надлежните не излегол на терен да ја констатира состојбата ниту да даде налог истиот да се исчисти. Како што кажаа граѓаните до пред 15 години тука живеела сопственичката на куќата, а после нејзината смрт никој не водел грижа за тоа место. Законот за јавна чистота е дециден дека кога станува збор за депонија во објект кој е во...
Невремето ја урна куќата на Неџат Рамадан, самохран татко на две болни деца
Post Views: 159 Без покрив на глава остана Неџат Рамадан самохран татко на две деца со пречки во развојот, 19 годишниот Омер и 20 годишната Рената. Поради обилните врнежи од снег и дожд неговата стара куќа на почетокот од февруари се сруши и од неа не остана ништо. Среќа во несреќа е што Рамадан имал претчуство дека куќата ќе се урне и се сместил кај соседот кој му отстапил дел од својата куќа, без да палќа кирија, само давачките за струја, вода и комунално. „Ние куќата ја напуштивме денски и од невремето од дождот и снегот на први, втори во 5 часот изутрина куќата целосно беше рушена....
Локалната заинтересирана да помогне за реконструкција на детските одморалишта во Охрид
Post Views: 804 Ќе заживуваат ли детските одморалишта во Охрид. На Охридското крајбрежје има две детски одморалишта „Радости“ и „Славејче“. Нив ги одржува и со нив стопанисува Републичкиот Сојуз за грижа и воспитување. Објектите со во добра состојба но факт е дека треба реновирање. Засега раководните структури од одмаралиштата сами се снаоѓаат за опстојување на објектите без поголема помош од институциите, но за поголеми финансиски зафати се надеваат на помош од општествено одговорни компании. Од охридската Локалната самоуправа со оптимистички најави, подготвена е да помогне повторно...
Голем хуманитарен концерт за помош на поплавените жители
Post Views: 160 Охрид дел од иницијативата за собирање на помош за жителите од поплавените подрачја во Република Македонија. Утре 8-ми февруари 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи голем Хуманитарен концерт. Координаторот на концертот, Дарко Мојсоски вели дека со организација на еден ваков хуманитарен концерт со настап на познатите музички имиња ќе се даде еден мал допринос за помош на нашите сограѓани.„По повод новонастанатите природни катастрофи кои што се случија во РМакедонија, поплавите во некои подрачја, излеговме со проект концерт за помош на настраданите...
Слаб интерес на охриѓани за јавните дебати
Post Views: 148 Денес во општина Охрид се одржа јавната расправа и увид на извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за неколку Урбани заедници. Согласно законската регулатива Јавната расправа ја организираше градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески. Евидентно беше присуството на добар дел од експертската и научна фела за животната средина од Скопје, претставници на еколошките друштва од Охрид, од Хидробиолошкиот Завод, додека пак речиси и да немаше присутни од луѓето од нашиот град кои се најповикани во оваа проблематика. И покрај можноста да се...
Сеуште нема насока за откуп или закуп на социјалните станови во Охрид
Post Views: 187 Социјалните станови во Охрид Во Охрид има 71 социјален стан. Дали и овие станови корисниците ќе можат да ги купуваат исто како и општествените, од охридската подружница на АД „За изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Македонија“, немаат никаква насока од ресорното министерството, вели првиот човек на подружницата Гоце Георгиески. Додава дека го имаат во предвид фактот дека станува збор за корисници од ранливите категории на кои примањата им се ниски.„Тешко дека социјален случај ќе може да го купи станот. Без разлика, чекаме насока од Министерството...