Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Државно првенство во кајак на мирни води

Post Views: 182 Денес се одржа државното првенство на Македонија во кајак на мирни води. Силите во неколку категории ги одмерија кајакарите од двата охридски кајакарски  клуба Ехо и Стрмец и КК Црн Дрим од Струга. Се веслаше патеката од 500 метри со старт од пред хотел Палас до финишот пред хотел Милениум. Три екипи не учествуваа на државното првенство од непознати причини вели главниот судија Менсур Рифат.„Се одржаа трки на 500 метра во К1 и К2 во сите категории, значи пионери, пионерки, кадети кадетки, јуниори јуниорки, сениори сениорки, времето не послужи“ – изјави Рифат.Претседателот...

Продолжи со читање

Почна фестивалот на вино и сирење во Охрид

Post Views: 176   Плоштадот „Крушевска република“ во Охрид синоќа беше преполн со посетители. На дваесет штандови луѓето имаа можност да ги вкусат разните видови сирења и преработки од млеко, да го дегустираат традиционалнолто бело, розе и црвено вино, а и да се заблажат од пчелните производи. Фестивалот на сирење и вино навистина е магнет за привлекување на туристи, велат граѓаните кои ги анкетиравме„Убаво е да се случува се почесто. Пробав пита со сирење и ѓомлезе. Можам да ја поздравам една ваква манифестација затоа што привлекува доста туристи сакаат да пробаат од овие наши јадења...

Продолжи со читање

Меѓународна академија по пијано од 17 до 27 август во Охрид

Post Views: 182 Уште еден фестивал на мапата на Охрид за промоција на градот. Станува збор за фестивалот Пијано Самер Охрид кој ќе се одржува од 17 до 27 август, а воедно во рамките на фестивалот во исто време ќе се одржува и меѓународната летна академија по пијано.  Јана Бегин организатор на овој фестивал нагласува дека остварувањето на една ваква замисла пред се се должи на поддршката на Лоалната самоуправа на Охрид.  „Самата идеја за организирање на една ваква летна академија потекна од нашето пријателство. Вакви академии досега сме организирале во Верона во Италија, на Бодензе,...

Продолжи со читање

Зафати во Болничките цркви од наесен

Post Views: 185 Како што телевизија ТВМ информираше пред десеттина дена, сепак ќе се уредува дворното место на болничките цркви Св Богордица и Св. Никола. Поттикнати од бројните забелешки на граѓаните кои постојано укажуваа на грдата слика од разурнатиот ѕид, ја продолжуваме сторијата за болничките цркви. Првиот човек на Завод и Музеј Тања  Паскали Бунташеска открива дека есенва ќе се уредува дворнотo место на овие две цркви. „Ќе се регулира во теков на есенскиот период, моментално изработуваме заштитно конзерваторски основи потребни за урбанизација на тој простор и се надевам дека...

Продолжи со читање

Доделени дипломите на матурантите од ОСУ „Св Климент Охридски“

Post Views: 173   Матурантите од ОСУ „Св Климент Охридски“ пред охриѓани синоќа на Антички театар се претставија во најдобро издание и покажаа дека се подготвени да продолжат со предизвиците кои им ги носи животот. Тие најавија дека своето образование ќе го продолжат на некоја од високообразовните институции и изразија надеж дека со идниот ангажман во општественото живеење ќе бидат носителите на идниот развој на локалната заедница и државата. Родени сте да успеете, вака во името на општина Охрид на завршените средношколци и на останатите присутни на Антички театар им се обрати Ангел...

Продолжи со читање

Денес македонските верници се поклонуваат пред Св Петка

Post Views: 187 Велгошти синоќа и денес беше претесно да ги собере верниците кои се поклонија пред Св Петка Римска заштитничката на селото. Според велгоштани, по повод големиот христијански празник над 20 000 верници го посетиле ова свето место за кое се верува дека има чудотворна моќ, посебно лековитата вода  која помага при очобол, како што кажаа мештаните. Интересно е и тоа што мештаните од Велгошти кога ја зборуваат вистината се колнат „Жими златна Св Петка“.„Најголемиот ден за нас да ни поможи златна Св Петка да даде здравје, таа е заштитничка на стари, млади и на градови села....

