Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

ХОТАМ, со барања до Владата

Post Views: 6   Дваесеттина предлог мерки за подобрување на условите за вршење туристичка и хотелско угостителска дејност. Ова барање до Владата го достави Хотелската асоцијација на Македонија. Крсте Блажески, претседателот на оваа организација, смета дека пакет мерките се во насока за стимулирање на изградба на квалитетни хотелски капацитети во охридско струшкиот регион. Дел од барањата според Блажески биле намалување на комуналиите и рамноправност со странските инвеститори. „Странските инвеститори секако дека не се отфрлени, но јас би рекол дека тука треба да ги добиваме...

Продолжи со читање

Хрватите „Судар перкашн“ на Охридско Лето

Post Views: 8   Вечер на сцената во Предворјето на црквата „Св Софија“ ќе настапи популарниот хрватски ансамбл „Судар Перкашн“. Тие се за прв пат во Македонија на фестивалот Охридско Лето. Музичкиот селектор Гордана Јосифова Неделковска, истакна дека продолжуваат и понатаму да ги бараат уметниците кои што досега не биле на фестивалот, а низ цел свет прават концерти за паметење и претставуваат на свој начин вистинска атракција. „Во нашата меѓусебна комуникација тие предложија два проекти. Едниот беше рок-ин, тоа им е понов проект, во кој што изведуваат обработка на нивните...

Продолжи со читање

Промоција на белгиски танц

Post Views: 8 Промоција на белгиски танц и култура во Охрид и Струга. Настапувајќи низ целиот свет, Инкар Дансинг, групата ќе се претстави пред љубителите на модерниот танц. Станува збор за млади студенти од Белгија на кои модерниот танц им е хоби. Тие изведуват невообичаени, уникатни и прекрасни точки, со кои ја воодушевуваат публиката насекаде каде што досега настапиле, а посебно се атрактивни кога во танцот употребуваат знамиња. Нивниот менаџер Руди Путоман вели, чест е да се работи со млади талентирани деца кои одлично ја претставуваат Белгија и верува дека во иднина...

Продолжи со читање

Уникатни инстрименти за прв пат во Македонија на Охридско Лето

Post Views: 13 Фестивалот Охридско Лето ја потврдува својата ексклузивност преку гостување на уметници кои музицираат на ретки инструменти кои до сега не се слушнати во Македонија, но и во регионот. Како што информираше музичкиот селектор на Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска, по извонредниот настап на „Glass Duo“, фестивалската публика вечерва ќе има ретка можност да ужива во музицирањето на уште еден уникатен инструмент, Алфорн. Станува збор за дуо, кое со интерпретација на својот уникатен звук доживува огромни успеси насекаде во светот, додава Неделковска. „Во...

Продолжи со читање

Зголемен бројот на стомачни вируси

Post Views: 10 Зголемен е бројот на прегледи на инфективното одделение при Општа болница Охрид. Др Гордана Пешликоска вели дека тоа е нормално за овој период од годината бидејќи стомачните вируси се најизразени во летниот период. Со симптоми на цревни вируси и бактериски труења се јавуваат лица од локалното население, туристите, а има случај кога и цели семејства ги чуствуваат симптомите на т.н. „Стомачен грип“, нагласува Др Пешликоска.  Таа појасни дека стомачен вирус или гастроентеритис е медицинска состојба која се карактеризира со воспаление на гастроинтестиналниот...

Продолжи со читање

Лидерска академија за жени

Post Views: 8 Презентација на животни искуства, создавање кративен план, тимска работа, како и најразлични други вештини и знаења и годинава беа дел од активностите на учесниците на проектор Лидерска академија за жени. Преку едно уникатно искуство учесничките имаа можност десеттина дена во Охрид, да работат во групи, на теми кои се однесуваат на жената, тргнувајќи од телото, срцето, умот и душата како што појани претседсателката на Сороптимист Струга, Снежана Зороска Чолакоска „Целта на проектот Лидерска академија за жени, пред се се однесува на лидерството, на млади девојки и...

Продолжи со читање

„Сонот на Гогољ“ вечерва во предворјето на Св Софија

Post Views: 6   „Гогољ“ е тема која девет години е на репертоарот на „Сфумато тетарот“ од Бугарија. Таа секогаш се изведува во сали исполнети до последното седиште со љубители на театарската уметност. Театарската претстава „Сонот на Гогољ“ зборува за еден провинциски човек кој доаѓа од Украина и се наоѓа во Санкт Петербург. Тој сонува за својата земја каде ќе ја сретне својата мајка, а ќе се најде и во лудница. Истакнатиот професор од Факултетот за драмски уметности во Софија, Иван Добчев, образложува дека актерите на Сфумато театарот од Бугарија ќе го доловат Гогољ преку...

Продолжи со читање

Пештанските гробишта претесни

Post Views: 10   Во туристичката населба Пештани нема повеќе место за погребување на починатите. Евидентно е дека последниве години упорно се потенцира дека Пештани е населба која се шири и по површина и по број на жители, а гробиштата се веќе претесни и овој проблем е горлив, за ТВМ открива Драган Тренески, претседател на МЗ. Додава дека тоа било утврдено и на собирите со мештаните во координација со Црковниот одбор. „Во моето досегашно работење овој проблем е истакнат дека бара решавање веднаш. Сите напори во поглед на решавање на овој проблем се преземени имаме неколку...

Продолжи со читање