Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Се чека тендер за изработка на проект за изградба на театар во Охрид

Post Views: 11   Овој месец, октомври, Министерството за култура треба да објави тендер за изработка на основен и изведбен проект за изградба на театар, најави министерката Елизабета Канческа Милевска, при нејзината неодамнешна работна посета во Охрид. Таа смета дека најважното веќе е направено, а тоа е донесувањето на урбанистичката планска документација. Милевска вели дека сега слободно може да се продолжи со останатите фази. „Согласно идејата за јавно приватно партнерство во однос на изградбата на театарот, информирам дека во изминатиот период се работеше на урбанистичко...

Продолжи со читање

Охрид го чествува 11 – октомври

Post Views: 7   Денес по повод државниот празник 11- октомври беше положено свежо цвеќе пред спомен обежјата од НОБ, во градскиот парк во Охрид. Делегација на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, и претставници од општината им оддадоа почит на борците кои ги загубиле своите животи борејќи се за денешната слобода. „Денес на овој свечен миг сме овде собрани да им оддадеме почит, достојна на великаните на македонската историја и револуција. Бистите позади нас претставуваат еден историски континуитет на илинденци, шпански граѓански борци и боцви од НОБ и антифашистичката...

Продолжи со читање

Сеуште се чека измена на деталниот план за изградба на нов објект кај маларична Охрид

Post Views: 9   Изградбата на современ Ургернтен центар на местото од маларична во Охрид зависи од промена на ДУП. Како што открива Цветко Грозданов првиот човек на Акционерското Друштво за стопанисување со станбен и деловен простор,  проектантот и носителот на ДУП направиле грешка, односно проектирале домување заедно со здравство.„Законски домувањето и здравство не одат заедно, мора да бидат оделени. Така што сега со градоначалникот Бакрачески правиме напори да ги одделиме домувањето од здравството и објектот кој ќе биде како Ургентен Центар или поликлиника ќе биде одвоен од...

Продолжи со читање

Концерт – Ансамблот Билјана и пријателите

Post Views: 9   Познатата охридска група на староградска музика „Билјана Јуниор“, ќе настапи на свеченоста по повод 11 октомври, денот на востанието на македонскиот народ. Концертот е во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот. Младиот хармоникаш од овој состав Јован Поп Стефанија, вели дека годинава одбележуваат 8 години од нивното формирање, како и два значајни јубилеи 5 годишнина од нивниот прв концерт и 65 години од постоењето на Ансамблот Билјана. Поп Стефанија не откри со кои песни ќе настапат, но затоа пак рече дека ќе приредат незаборавен концерт со...

Продолжи со читање

Објавен оглас за идејно решение за изградба на катна гаража

Post Views: 12   АД за стопанисување со станбен и деловен простор објави оглас за идејно решение за изградба на долгонајавуваната и долгоочекуваната катна гаража. Станува збор за катната гаража која треба да се гради зад „Ревиера“, на самиот отворен паркинг. Цветко Грозданов, директорот на Друштвото вели дека во соработка со Локалната самоуправа на Охрид направиле специјален план со кој било променето деталното урбанистичко решение со цел да се изгради катната гаража која ќе обезбеди паркинг места за околу 250 возила. „Очекувам да се избери…имаме составено Комисија...

Продолжи со читање

Грозданов: Настојуваме во Охрид да нема семејство без покрив над глава

Post Views: 10   Денес вратите на Подрачната единица во Охрид на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на државата, беа отворени за охриѓани. Некои од граѓаните ги подигнуваа договорите за социјалните станови, други бараа замена за стан, а најприсутни беа оние кои што од првиот човека на ова Друштво, Цветко Грозданов, побараа да добијат стан, како би го решиле животното прашање. „Живеам со две деца, самохрана мајка сум маж ми е починат 29 години. Имам една делба и имам стан кај „Богомилска“, има два трансформатори, влага,...

Продолжи со читање

Труењето не е решение на проблемот со бездомните кучиња

Post Views: 10   Труење на кучиња во Охрид. Од Здружението за заштита на животни „Анималија“ веднаш реагираат на ваквата појава. Климент Арнаудов од ова здружение укажува дека решението не е во труењето на кучињата, бидејќи од тој отров може да настрадаат дури и луѓето, па и малите деца. „Неколку кученца се отруени, од кои едно успеавме да го спасиме, благодарение на навремена интервенција со ветеринарите и граѓаните кои што алармираа за случајот. Едно кученце со сигурност е починато, меѓутоа и едно да е стотина да се тоа не менува многу бидејќи со закон е забрането тоа да се...

Продолжи со читање

Танасоски: Охрид ги трпи последиците од 4 годишното владеење на ВМРО – ДПМНЕ

Post Views: 9   Во 21 век за жал на Охрид и тоа му се случи, охриѓани да живеат покрај вода, а да останат без вода за пиење, обвинија охридските социјалдемократи, на пресот кој го одржаа пред општинскта зграда. Ѓоко Танасоски истакна дека нашиот град, за прв пат остана без вода за пиење, од осамостојувањето до денес. Како причина за тоа ги посочи последиците на 4 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ на чело со градоначалникот Никола Бакрачески. „Ова е уште една потврда дека на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните не му се важни. Во Охрид условите за живот никогаш не биле полоши. Сето ова е...

Продолжи со читање