Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Охридскиот театар со нова премиера, „Малиот Принц“

Post Views: 14   Охридскиот Народен театар прикажува нова премиера. Станува збор за претставата „Малиот Принц“ од Сент Егзипери. Горан Стојаноски директорот на ЦК најавувајќи ја оваа претстава за деца но и за возрасни вели дека обработувале една несекојдневна тема. „Малиот Принц низ светот е познат со една тема која навистина е инспиративна, која зборува за внатрешноста на човекот на средбата на Малиот принц сам со себе, и таа симболика е претставена на некој начин од луѓето кои се овде“ – рече Стојаноски. Режисер на претставата „Малиот Принц“ е Ѓорги Ризески. Тој вели...

Продолжи со читање

Танасоски: Самоволие во управувањето и раководењето со охридкста градинка

Post Views: 13   Самоволието во управувањето и раководењето со Детската градинка „Јасна Ристеска“ е на штета на родителите, воспитнообразовниот процес, а најмногу на децата, обвинија охридските социјалдемократи на денешната прес конференција која се одржа пред централниот објект на оваа Установа. Ѓоко Танасоски од СДСМ истакна дека четири години по ред укажувале на неправилностите и несериозноста во раководењето со градинката. „Реконструкцијата на централниот објект од градинката, за којашто неколку пати досега алармиравме и баравме извештај а која што пред неколку месеци...

Продолжи со читање

Акција на Citroën денес во Охрид

Post Views: 11   Акција на Citroën денес во Охрид. Помалку невообичаено но сепак интересно тимот на Citroen, ги изненади сопствениците на возилата на оваа реномирана автомобилска марка. Подмладокот на оваа компанија заврза по еден балон со натпис „Овој човек има стил, вози Citroën“ на возилата од оваа марка кои беа паркирани во центарот на градот. По убавото, топло и сончево време и големата раздвиженост на Градскиот плоштад, глетката беше интересна и прифатена од граѓаните кои пиеја кафе по охридските кафе барови, а особено од најмладите. Компанијата Inside Auto, чиј салон...

Продолжи со читање

Охридските извидници ги промовираа своите активности

Post Views: 12   Денес ИО „Пионер“ на градскиот плошатад изврши промоција на својот одред. Тие пред присутните презентиираа што сработиле, што работат и кои се нивните идни активности. Што треба за да станеш извидник, кој се може да стане дел од ова големо семејство? На овие прашања одговори Николче Костоски од ИО „Пионер“. „Извидништвото претставува една голема филозофија на живеење кое се применува насекаде низ светот. Во извидници можат да се научат многу работи. Пред се инсистираме до сите млади кои се заинтересирани и се големи љубители на природата и дружењето, да...

Продолжи со читање

Спасовски: Нема повеќе привилегирани политичари кои трошат народни пари за лично богатење

Post Views: 5   Секој буџетски денар мора да биде на увид на граѓанинот, порача генералниот секретар на најголемата опозициска партија во земјава Оливер Спасовски. Тој денес на градскиот плоштад одржа прес конференција. Спасoвски рече дека времето на неодговорни политичари завршило. Додаде дека тие како одговорна политичка партија ќе овозможат сите граѓани да имаат редовни и точни информации во кои проекти се вложуваат нивните пари што се слеваат во буџетот на РМ. „Сите државни институции ќе имаат обврска да доставуваат детални месечни извештаи за сите исплатени пари од...

Продолжи со читање

Што ја прашаа охриѓани градската власт

Post Views: 8   Граѓаните на Охрид бараат поголема активност на терен од вработените во Локалната самоуправа, но и на охридските советниците. Дел од граѓаните кои денес ги анкетиравме, се изјаснаа дека градската власт но и нивните избраници во градскиот совет треба да бидат постојано во контакт со граѓаните во сите делови од општината. Исто така сметаат дека советниците треба да бидат поупорни во барањето увид во работата на локалната администрација. Еве кои прашања ги упатија дел од анкетираните граѓани до локалната . Ветуваше дека ќе има современ пазар, колку е точно и кога...

Продолжи со читање

Приватните станоиздавачи од Охрид не ги поддржуваат измените на Законот за угостителска дејност

Post Views: 8   Само 5 соби во еден објект за индивидуално станување да можат да се издаваат како сместувачки капацитет од мал обем , предвидуваат измените на Законот за угостителска дејност. Досега законот дозволуваше 10 соби со 20 легла да можат да се регистрираат за издавање и тоа по физичко лице. Намалување на бројот на соби ги засегна станоиздавачите. Денес во големата општинаска сала се одржа јавна дебата со цел да се изнајдат најдобри предлог решенија во врска со законските измени и да се достават до Владата на Р. Македонија и Министерството за економија. Од Секторот за...

Продолжи со читање

Почна изградбата на патеката Кошишта – Лабино – Канео

Post Views: 9   Во автентичен стил на местоположбата, каде што се сместени најзначајните туристички, културно историски и археолошки споменици, отпочна да се гради пешачко – рекреативна патека, Кошишта – Лабино – Канео. Таа ќе се протега на површина од околу два и пол километри и ширина околу метар. Средствата за изградба на патеката се во висина од околу 110 000 евра, а ги обезбеди општина Охрид од сопствениот буџет, информираше Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности. „Во однос на техничките специфики и карактеристики на оваа пешачка патека, важно е да се...

Продолжи со читање