Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Дислоцирано одделението за поддршка на Совет

Post Views: 157 Опаѓа квалитетот на функционирањето на Советот на општина Охрид, реагира советникот од ВМРО – НП Јоне Станкоски. Тој нагласува дека не треба да се заборави дека Советот е нормативен орган и согласно Законот за Локалната Самоуправа, тој е највисоко тело во една општина. Станкоски посебно е револтиран од дислокацијата на одделението за поддршка на Советот.„Последно нешто кое што се случи кое што уште повеќе значи деградирање на институцијата Совет, Советничките канцеларии односно одделението за поддршка на Совет кое што беше сместено веднаш до големата сала за седници...

Продолжи со читање

Чист оџак топол дом

Post Views: 171 Чистењето на оџаците е задолжително за сите, без разлика дали се работи за станбен објект, куќа или пак јавна институција. Грејната сезона официјално започнува од 15 ти октомври, а неисчистените оџаци можат да бидат сериозна опасност за објектите кои се затоплуваат на тврдо гориво. Од охридската противпожарна единица апелираат до граѓаните, за време на грејната сезона три пати да ги чистат оџаците.„Посебно внимание треба да се обрне на чистењето на оџаците чадоводните канали од ложиштата кои ги користат грејните тела, но не само тоа, пред грејната сезона треба да се...

Продолжи со читање

Охридските доктори на специјализација во Љубљана

Post Views: 267 Др Христијан Паункоски од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ заминува на специјализација во реномиран клинички центар во Љубљана. Тој изрази надеж дека за време на 5 годишната специјализација во странство ќе ги стекне сите потребни искуства кои подоцна би ги пренел тука во специјалната болница, односно на неговите колеги, со што смета дека би придонел за развивање на ортопедијата не само во Охрид туку и во целата држава.„Да се биде еден од четворицата од Охрид кои ќе заминат на специјализација во странство е голема чест но исто така и голема...

Продолжи со читање

Долгот на општина Охрид, намален за 4 милиони евра

Post Views: 168 Фамозниот наследен долг од околу 35 милиони евра за прв пат во историјата на градот е намален, открива првиот човек на општина Охрид, Никола Бакрачески. Градоначалникот додава дека со овој факт треба да биде запозната охридската јавност, со цел да знае дека оваа локална власт уште од самиот почеток на мандатот се залага за решавање на овој горлив проблем, околу наследениот долг од претходната гарнитура.„Она што збирно можам да го кажам во овој момент за вас како медиуми и за охридската јавност е дека долгот на општина Охрид после година и пол раководење со оваа Локална...

Продолжи со читање

Информациите од Локалната Охрид, за некои лесно достапни, за некои потешко

Post Views: 177   Граѓаните на Охрид на разни начини преку медиумите, избраниците во градскиот совет  дирекно во локалната администрација бараат одговори на прашања поврзани со проблемите кои секојдневно ги тиштат.  Комуналните проблеми, шалтерскот работење во институциите, вработувањето како и проблемите од сферата на урбанизмот сеуште најактуелни кај граѓаните на Охрид.  Во секое време сме достапни и нашите простории се отворени за нашите граѓани вели Илија Арнаудовски координаторот на советниците од ВМРО – ДПМНЕ. „Досега нема, ретко да се случи наидеме на некоја препрека секаогаш...

Продолжи со читање

Охриѓани повторно кажаа „не“ на штрајкот на СОНК

Post Views: 159 Десетици членови на охридскиот огранок на синдикатот за образование наука и култура денеска излегоа на мирен протест пред просториите на СОНК во Охрид. Тие изразија револт против намерата на претседателот на СОНК Јаким Неделков за разрешување на претседателот на охридскиот регионален огранок Аце Речкоски.„Претседателот Јаким Неделков дојде со намера да ја побара мојата оставка, со што не беше удостоен, значи нема јас сега да ја поднесам мојата оставка, или пак побара да има мое разрешување на Советот на СОНК“– вели Речковски.Неделков побарал оставка од Речкоски...

