Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Точков: Спасителите сезонава одговорија на задачата

Post Views: 175 Летнава сезона во Охрид помина без фатален исход, во доменот на делување на спасителите на вода. Спасителите, целосно ја покажаа својата професионалност, ажурност, подготвеност да реагираат во секакви ситуации, нагласи Сашо Точков, претседателот на ОО на Црвен крст Охрид. Тој додава дека тие претставуваат гордост за градот, бидејќи покрај тоа што од нив биле задоволни концесионерите на плажите, добиле и бројните коментари на социјалните мрежи од сите страни на светот. „Можам да кажам дека споредбено со минатата година кога имавме 25 интервенции на давеници, оваа година...

Продолжи со читање

Со обука за братендери и баристи во Охрид до светските метрополи

Post Views: 172 Охрид ги доби првите едуцирани бартендери, односно професионалци за приготвување коктел во баровите. Денеска во охридското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“ 20 невработени лица кои ја следеа обуката за стекнување со меѓународен сертификат за бартендер, полагаа испит. Идните бартендери задоволни се од обуката и велат дека воопшто не била тешка, а дел од нив веќе имале искуство во работа на шанк, послужување на гости и подготовка на коктели. Еден од кандидатите, Бобан Пашоски, кажа дека оваа обука за него претставува дополнителна можност да се научи, како...

Продолжи со читање

Костеска: Да не се врши притисок за упис на децата во охридската градинка

Post Views: 155 Стартот на учебната година напорен во охридската детска градинка „Јасна Ристеска“. Капацитетите на установата максимално дури двојно повеќе се исполнети, односно во моментов запишани се 780 деца а 130 чекаат. Директорката на јавната општинска установа Розе Костеска го потврди зголемениот интерес за упис во оваа учебна година, посебно огромниот интерес од страна на родителите нивните деца да бидат згрижени и восапитувани во централниот објек . Па оттука Костеска категорична, адресата на живеење е адреса за влез во кој објект ќе бидат запишани нивните деца, и апелира,...

Продолжи со читање

Жешка тема од безбедноста на информатичкиот универзитет во Охрид

Post Views: 160 Тренинг на математичари и информатичари под покровителство на НАТО за шифрирање и дешифрирање на пораки поврзани со безбедноста или криптографија. На научниот собир се обрати министерот за одбрана, Зоран Јолевски. Тој истакна дека активностите кои ги презема Владата за инвестирање во високото образование за поврзување на македонските високообразовни институции со универзитети од Европа и САД како и активно учество во слични заеднички научни проекти, ќе ги подобри условите во вклучување на нашето образование во светските трендови, што е еден од основите за развој како...

Продолжи со читање

Голема дупка на ул. „Богомилска“

Post Views: 166 Раскопана ул. Богомилска. Голема дупка од која линее вода десеттина дена не само што ја нагрдува улицата туку околу неа се создава кал, која се разнесува насекаде, а надлежните не интервенираат, реагираат мештаните. Дупката е на фрекфентно место, односно оттука поминуваат голем број граѓани кои ги посетуваат двете приватни здравствени установи а и многу возила бидејќи од тој потег директно се поврзуваат на Туристичка и Даме Груев.  Тие не сакаа да коментираат пред камерата на ТВМ но кажаа дека жалосно е што оваа улица актуелниот градоначалник Никола Бакрачески на почетокот...

Продолжи со читање

Од Охрид започнува откривање на таленти

Post Views: 164 Раната идентификацијата на талентите треба да започне од најраната возраст. За прв пат во Македонија се реализира еден грандиозен проект „Откривање и работа со надарени и талентирани во предучилишните установи“. Според проф. Љупчо Кевероски, во фокусот на овој проект е раната идентификација и препознавање на талентите или со други зборови кажано, Македонија прави еден радикален чекор кога станува збор за компетенциите за воспитниот и другиот стручен кадар, да направи своевиден пресврт во однос на гледањето на оваа популација. „Се работи под секакво соучество на еминентни...

