Автор: Николоска Биљана
Post Views: 17 Расте бројот на приватните здравствени установи, но расте и количината на опасен медицински отпад. Според доставените податоци од здравствените институции во Република Македонија количината на пријавениот создаден медицински отпад во 2015 година изнесувала 704,61 тони. Постојано се зголемува медицинскиот отпад што се создава во медицинските и во здравствените институции, болниците, поликлиниките, амбулантите, забните и ветеринарните ординации од употребените средства и материјали при дијагностицирање, лекување, третман и превенција на болестите кај луѓето и...
Отпишаните охридски ракометари освоија трето место на меморијалниот куп во Прилеп
Post Views: 10 Охридските ракометари го освоија третото место на меморијалниот куп Миле Нешкоски во Прилеп. Ги победија Борец од Велес и Прилеп, а загубија од битолскиот Еурофарм Работник. Тимот на РК Охрид за кратко време се консолидира по заминувањето од клубот на неколку врвни ракометари. Со тоа отпишаните охридски ракометари покажаа квалитет со кој ќе се борат во новата сезона, посочува тренерот на РК Охрид, Горан Андоноски.„Покажавме дека и покрај тоа што бевме прежалани оваа година, направивме конкурентна екипа. Во Охрид повторно ќе гледаме конкурентен ракомет во Супер...
Започнуваат уписите за дооформување на основното образование на Отворениот Универзитет за возрасни
Post Views: 5 Во тек се уписите за доофромување на основното образование за возрасни во охридскиот Работнички граѓнски универзитет „Кузман Шапкарев“. Покрај тоа, од отворениот универзитет за возрасни информираат дека ќе продолжат и понатака со преквалификациите на невработените лица. Од оваа недела следуваат преквалификациите за 10 невработени лица во машинската струка, по успешно спроведената прекафалификација на 10 лица во струката електричар. Ристеска кажува за досегашното искуство во работата со нив. „Лицата кои доаѓаат на преквалификации сакаат да го направат тоа и...
Тешка сообраќајна незгода на патот Охрид Струга, едно лице загина
Post Views: 13 Едно лице загина во тешка сообраќајна незгода која изутрина нешто после 6 часот се случи на патниот правец Охрид – Струга во близина на бензиската пумпа „Бесијани“. Ова е втора страотна несреќа за нецела недела со трагичен крај во која згасна уште еден млад живот.Несреќата се случила кога автомобил „пежо“кој што го управувал сега загинатиот, од засега непознати причини преминало на спротивната страна од коловозот и удрило во возилото марка „Хјундаи“Возачот на Пежото, 39 годишен жител на Оровник, им подлегна на здобиените повреди.Неофицијално, во сообраќајната...
Македонија останува посветена за членство во НАТО – Јолевски
Post Views: 10 „Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“, е темата на безбедносниот форум кој денес се одржува во Охрид. Форумот го отвори министерот за одбрана Зоран Јолевски. Тој во своето обраќање пред присутните истакна дека нашата земја останува посветена на својата цел да стане што поскоро членка на НАТО. Додаде дека ресорното министерство продолжува со реформите во армијата во одбрамбениот сектор бидејќи тоа е важно не само за граѓаните туку и за државата бидејќи градиме силна мобилна и ефикасна армија. „Ние...
Велгоштани бараат асфалт до црквата Св Никола
Post Views: 11 Во Велгошти, охридско на 1100 метри надморска височина се наоѓа црквата Св Никола. Подзаскриена во шумски предел и густата вегетација, овој Божји храм има свои конаци, камбанарија, но за жал патот кој води до неа сеуште не е асфалтиран. Месното население кажува дека ова извонредно место е магнет за туристи, кои имаат што да видат, да одморат, дури и да вкусат пастрмка од рибникот на црквата. „Тој пат долго го бараме, Велгошти и велгоштани сакаат да се асфалтира. Ние дури имаме доставено барање до пратениците, се обративме и до Локалната, и за жал досега...
Промовирана книга за монетоковањето во Охрид
Post Views: 11 „Монетоковањето во Охрид од вториот век пред нашата ера и меѓу 13 и 15 век“. Синоќа во куќата на Уранија беше промовирано ова ново издание од Даница Размоска Баческа. Во делото се претставени нумизматичките историско-монетарни аспекти на охридскиот регион. Како што истакнa авторката Баческа, станува збор за многу значајна публикација од областа на нумизматиката и националната историја на нашата земја, каде што е направена паралела меѓу ковањето во антички Лихнид и во средновековен Охрид. „Во античкиот Лихнид ковани се многу значајни монети, тоа се познатите...
Мирчески: Предметите во охридскиот суд не трпат последици од штрајкот
Post Views: 9 Предметите на охриѓани кои се во постапка во Основниот суд во Охрид нема да претрпат сериозни последици, тврди претседателот на Здружение на судска администрација, Борче Мирчески. Штрајкот на судската администрација почна на 18 ти мај годинава а во мирување беше ставен на 15 јули. Периодов додека трае судската ферија, судските службеници што штрајкуваа речиси два месеца, се вратија на работа и ги сработија итните предмети, предметите со странци, времените мерки, и примаа материјали и пошта од странки, тврди Мирчески. „Сметам дека сите предмети кои што...