Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Мозочните удари 80% можат да се превенираат

Post Views: 156 Новоформираното здружение „Мозочен удар“ ја организира досега најголемата акција од своето три месечно постоење. Утре на градскиот плоштад од 11 до 14 часот сите граѓани на Охрид кои сакаат да се прегледаат и да го дознаат својот статус за ризикот од мозочен удар ќе добијат бесплатни едукативи совети и здравствени прегледи. Др Маја Божиноска Смичоска, невролог во Специјалната болница „Св Еразмо“ вели дека нивното здружение делува во насока да го свртат вниманието на граѓаните за превенцијата од мозочен удар.„Во нашата акција утре ќе имаме тим лекари и медицински персонал,...

Продолжи со читање

Охридските политички партии за двојазичните табли во ПИОМ Охрид

Post Views: 240 Од Фондот за ПИОМ во Скопје и после десет дена од барањето одговор за поставувањето на двојазични табли во ПЕ на Фондот во Охрид, без никакво објаснување. Лицето за односки со јавност Анифе Метај кое ни беше посочено како стручно лице кое може да ни одговори на прашањата во врска со поставените табли на македонски и албански јазик пред канцелариите на оваа институција во Охрид, првично уште на 15 октомври ни вети одговор.  После низа незуспешни обидида стапиме во било каков контакт со службите на Фондот, денеска Метај не  информира дека нашите прашања се испратени...

Продолжи со читање

Македонските јадења се позначајни во развојот на руралниот туризам

Post Views: 204 Традиционалните македонски јадења на менијата во рестораните се позначајни во развојот на туризмот посебно на руралниот. Едноличната понуда на пици, скара и шопска кои претежно се нудат низ угостителските објекти во охридско-струшкиот регион ги мотивира одредени угостители да се навратат кон корените односно старите рецепти. Таков е примерот со семејството Ѓоршески кое во етно ресторанот Св Петка во Велгошти нуди богата  трпеза со специјалитети подготвени исклучиво на дрва, под сач, по рецептите на нашите баби . Главен „виновник“ за тоа е Елизабета Ѓоршеска, која досега...

Продолжи со читање

Охриѓанец на велосипед стигна до Белград да ја следи воената парада

Post Views: 169 На велосипед по дожд, магла и сонце, охриѓанецот Илија Костоски, традиционално секоја година вози до Ниш со цел да присуствува на 14 октомври Денот на 63 тата падобранска единица. Но годинава Илија ја продолжил својата рута. Тој годинава со велосипед отиде до Белгарад за да присуствува на воената парада и во живо да ги види воздушните акробации на славните руски стрижи. Се протекло според предвидениот план, односно после 4 и пол дена патешествие на велосипед Костоски издвои еден момент кој кај него предизвикал посебни импресии.„На самиот марш и на говорот на Путин...

Продолжи со читање

СДСМ: Градоначалникот и ВМРО -ДПМНЕ не го исполнаа ветеното

Post Views: 152 Задолжувањата на охриѓани и неисполнетите ветувања од изборната програма укажуваат дека ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески имаат неодговорен однос кон граѓаните на Охрид, обвинија на денешната прес конференција од ОО на СДСМ. Советникот Јован Стојаноски истакна дека ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот не донеле напредок за Охрид ниту пак го направиле подобро место за живеење.„Бакрачески и ВМРО – ДПМНЕ ветија изградба нова современа автобуска станица како приоритет, помина година и пол ама нова автобуска станица нема. Не е реализирано ниту ветувањето за нов...

Продолжи со читање

Охридски Комуналец дел од акцијата Македонија без отпад

Post Views: 225 Охридски Комуналец дел од акцијата „Македонија без отпад“. Утрово екипите на ЈП на патниот правец Охрид -Скопје, на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до с.Подмоље, го исчистија целиот комунален отпад кој што лежеше од двете стграни на коловозот. Првиот човек на ЈП Елена Скрческа нагласува дека во расчистување на патот биле исклучиво вклучени нивните вработени.„Собрани се некаде околу 40 тина вреќи најлонски со ситен отпад, пластики, најлон, хартија. Учествуваа поголем број на наши вработени тоа е специфичен потег каде што не можат да учествуваат деца...

