Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Куќата на Коле Котуш цели шест и пол децении заборавена од надлежните

Post Views: 164 Куќата на Коле Котуш во стариот дел на Орхид иако претставува значаен културно историски објект оставена на забот на времето. Куќата е сосема руинирана и претставува опасност за бројните минувачи и туристите по улицата Цар Самоил. Сопствениците Љупчо и Јасминка Маслови секојдневно стравуваат дека куќата ќе се сруши, и не дај Боже некој ќе го земе на душа. Маслов кажува дека неколку пати преку писма, дописи и лични контакти укажувале до надлежните установи за опасноста од руинираниот објект, но до ден денес останале без одговор.„Не почестија со елаборат и проект за...

Продолжи со читање

Цубалески: Охриѓани гладни се за работа

Post Views: 317 Динамиката на воспоставување кооперански односи на странските инвеститори со локални компании и ангажирање на што поголем број работни кадри од Охирд е една од суштинските потреби на градот. Ова денеска го  истакна Градоначалникот Никола Бакрачески на средбата со проект менаџерот на фирмата ODW-elektrik, Огнен Цубалевски.  Градоначалнкот беше запознат со досегашната реализација на оваа германска инвестиција во Охрид.„Денес во текот на оваа работна средба ги видовме сите аспекти. И  понатака ние како Локална самоуправа силно остануваме посветени на можностите да дадеме...

Продолжи со читање

Студена чекaлна на охридска радиологија

Post Views: 153 Одделението за радиологија при Општа болница Охрид е ладно и нема санитарни јазли. Пациентите реагираат дека во сред зима во чекалната премрзнувале со саати. Овој проблем не е нов и е добаро познат на раководството на оваа установа. Првиот човек Љубен Арнаудов, појаснува дека  објектот каде што се вршат рентген снимања е многу стар и тешко дека за брзо време работите во тој дел можат да се променат.„Таму таваните се високи по 5-6 метри, огромни простории се и во најдобар случај не можат адекватно да се загреат, плус чекалните се директно на ладен воздух, бидејќи постојано...

Продолжи со читање

Намален интересот за училишното осигурување

Post Views: 196 Средношколка од Охрид на час по физичко образование паднала и се здобила со повреда на левата рака заради што во специјалната болница Св Еразмо и поставиле гипс. Родителот на ученичката кој сака да остане анонимен, за ТВМ обелодена дека секоја година плаќале по 100 денари за училишно осигурување, но и покрај тоа, кога се случила незгодата осигурителната компанија не и платила ниту денар обештетување иако уредно ги доставиле сите потребни документи.„Ги поднесов јас лично документите, прво поднесов фотокопија со изјава од девојчето како се случило, потоа ми рекоа не...

Продолжи со читање

По 4 пат во Охрид рибна чорба, за Денот на рибарите

Post Views: 173 Три дена траше подготовката на 1600 литарската рибја чорба за Денот на рибарите. Четврта година по ред, по стариот добро познат рецепт со 400 килограми лосос, професорите и учениците од охридското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“, се потрудија на охриѓани и бројните гости да им зготват деликатесна рибна чорба. Подготовката на  чорбата ни стана рутина, рецептот се покажа добар и не го менуваме, вели наставникот Блаже Јорданоски.„Во подготовката на чорбата учествуваа околу 15 ученици, 8 професори и кадар од нашето училиште. Значи се подготвуваше во училиштето,...

Продолжи со читање

Алтернативната медицина добива законска рамка

Post Views: 272 Нема некој што не би сакал да направи арома терапија со употреба на етеричните масла кои во 1 капка содржат 2000 цветови, вели Сузана Наумоска, сопственичката на салонот за убавина Изида Спа. Таа додава дека со оваа терапија телото за еден час  успеваат да го вратат во нормална состојба дури и кај доста нервозните клиенти. Но охриѓани сеуште малку се присутни на третманите од алтернативната медицина, потенцира Наумоска.„Морам да кажам дека економската ситуација охриѓани малку ги направи да имаат некаква линија а да не доаѓаат во салони, но, со туристите нема никаков...

