Автор: Николоска Биљана
Post Views: 7 Охрид домаќин на првиот конгрес на црноморската асоцијација од областа на наука и технологија за производство на храна. Целта на конгресот е сите научници, не само од земјава туку и од целиот регион, да прикажат на останатите научници од светот, што сработиле, што знаат ново и тоа да го прикажат пред научната заедница. Професор Владимир Какуринов, извршниот директор на Консалтинг и тренинг центарот КЛУЧ, посебно се осврна на иновациите и достигнувањата од македонската научна фела. „Гледавме се она што е најново од различни области да биде застапено. Пример...
Охрид го одбележа Европскиот ден без автомобили
Post Views: 5 Секојдневните работни активности може да се реализираат без автомобил. Оваа порака денес ја испратија охридските велосипедисти до своите сограѓани и сите граѓани во Р. Македонија. Со цел зајакнување и подигање на свеста на граѓаните за здравјето, квалитетен живот и здрава животна средина, нашиот град го одбежа Европскиот ден без автомобили. По тој повод во организација на Локалната самоуправа односно Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад, се одржа дефиле низ охридските улици. Во првиот ред на велосипедистите застана градоначалникот на...
Македонија нема донесено Закон за млади
Post Views: 5 Препознавање и признавање на младинската работа во Р. Македонија. Со цел подобро позиционирање на младите во општеството, дојде момент во нашата земја да се дебатира на тема за донесување на Закон за млади кој и тоа како е потребен посебно заради алармантната ситуација со одливот на млади, како и со невработеноста на младите. Релевантните институции имаат слух, вели Мери Нашоку од Младинскиот културен центар Битола.„Со оглед на тоа што имаме недостаток од политики за млади во Македонија, генерално не постои Закон за млади, но конкретно не постои и Закон за...
Уште една сообраќајна незгода на патот Охрид – Кичево
Post Views: 12 Уште една тешка сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид- Кичево во близина на бензиската пумпа „Петрол“. Сообраќајката се случила синоќа околу 19 часот, во која повредени се четири лица. Со тешки телесни повреди-скршеници на лева надколеница се здобил А.Ј.(46) од Охрид додека со лесни повреди се здобиле Д.Ш. (44) од гостиварското село Горна Баница, Г.Т. (49) и Н.Т. (20) двајцата од охридското село Елшани. „Сообраќајната незгода се случила во момент кога патнички автомобил Мерцедес со гостиварски регистарски ознаки кој се движел од Охрид кон Кичево во...
Сеуште не е решена судбината на ЈП за погребални услуги
Post Views: 15 Сеуште не е решена судбината на ЈП за погребални услуги. Директорот на ЈП „Градски Гробишта“ Зоран Симоноски открива до каде е оваа постапка за кој донесена е одлука и на Советот на општина Охрид и на Управнбиот одбор на ЈП. „Во тек е постапка присоединување на ЈП за погребални услуги кон ЈП „Градски гробишта“, со преземање на сите обврски, вклучувајќи го тука и преземањето и на сите вработени. Обврските на ЈП беа истите за извршување на погреби но бидејќи немаше добиено лиценца од надлежните органи одлучивме дека не може повеќе да функционира ќе го преземиме...
Охридскито хотел „Даљан“ бележи добра сезона
Post Views: 14 Добра сезона бележи хотелот „Даљан“ во Охрид. Менаџерката на хотелот СлавицаСтефаноска, вели дека нивниот хотелски капацитет во месеците јули и август бил целосно исполнет, но според неа сезоната се уште не била завршена бидејќи приближно уште толку гости очекувале и во септември и октомври. „Гостите кои што се од сојузите имаат посебна цена и посебни аранжмани за нив, посебно Сојузот за глуви, бидејќи ние сме хотел кој што е рамки на Сојузот на глуви на РМ но отворени сме и за останатите гости бидејќи ние сме хотел кој што мора да опстани и да заработи за...
Пуштени во употреба тениски терени во Охрид
Post Views: 7 Време на најголеми инвестиции на спортот во Охрид. Денеска свечено беа пуштени во употреба новите три тениски игралишта во рамки на СРЦ „Билјанини Извори“. Градоначалникот Никола Бакрачески, истакна дека тениските терени се изградени согласно сите стандарди на интернационалната тениска асоцијација. Додаде дека тука не запираат и потсети, дека во полн ек била изградбата на затворениот пливачки базен кој би требало да го реинкарнира пливањето и ватерполото во градов, а најави и отпочнување со реконструкција и на отворениот пливачки базен. „Оваа слика која ја...
Неколку гробови недозатрупани со земја на охридските гробишта
Post Views: 14 Неколку семејства вознемирени откако забележале дека гробовите на нивни блиски биле оставени недозатрупани со земја на градските гробишта во Охрид. За случајот веднаш алармирале во ЈП Градски Гробишта но и до редакцијата на ТВМ. Граѓаните сметаат дека треба да постои законска одредба, која ќе предвиди колку една гробница треба да биде покриена со земја. Случајот го потврдува и првиот човек на ЈП Зоран Симоноски. Тој вели дека забелешките и приговорите на граѓаните држат, но дека се упатени на погрешна адреса. Симоноски цитирајќи го Законот за гробишта тврди...