Продолжи со читање

Пази, отворена шахта

Post Views: 208 Отворени шахти без заштитни капаци се уште има низ повеќе улици во Охрид. Дел од нив, односно отворените шахти во близина на Бејбунар, како и на потегот помеѓу двата кружни тека кај населбата Бараки, подолг период служат како контејнери. Жителите не сакаа да зборуваат пред нашата камера, но позади камерата кажаа дека дупката на потегот кај Бараки, 5 години стои отворена и досега никој не презел ништо, иако во Фондот за комунален развој патишта и сообраќај уредно укажале за овој проблем. Тие бараат одговорните да го решат проблемот, пред некој да настрада. Од Локалната...

Продолжи со читање

Бекатонски крпеници, наместо асфалт

Post Views: 167 Ударните дупки во делови од градот наместо со асфалт во последно време се крпат со бекатон плочки. Таквите бекатонски крпеници најочигледни се на бул. Туристичка. Од Локалната самоуправа со свое објаснување. Портпаролот Томе Џамтоски вели дека забелешките и укажувањата на граѓаните биле на место, но согласно одлука на Совет во периодот од 01 јули до 1 август имале забрана за изведување на поголеми градежни зафати.„Како што од Секторот за сообраќај и улици најавуваат во текот на овој месец или најдоцна до септември ќе треба да се пристапи кон изготвување на тендер за...

Продолжи со читање

Брза помош Охрид со полни раце работа

Post Views: 243 Се зголеми бројот на посетите и јавувањата во брзата помош во Охрид. Тоа пред се должи на високите температури, напливот на гости посебно за време на празниците и тоа не само кај хронично болните туку и кај здравите луѓе. Раковдителот на брза помош д-р Ацо Стојаноски нагласува дека во овој период на зголемена фрекфениција на прегледи и повици посебен ризик се јавува кај луѓето што се со срцево белодробни заболувања, стари лица, деца, трудници. Присутен е стомачниот вирус но имало интервенции кај лица кои се пожалале на зголемена телесна температура, треска итн. Додава,...

Продолжи со читање

Изложба на Емел Махмуд во куќата на Робевци

Post Views: 167 Синоќа во куќата на Робевци беше отворена првата самостојна ликовна изложба на Емел Махмуд. Како што кажа уметникот Никола Николоски за делата на Емел, публиката нема видено досега вакви неоткриени дела. Додаде, дека Емел сликите ги чувала само за себе бидејќи нејзиниот сензибилитет не и дозволувал своите дела да ги покаже во јавноста.„Преку доста голем број на разговори ние успеавме да ја натераме на некој начин да отвори своја изложба во прекрасната куќа на Робевци во Националниот Музеј и ова е една прекрасна можност да ги видиме нејзините слики кои со години биле...

Продолжи со читање

Илинден одбележан во Охрид

Post Views: 171 Македонија и Охрид знае кое е значењето на втори август, рече градоначалникот Никола Бакрачески на денешното чествувањето на Денот на републиката. Тој на сите македонци каде и да се им го честита најголемиот македонски празник и истакна дека денес живееме во време кога еден мал народ по број, но голем по душа се уценува да биде обезличен и идентитетски избришан и да се откаже од заветот кој го дадоа нашите предци пред 111 години и пред 70 год на двата Илиндена од заветот  за кој тие крвареа и страдаа.„Денес во овој нов милениум во време на модерен живот прогрес и просперитет...

Продолжи со читање

Крвава тепачка на тинејџери во Охрид

Post Views: 171 15 тинејџери од Скопје физички се пресметувале синоќа на Kеј Маршал Тито . 10 минути после полноќ  дошло до  тепачка меѓу две групи тинејџери од Скопје, во која на  едно лице му биле нанесени убодни рани од нож. Избодениот тинејџер бил пренесен во Медицински центар Охрид, каде му била извршена хируршка интервенција и е задржан на понатамошно лекување. СВР го потврдува настанот. Портпаролот Стефан Димоски вели дека веднаш излегле на лице место на настанот и презеле активности за расветлување на случајот што резултирало со откривање на сторителите.„Во текот на денешниот...

Продолжи со читање