Продолжи со читање

Трајкоски ќе го решава проблемот со отпадните води во Велмеј и Лешани

Post Views: 195 Општина Дебрца ќе аплицира во Министерството за финансии за добивање грант,  неповратни средства за инфраструктурни проекти во рурални општини. Станува збор за средства во висина до 260.000 евра. Градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски вели дека тие уште од минатата година ја изготвиле проектната документација со цел да можат веднаш да аплицираат.„Со овој повик ние како локална имаме спремано проектна документација за изградба на фекална канализација во село Велмеј значи со тој проект ќе аплицираме и ќе оствариме едно од ветувањата дадени пред граѓаните во предизборната...

Продолжи со читање

„Мој термин“ во Охрид, функционира добро

Post Views: 188 Мал број  пациенти не се јавуваат на закажаниот преглед од Мој термин, во охридската болница. Како што информираат од таму, секој ден со оваа Владина мерка се извршуваат по 24 прегледи, на сите одделенија од Општа болница Охрид. Д-р Лилјана Ангелеска нагласува дека досега проектот одлично функционира, малку биле отстапките кај пациентите да не дојдат на закажаниот преглед, посебно на интерно одделение и смета дека кај пациентите дава позитивни ефекти.„Пациентите закажани на термин 90% доаѓаат, евентуално можат да закаснат малку меѓутоа добро функционира, некои од пациентите...

Продолжи со читање

Божиќен ручек на геријатрија од нашиците во Австралија

Post Views: 147 Денес кога се слави големиот христијански празник Божиќ весело беше на одделението за геронтологија при општа болница Охрид. Годинава нашите иселеници од Мелбурн, Австралија пациентите од ова одделание ги почестија со богат празничен ручек. Атмосферата ја развеселија членовите на ансамблот Билјана Јуниор. За време на ручекот директно од Мелбурн се јави Васко Ангелоски од здружението Св Наум Охридски.„Особена чест е да Ви го честитем празникот на празниците Божиќ за век и веков, нека се слави и вознесува името божјо, Христос се роди. Честити да ви се божиќните празници...

Продолжи со читање

Спектакуларен дочек на Новата 2015 година во Охрид

Post Views: 166 Охрид во празнична новогодишна еуфорија. На   дочекот на најлудата ноќ кафетериите во Охрид беа полни, а на плоштадот Св Климент Охридски едвај место да се помине. Студеното време не ги спречи охриѓани и бројните гости на градскиот плоштад да бидат дел од прославата  на градот која ја организира Локалната самоуправа. Новата година на присутните најпрво им ја честита познатото музичко име Владо Јанесвски, а веднаш по него таткото на градот Никола Бакрачески. 2015 ќе биде запишана во историјата на Охрид како година со најголем број реализирани проекти кои значат живот,...

Продолжи со читање

Охриѓани дома за најлудата ноќ

Post Views: 149 Одбројувањето може да почне! Часови не делат до Новата Година. Најголем дел од охриѓани најлудата ноќ ќе ја дочекаат дома. Дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека причина за тоа е плиткиот џеб и лошите временски услови, поради кои не се осмелуваат да заминат на пат надвор од Охрид.Градот е подготвен за пречек на најлудата ноќ. Локалната самоуправа на плоштадот Св Климент Охридски организира заеднички дочек на Новата 2015-та година за охриѓани и туристите. Новогодишната програма ќе започне во 21 часот со настапот на естрадниот уметник , Петар Нечоски по што ќе...

Продолжи со читање

Итната медицинска служба со полни раце работа

Post Views: 207 Итната медицинска служба бележи зголемен број повици од хронично болни пациенти и срцево болните, но не и пациенти со повреди и скршеници. Очекуваат бројот на пациенти да се зголеми деновиве поради мразот на улиците. Од друга страна, непроодните патиштата им претставуваат голем проблем на екипите на брзата помош. Тешко се пробиваат на одредени локации во градов како и до селата за да интервенираат во итни случаи, како што нагласи раководителот на службата д-р Александар Стојаноски. „Во овие временски услови бројот на интервенции е нешто зголемен не така драстично меѓутоа...

Продолжи со читање