Продолжи со читање

Молк од институциите околу поставувањето на двојазични табли

Post Views: 166 И после два дена од нашето барање до ПИОМ во Скопје, во интерес на охридската јавност да добиеме одговор, дали поставувањето на двојазични табли е во согласност со Законот за употреба на јазици и врз основа на која одлука истите се поставени, од таму без одговор. Иако од страна на лицето за односи со јавност со кое што првично контактиравме ни беше кажано дека ги добиле нашите прашања и истите ги проследиле до правните служби и дека одговорот ќе го добиеме уредно во најкраток можен рок, ништо од тоа. Без став за двојазичните табли останавме и од Локалната самоуправа...

Продолжи со читање

Анализа на летната сезона 2014

Post Views: 146 Туристичката сезона 2014 во поглед на гостите и остварените ноќевања, слична со минатогодишната. Ваков е ставот на ТЛЕР базиран врз статистичките податоци заклучно со месец август, изјави раководителот Ѓоко Апостоловски. Втора година по ред Секторот за туризам одржува состанок со хотелиерите и угостителите од градов односно се врши анализа на летната туристичка сезона и презентација на резултатите добиени од анкетните истражувања кои се реализирани од страна на ТЛЕР во соработка со ФТУ Охрид. Апостоловски нагласува дека според видувањата на угостителскиот сектор иако...

Продолжи со читање

ЛК „Десарети“ донира 30 хуманитарни пакети

Post Views: 176 Лајонс Клубот „Десарети“ и годинава традиционално со доделување на 30 хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства се вклучи во одбележувањето на 16 октомври денот против гладта. Претседателот на клубот Ристо Речкоски, изрази голема благодарност кон охидската организација на Црвен Крст за тоа што ги вклучила во една ваква хуманитарна акција и при тоа ја нагласи нивната 7 годишната соработка.„Сакам да ги повикам сите други институции во градот на т.н. социјален активизам во смисла на тоа што овие категории на граѓани се потребни на општеството, така да на некој...

Продолжи со читање

Двојазични табли во Охрид

Post Views: 211 Охриѓани збунети и затечени од новите двојазнични табли кои деновиве осамнаа пред вратите од ПЕ на ПИОМ во Охрид. На таблите на македонски и на албански јазик стои називот на канцеларијата и имињата на вработените во неа. Граѓните поради лични причини сакаа да останат анонимни, а до нашата редакција пратија слики и прашуваат како може во општина Охрид да  бидат поставени такви табли кога во Законот за употреба на јазици кажано е дека овој закон се применува онаму каде што најмалку 20% од граѓаните во РМ и во Единиците на Локалната Самоуправа го зборуваат овој јазик....

Продолжи со читање

Општина Охрид со две мерки за олеснување на состојбата на ранливите категории

Post Views: 154 Олеснителни мерки за социјално ранливите граѓани на Охрид. Како дел од приоритетните активности и заложби на општина Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески денеска објави две значајни мерки со цел да се помогне на граѓаните од ранливите категории. До крајот на неделава ќе биде распишан Конкурс за доделување 30 бесплатни курсеви за англиски јазик 30 за германски и 30 за информатика на невработени лица и студенти во оптшина Охрид кои живеат во семејства со ниски месечни примања или се социјални случаи.„Да се редовни студенти на факултетите во Р.Македонија или да се...

Продолжи со читање

Младите библиотекарки од Охрид се подготвуваат за државен натпревар

Post Views: 173   Две победнички на општинскиот натпревар за млади библиотекари кој деновиве се одржа во НУ – Библиотека “Григор Прличев” – Охрид. Традиционално и годинава организатор е Библиотекарското здружение на Македонија. Директорката Александра Белеска задоволна е од знаењето кое го покажале учениците, членови на библиотеките од Основните училишта на општина Охрид и општина Дебрца. Таа ги обелодени имињата на победниците од натпреварот и ги покани сите 17 учесници заедно со професорите утре, 15ти октомври, во просториите на библиотеката во 12 часот да...

Продолжи со читање