Продолжи со читање

Успение на Пресвета Богородица – Празник на мајката Божја

Post Views: 206 Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско денес го одбележува големиот христијански празник Голема Богородица. Овој ден спаѓа во дванаесетте големи христијански празници а поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Река од луѓе денес ја посетија истоимената црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, се помолија за здравје, ксмет, запалија свеќи, каснаа нафора наполнија од осветената вода а некои се причестија после двонеделниот Богородичен или...

Продолжи со читање

Слаб одзив во Пештани на „Отворени социјални денови“

Post Views: 277 Директорот на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа, Екрем Каљоши во посета на туристичката населба Пештани, за да ги слушне проблемите на луѓето кои се под социјален ризик. Одзивот на мештаните беше слаб, но сепак и оние малку присутни, го поздравија Владиниот проект „отворени социјални денови“ во руралните средини и го изнесоа нивното мислење во врска со средбите од ваков карактер. Тие бараат поголема вклученост на институциите не само на Центарот туку и на Локалната самоуправа на Охрид.„Имам болно дете од аутизам и задоволна сум од услугите од Центарот,  но...

Продолжи со читање

Огромен интерес во Охрид за Владиниот проект за отпишување на долгови

Post Views: 169 Охриѓани покажуваат голем интерс за акцијата за еднократен отпис на долговите за најсиромашните граѓани. Секој ден околу 50 барања се доставуваат во Меѓуопштинскиот Центар за Социјални работи поточно до одделението за детска заштита при центарот кое се наоѓа наспроти амбулантата „ Маларична“, вели првиот човек на центарот Екрем Каљоши  „Сметам дека освен неопходната потреба од чекање, активностите се одвиваат непречено, имаме добар прием кај граѓаните се надеваме дека бројката на луѓето кои што ќе го остварат ова право за Охрид ќе биде задоволителна односно луѓето...

Продолжи со читање

Охрид ќе соработува со Дортмунд, Германија

Post Views: 178   Поранешниот градоначалник и актуелен советник во Советот во Дортмунд, Германија, Рутиге Шмит, во работна посета на Охрид. Тој оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Германскиот советник со став дека денешната средба претставува добар почеток за широка и долгорочна соработка помеѓу двата града. Градоначалникот Бакрачески  нагласи дека постои реална потреба за една ваква соработка во повеќе сфери што е и цел на денешната протолколарна средба. Додаде дека таа соработка во иднина би дала долгорочни резултати помеѓу Охрид и Дортмунд.„Разговаравме за можностите...

Продолжи со читање

Ќе се менува грбот на Охрид и името на охридскиот кеј

Post Views: 220 ТВМ во неколку наврати  информираше дека според правилата на  УНЕСКО треба да се промени грбот на Општина Охрид, бидејќи симболите на оваа меѓународна организација не смеат да се употребуваат во ознаки на други институции. Иако беше најавувано дека новиот грб ќе биде промовиран на Свечената Академија по повод патронот на градот Св.Климент Охридски, тоа не се случи. За промената на симболите на грбот на Охрид, ќе одлучуваат Охридските советници, на наредната седница, која е закажана за петок 22ри август.  Освен за грбот, советниците на оваа седница ќе одлучуваат и...

Продолжи со читање

Бакрачески: Туристичкава сезона ќе биде подобра од минатата

Post Views: 164 „Ве уверувам дека годинашнава туристичка сезона ќе биде подобра од минатата и претходните години“, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Додаде дека ова ќе го потврдат обработените статистички податоци кои ќе ги имаат за месец и пол дена после продолжената летна сезона. Охрид не е било која туристичка дестинација во светот, нашиот град на едно место ги има културните, историските, природните, духовните вредности, кои се реткост за една туристичка дестинација и тоа сите треба да го ценат.„Јас сум човек кој што е познат по тоа што не манипулира со произволни...

Продолжи со читање