Автор: Николоска Биљана
Post Views: 11 Многудетните семејства со над 5 деца кои припаѓаат на ранливата категорија на граѓани се соочуваат со низа проблеми. Не ретко кај дел од тие семејства децата се среќаваат на улица голи, боси, гладни, истоштени дури и во доцните ноќни часови. И нормално тука се наметнува прашањето, кои се ингеренциите на Центарот за Социјална работа и останатите релевантни институции кои работат со ранливата категорија на граѓани. „Немаме увид на ситуација значи мораме прво да имаме пријава, дали од МВР, родител, комшија од било кој за да можеме да покренеме постапка. Одма...
Дијагностичка анализа за сливот на Дрим
Post Views: 14 Денес се одржа првата средба на фокус групата од ГЕФ проектот „Овозможување на прекугранична соработка и интегрирано управувње со водените ресурси во целокупниот басен на реката Дрим“. Вакви средби веќе се одржани во Албанија, Црна Гора и Косово. На нив присуствувале сите засегнати страни кои ќе допринесат и на локално и на централно ниво за реализација на овој проект кој официјално започна јуни месец годинава и ќе трае 4 години, како што појасна заменик министерот за животна средина Стево Темелковски. „Ќе резултира со една меѓудржавна дијагностичка анализа...
Нов кабинет по биологија во ОУ „Григор Прличев“
Post Views: 14 Учениците од ОУ „Григор Прличев“ упатија силна порака до охридскиот градоначалник. Тие од него како човек кој треба да се грижи за општината му препорачаа да го применува процесот на фотосинтеза, односно во градов да биде застапено зеленилото кое испуштајќи кислород преку лисјата ќе го збогати градот со чист воздух. Денес свечено беше пуштен во употреба подновениот и реконструиран кабинет по билологија, проект реализиран преку донација на германската влада и општина Охрид. „Тоа создаде услови да учениците во ова ОУ се стекнат со можност за поадекватно да...
Бакрачески: Општина Охрид би поддржала проект,Банка за храна
Post Views: 11 Охрид има потреба од Банка за храна. Сиромаштијата била, е, и ќе биде присутна и понатаму, а факт е дека голем дел од храната од дистрибутивните центри, големите маркети како и од хотелско угостителските капацитети завршуваат на ѓубре. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, вели дека досега не размислувале за реализација на еден ваков проект, но смета дека Локалната самоуправа на Охрид би можела да поддржи еден ваков проект. „Вака како идеја е допадлива, значи можеме да ја разгледаме да видиме колку таа е остварлива, одржлива,кои се механизми треба да...
Охрид го одбележа 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
Post Views: 11 Со пригодна свеченост, Општина Охрид се вклучи во одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Пред присутните денес во големата општинска сала се обрати градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Во вакви пригоди, кога ги чествуваме херојствата и слободарските идеали на нашите претци, инспирирани сме и чувствуваме обврска како генарација да продолжиме по нивниот пат и да ја чуваме слободна, суверена и независна Република Македонија, истакна Бакрачески. „Нашата отвореност, природно се надоврзува на благородната идеја на...
ОК на ВМРО – ДПМНЕ Охрид има нов претседател, д-р Љубен Арнаудов
Post Views: 18 Д-р Љубен Арнаудов е новиот претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Охрид.Така одлучи Извршниот комитет на партијата рано утринава. „Ќе стојам гордо на чело на охридскиот огранок ова партија, работејќи исклучиво во интерес на граѓаните“, истакна Арнаудов. Тој доаѓа на местото на Атанаско Михаилов кој оваа функција ја вршеше 6 години. „Чувствувам голема одговорност да некои работи и идеи кои цел живот сум ги носел, да добијам шанса да ги реализирам во добробит на партијата, граѓаните на Охрид и целата наша татковина. Многу изненадувачки беше, ми треба време...
Градоначалникот Бакрачески пазареше за сиромашните
Post Views: 12 Градоначалникот Никола Бакрачески пазареше и донираше за сиромашните. Традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на “Неделата на борба против гладта“, градоначалникот, претставници од Општината и директорите на охридските Јавни претпријатија со купување трајни прехранбени производи и средства за лична хигиена се вклучија во акцијата што Локалната ја реализира заедно со Црвен Крст Охрид, а се однесува на донирање прехранбени пакети за социјално загрозените семејства од градов. Бакрачески истакна дека целта е да се подигне свесноста кај населението во...
Социјалниот момент во Охрид неповолен
Post Views: 7 67 охриѓани еден оброк во денот го добиваат во народната кујна. На некои од нив тоа им е и единствениот оброк во денот. Социјалниот момент во Охрид неповолен. Секојдневно во ЦСР од Охрид луѓето од ранливата категорија на граѓани, приматели на некаков вид парична помош покрај тој додаток, бараат и еднократна парична помош. И не само тие, на вратата од Центарот тропаат и граѓани кои не се приматели на некаква помош а имаат потреба од парични средства за да се прехранат, информираат од овој центар. Според последнитие податоците, заклучно со месец август, на...