Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Само една такси постојка во Охрид е дислоцирана

Post Views: 154 Такси постојката на пресекот од ул „Гоце Делчев“ и „Кирил и Методиј“, која што требаше да биде дислоцирана уште во јули месец сеуште на старото место. Според локалната, поместувањето на постојката имаше за цел  да им се излезе во пресрет на барањата на Урбаните заедници, во случајов Кошишта, како и увидувањата на Секторот дека во летниот период заради оваа такси станица се формирало тесно сообраќајно грло. Просторот на местото на такси постојката требаше пред 5 месеци да биде уредено како пешачка зона.„Што се однесува до дислокација на такси постојката на ул Гоце Делчев...

Продолжи со читање

Студентите од ФТУ учеа грчки специјалитети

Post Views: 160 Традиционалната грчка кујна и музика денес беа дел од амбиентот на ФТУ Охрид. Студентите имаа една несекојдневна можност од врвните мајстори на грчката кујна да научат како се подготвуваат дел од грчките јадења, суфлаки, гиро, брускети, реванија. Нашата интенција е да направиме високо профилирани кадри кои ќе излезат на пазарот и ќе бидат конкурентни, вели професорката Ангела Василеска. Додава дека вратите на факултетот се широко отворени за сите угостители кои сакаат да соработуваат со нив.„Јас постојано велам дека имаме една стандардизирана монотона понуда во нашите...

Продолжи со читање

И годинава одложена е изградбата на ул. „Јордан Мијалков“

Post Views: 167 Изградбата на ул „Јордан Мијалков“ во Охрид ќе чека подобри времиња. Новопроектираната улица кај Бејбунар цели 4 години не е ставена во функција. Од локалната во неколку наврати имаше ветувања дека оваа улица е една од приоритетните во градот но истата никако да се најде во годишните програми на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Последната информација од одделението за односи со јавност во врска со оваа улица беше дека таа ќе се изгради оваа есен како дел од опсежните градежни проекти на целата територија на општина Охрид. Зошто тоа не се случи причините...

Продолжи со читање

70 години слободен Охрид

Post Views: 160 Охрид го празнува Денот на ослободувањето, 7- ми ноември. Седум децении градот живее во мир со стремеж кон просперитет и благосостојба, секогаш сеќавајќи се со должна почит кон оние кои ги положија своите животи за слободата. Свежо цвеќе беше положено пред спомен бистите на борците Мите Богоески, Петре Пирузе-Мајски, Андон Дуков, Спас Банџов, Јасна Ристеска  и Споменикот на паднатите борци на градските гробишта Охрид.  За минатото на вечно револуционерниот Охрид, во Спомен паркот на револуцијата  историски час одржа професорот Григор Ангеличин. Тој ги потсети присутните...

Продолжи со читање

Бакрачески: Во 2015 година Охрид ќе биде големо градилиште

Post Views: 146 Реализација на капитални проекти во 2015 година, најавува градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Тој истакна дека престојната година ќе бидат реконструирани и адаптирани неколку сообраќајници во градот како и изградба на пет кружни текови.„Два ќе се финансираат со средства од светска банка и тоа едниот е на раскрсницата на „Туристичка“ со „Бистрица“ а другиот е на раскрсница на „Туристичка“ со „Македонски Просветители“. Општината Охрид со сопствени средства ќе ги финансира изградбата на останатите три сообраќајници таму каде ѓто се спојува „Туристичка“ со „Абас...

Продолжи со читање

Бакрачески во посета на компанијата АСП-ПАК

Post Views: 206 Градоначалникот Никола Бакрачески продолжува со своите посети на охридските стопански капацитети. Денес тој беше во АСП фабриката за производство на вреќи каде се запозна со производствениот процес како и со проблемите со кои тие секојдневно се соочуваат. Цел на Локалната Самоуправа е преку соработка, во рамки на своите ингеренции да им помогне на производствените капацитети во развојните стратегии, нагласи Бакрачески. Додаде дека еден од проблемите со кој се соочуваат компаниите е недостаток на квалификуван работен кадар и точно во тој дел ќе се одвива нивната соработка.„Ние...