Продолжи со читање

Во фокусот на РК „Охрид 2013“, младинскиот погон

Post Views: 172 Во фокусот на РК „Охрид 2013“, младинскиот погон. Овој клуб ги отвара вратите за сите млади деца кои сакаат да бидат дел од успешниот ракометен тим од Охрид. Претседателот на Управниот одбор на клубот Димитар Спасески вели дека младинската школа  отпочна со работа уште минатата година и отогаш активно работат со младите со цел да произлезат повеќе играчи кои ќе ги бранат боите на РК од Охрид.„Втор сегмент на кој што особено сме фокусирани во рамки на Ракометниот клуб е развојот на младинската школа. Апсолутно сме задоволни од функционирањето на младинските категории...

Продолжи со читање

Фонтаната во охридската чаршија полна е со алги и смет

Post Views: 187 Фонтаната на градскиот плоштад „Крушевска Република“, се претвора во жабурник и место каде несовесните граѓани го одлагаат сметот. Покрај оваа фонтана секојдневно шетаат охриѓани, бројните туристи и екскурзијанти.  Скоро и да нема организирана група на туристи која во својата агенда за разглед на градот го нема овој плоштад и чинарот. За жал многу често тука ги пречекува и една неприајтна гледка на неисчистената фонтана.„Фонтаната не се одржува на потребното ниво, ужасно е нечисто, не се одржува хигиена, инаку фонтаната прекрасна е за плоштадот но не е одржана и треба...

Продолжи со читање

РК Охрид подготвен за супер лигата

Post Views: 172 РК „Охрид 2013“ на само еден ден пред почетокот на ракометната супер лига за мажи, подготвен е за успешен старт. Димитар Спасески претседателот на клубот во име на Управниот Одбор кажа дека главната цел минатата година била остварена, односно обезбедиле опстанок на клубот во рамки на супер лигата. „РК Охрид 2013 АД“ оваа година влегува со поголеми амбиции од минатата година како резултат на тоа зголемен е буџетот од страна на локалната самоуправа и бизнис заедницата која го поддржува клубот. И сакма да изразам голема благодарност до градоначалникот Бакрачески и Локалната...

Продолжи со читање

Улицата Јордан Мијалков сеуште чека реконструкција

Post Views: 165 Улицата „Јордан Мијалков“ во месноста Бејбунар конечно се најде во програмата за 2014та година на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Граѓаните кои што живеат на овој потег 5 години чекаат да се стави во функција оваа сообраќакница затоа што води кон локација каде што се градат станбни комплекси. Години наназад тие реагираа дека градежната механизација и камионите кои се движат кон градилиштата поминуваат по тесните улички буквално под нивните прозорци, создавајќи тесни грла во сообраќајот. Од Локалната Самоуправа пред една година немаа прецизна замисла...

Продолжи со читање

Резервоарите за водоснабдување во Охрид се безбедни

Post Views: 262 Деновиве информацијата за нападот на вработен во Проаква пред чуварската барака на ЈП на ул . „Сирма Војвода“ ја вознемири охридската јавност. Дел од граѓаните отворено прашуваат колку резервоарите за водоснабдување во градов се безбедни кога може да се дрзне некој на сред бел ден да изврши напад на чуварот во истите. Местата каде што се сместени резервоарите за водоснабдување во Охрид се безбедни, тврди директорот на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид, Томе Паскалоски.„Континуирано има обезбедување на сите објекти 24 часа, се работи во смени, сите се обезбедени со заштитни...

Продолжи со читање

Ќе се уреди вечното почивалиште на Д-р Елена Kаваева

Post Views: 333 Охрид се одолжува на д-р Елена Каваева. Нејзиното вечно почивалиште доби старател, односно Локалната самоуправа на општина Охрид. Истовремено ЈП „Градски Гробишта“ со средства од нивниот буџет, веќе отпочна со средување на нејзиното гробно место, како што изјави првиот човек на ЈП Зоран Симоноски.„Ние пред неколку дена добивме барање за постапување од Локалната самоуправа односно од градоначалникот Бакрачески, по кое што барање ќе постапиме тоа барање е поткрепено со одлука за преземање на старатрелството на вечното почивалиште на Др Елена Каваева. Старателството врз...

Продолжи со читање