Автор: Николоска Биљана
Post Views: 11 Следејќи го концептот за одбележување на 400-годишнината од смртта на големиот драмски писател Вилијам Шекспир, во драмскиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, за утревечер ја носи претставата „Сонети“ на најсилната театарска институција во Македонија, Народниот театар од Битола. Директорот на Битолскиот театар Валентин Светозаров рече дека нивната куќа има поставено најмногу престави на Шекспир во регионот, обидувајќи се секоја година со огромна љубов да му посвети внимание на големиот автор. Додаде дека нивната идеја која ја прифатиле и...
Устијаноски: Педалинките опасни, потребна е законска рамка за нивна контрола
Post Views: 13 Педалинките и натаму остануваат опасни реквизити за забава на вода. Тие масовно се изнајмуваат на Охридското Езеро и речиси секојдневно ја загрозуваат безбедноста на капачите на охридско-струшките капалишта. Педалинките не ретко се возат во плиткиот дел од езерото, па капачите постојано мора да внимаваат да не се повредат од нив. Овие реквизити за забава на вода, според законот за внатрешна пловидба, кај нас и секаде во светот не подлежат на технички преглед од страна на регистар, надлежно, надзорно тело и Капетанија, открива Горан Устијаноски, капетанот на...
Станоиздавачите од мал обем, најголеми прекршители на законот
Post Views: 10 Охридскиот општински инспекторат направил околу 900 контроли од почетокот на 2016 година, заклучно со 30 јуни. Обидувајќи се да направиме пресек на извршени контроли од страна на општинскиот инспекторат за време на летната туристичка сезона, а кои се однесуваат на урбаната опрема, плажите и угостителските објекти во градов, од Локалната самоуправа на Охрид добивме полугодишни извештаи за пооделни одделенија на инспекторатот. „Ако го разгледаме табеларниот преглед по месеци ќе видиме точно колку се, меѓутоа јас ви ја кажав вкупната сума. Но она што е значајно да...
Порасна социјалната, постојаната парична помош и субвенциите за струја
Post Views: 11 Јулските исплати за социјална и постојана парична помош зголемени за 5%. Тоа ќе го почуствуваат вкупно 445 корисници на социјална и 147 на постојана помош. Наташа Христовска од Центарот за социјални работи Охрид, вели дека оваа промена е согласно новите измени и дополнувања на Законот за социјална заштита. Додаде дека новите измени на законот се однесуваат и во делот на субвенцијата за потрошена електрична енергија. „Зголемување ќе има и кај субвенцијата за потрошена електрична енергија, односно сите корисници на социјална и постојана парична помош кои што...
Прв пат на „Охридско лето“ гостува националниот театар од Букурешт
Post Views: 13 Прв пат на Охридско лето настапува букурешкиот театар „И.Л. Карагиале“. Претставувајќи ги младите актери, селекторот на драмската програма, Ѓорѓи Јолевски, изјави дека овој проект на публиката ќе ѝ понуди неповторливо доживување и ќе внесе свежина во драмскиот дел на фестивалот. Додаде дека, претставите на младите театарски уметници носат новина и уметнички визии што поретко може да се видат во класичните изведби, така што полетноста и креативноста се главниот сегмент на програмата „Младо театарско охридско лето. „Арт оркестра“ на познатиот режисер од Романија...
Дел од плажите сеуште се без спасители на вода
Post Views: 6 Во екот на летната туристичка сезона дел од плажите на охридско струшката ревиера сеуште немаат услови за капење, спорт и рекреација. Капалиштата не се обележани, немаат соодветни пунктови и набљудувачници и немаат ангажирано спасители. Сашо Точко претседателот на ОО на Црвен крст Охрид вели дека апелирале, до Капетанија, Министерството за транспорт и врски и локалната самоуправа во рамки на нивните надлежности и ингеренции да разговараат односно да ги обезбедат потребните услови со одреден притисок на концесионерите на плажите. „Заради тоа се и овие бројни...
Дрвјата на дел од охридското крајбрежје, пансион за неколку семејства
Post Views: 7 На крајбрежјето во близина на хотелот Магнус во Охрид, неколку ромски семејства ноќеваат во У.З, Даљан, реагираат мештаните од оваа задница. Тие велат дека ваквата појава посебно е изразена во летниот период. Кажуват дека една од ретките недопрени природни плажи каде до пред некоја година можеле спокојно фамилијарно да уживаат во летното сонце, последниве години мирот им го нарушуваат т.н. дојденци кои ги окупирале сенките од дрвјата користејќи ги за преспивање. И не само тоа, тие воопшто не внимавале на зачувување на животната средина, на плажата фрлале...
Танески: Свлечиштето во Даљан ќе се санира после летната сезона
Post Views: 12 Не постои опасност од свлечиштето во населба Даљан, тврдат одговорните од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Пред повеќе од половина година мештаните кои гравитираат во овој дел од Охрид, укажаа дека стравуваат од целосно лизгање на патот, кои дополнително ќе влијаат врз безбедноста на возилата и луѓето кои се движат кон Извидничкиот Центар и во хотелот „Даљан“. „Како резултат на анализите кои што ги правиме тука сметаме дека во моментов не постои опасност од лизгање на земјиштето на тој потег, а знаеме дека официјално од средината на месец јули...