Продолжи со читање

Резиденцијални објекти ќе се градат во Андон Дуков

Post Views: 292 Резиденциjални објекти ќе никнат кај Андон Дуков некогашното најпосетувано одморалиште на Охридското крајбрежје. На последната седница на охридскиот Совет беше усвоена предлог одлуката за прифаќање на иницијатива за изработка на урбанистички план за овој атрактивен локалитет. Изградба на резиденцијални објекти била предвидена во основниот урбанистички план кој бил донесен 80 тите години како што нагласи Бранко Арнаудов од Секторот за урбанизам. Но со измените на законот во 2013 година бидејќи основниот план не беше усогласен со новата законска регулатива, тој план...

Продолжи со читање

Нов повик за ИПАРД средствата

Post Views: 161 Нов повик за користење средства од ИПРД програмата. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави вториот повик за оваа година за користење на средства од ИПАРД програмата. Земјоделците можат да аплицираат за средства по три мерки, набавка на трактори и приклучна механизација, отварање на мини фабрики како и за диверзификација и развој на економските рурални средини, односно развој на селскиот туризам.„Целта на оваа програма е инвестиција и модернизација обновување на земјоделските стопанства се со цел да се зголеми квалитетот и квантитетот...

Продолжи со читање

Од сабота спортски училишни лиги во Охрид

Post Views: 161 Започнуваат со функционирање спортски училишни лиги во Охрид. Од оваа сабота учениците од охридските основни и средни училишта ќе се натпреваруваат во општински, зонски и регионални натпревари. Ова денеска го најави  првиот човек на градот, Никола Бакрачески.„На мое лично задоволство и како градоначалник и како доктор тоа е еден од начините на кој што општина Охрид води грижа за правилен психомоторен и физички развој на децата кои што учат во охридските основни и средни училишта се создаваат услови за развој на спортот и стекнување на одредени спортски вештини се развива...

Продолжи со читање

Автомобил удри во автобус на Галеб

Post Views: 175 Во автобус на АД Галеб кој сообраќал за Скопје утрово дирекно се судрил автомобил со битолски регистарски таблички веднаш после превојот Стража. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски , во незгодата возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната медицинска помош во Општата болница во Гостивар, бил префрлен во битолската болница. По налог на јавниот обвинител  увид на лице место направиле полициски екипи од ПС Гостивар.  Димоски изјави дека можна причина за незгодата е губење контрола на возачот над патничкото моторно...

Продолжи со читање

Кеј Македонија ќе добие нов лик

Post Views: 169 Општина Охрид објави конкурс за избор на  архитектонско идејно  решение за партерно и хортикултурно уредување на кејот Македонија. Просторот за кој треба да се изработи идејно решение за уредување во моментов е оплеменет со зеленило и нуди убави места за одмор, прошетки, релаксација, рекреација и други содржини, сметаат од локалната самоуправа но додаваат дека истовремено му недостасуваат квалитетни содржини, уредување и понуда која во текот на целата година ќе ги првлекува домашните и странски посетители. Со конкурсот се бара идеја за партерно и хортикултурно уредување...

Продолжи со читање

СДСМ: Партијата на власт се богати и луксузира додека граѓаните едвај успеваат да врзат крај со крај

Post Views: 157 Народот во Македонија е се посиромашен, а партијата на власт ВМРО – ДПМНЕ е се побогата, обвинуваат охридските социјалдемократи. Томислав Тунтев претседателот на партијата на денешната прес конференција обелодена дека атрактивната локација во центарот на Охрид, односно новиот простор на ВМРО – ДПМНЕ чини над 300 000 илјади евра, а јавноста била штуро информирана дека новите простории се купени со сопствени средства на партијата. Па од таму прашуваат како владеачката партија успева да се богати и луксузира, кога партијата на Никола Груевски во 2011 годин имала долг...

Продолжи со читање