Автор: Николоска Биљана
Post Views: 164 Илинден е празник кој ги обединува сите македонци каде и да се. Денес, еден ден претходно се собравме да го одбележиме најголемиот празник на Македонија и македонскиот народ. Со тоа даваме почит и се потсетуваме на нашите предци кои несебично своите животи ги втемелија во слободата на нашата нација, рече заменик градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев, на денешното одбележување на двата Илиндени.„Денес овде сите ние се присетуваме на двата илиндена кога нашиот народ после повеќе векови почна да се буди како културно, така и политички и почна да го крева својот...
Грдата слика кај болничките цркви ќе чека есен
Post Views: 173 До редакцијата на Телевизија ТВМ пристигнуваат реакции од граѓани од стар град во врска со разурнатиот ѕид на црквата Св. Богородица Болничка. Состојбата на тој потег ја нагрдува сликата која најубавиот дел од Охрид ја остава кај туристите. Состојбата е непроменета речиси две години. Според она што го слушнавме од мештаните тие не навлегуваат во плановите кои МПЦ ги има за тој потег, но сметаат дека додека се реши проблемот со дозволата за понатамошни активности на локацијата барем да се санира ѕидот. Ова лето нема ништо да се превзема за враќање на ѕидот во првобитната...
Нема пријава за корупција во охридскта Локална самоуправа
Post Views: 190 Ниту еден граѓанин не пријавил анонимно мито и корупција во Локалната самоуправа. Пред три месеци Локалната го промовираше телефонскиот број 046 262 469 како и eмaил адресата prijavikorupcija@ohrid.gov.mk на кој граѓаните анонимно можат да пријават службеници доколку им се случило да им побараат поткуп за одредена услуга. Од ваквиот податок може да се заклучи дека државните службеници совесно си ја вршат работата и нема злоупотреби на службата или граѓаните тешко се охрабруваат да пријават незаконски дејствија. Од „Транспаренси интернешнел Маседониjа“ велат дека ваквиот...
Пресврт во ЈП „Градски Гробишта“
Post Views: 176 ЈП „Градски Гробишта“ вратило 60% од старите наследени долгови, се пофали првиот човек на ова ЈП, Зоран Симоноски на денешниот брифинг со новинарите. Имено долгот изнесувал 10 милиони денари и за период од нецела година вратени биле 6 милиони денари. Според него тоа се должи на низата мерки кои ги презело новото раководство на претпријатието, како што се, работните ангажмани кои на претпријатието му ги обезбедиле Локалната Самоуправа и Фондот за комунален развој, отпочнување на производство на сопствени бетонски производи, отворањето на новиот наплатно информативен...
Охрид заслужува постојана поставка со делата на големиот Вангел Наумоски
Post Views: 229 Изложба на 22 дела од големиот охридски ликовен творец Вангел Наумовски насловена како „Портрети и ликови“ деновиве е поставена во куќата на Уранија во Охрид. После подолго време љубителите на неговата уметност имаат можност да се сретнат со неговите дела. Оваа колекција на слики за прв пат е пред очите на јавноста и како што рече неговиот потомок синот Рубенс Наумовски изложбата претставува блиц, ретроспектива на неговото творештво низ годиниве. Исто така тој нагласи дека годинава по повод двата големи јубилеи, 90 годишнината од раѓањето на Вангел Наумовски, како...
Без енергетски сертификат нема градежна дозвола
Post Views: 310 Нема дозвола без сертификат за енергетска ефикасност. При издавањето одобрение за градба согласно законот мора да се обезбеди изјава и сертификат од лиценцирано лице или фирма за енергетска ефикасност. М-р Игор Шешо асистент на машинскиот факултет вели дека од 2015 година секој објект ќе треба да има сертификат за енергетски карактеристики. Додава дека пред еден месец на машинскиот факултет завршила обуката за енергетски контролори односно за лицата кои ќе вршат проценка на енергетските карактеристики на зградите. „Со енергетски сертификат се пропишува колакава треба...
Романска делегација од Решица во посета на Охрид
Post Views: 180 Прва официјална средба на двата града, македонскиот Охрид и романскиот Решица. Тоа значи почеток на пријателски односи и можност за воспоставување на идна соработка во делот на образованието, спортот, културата и економијата . Двете страни ги разгледаа и можноста што ги нудат Европските фондови околу реализација на заедничките проекти за период 2014- 2020 година.„Ова е прва средба, благодарни сме што денес тие беа наши гости разговаравме на теми поврзани за и околу некои проекти од повеќе облести. Споменавме делот на турзмот, образованието, културната соработка, културното...
Во охридско пронајдени гранати од Прва светска војна
Post Views: 163 Тринаесет артилериски гранати се пронајдени во Лескоец, охридско. До нив дошле работниците на скопската фирма Вардар вчера при вршење ископ за поставување на фекалната канализација во ова село. Тие веднаш прекинале со работа и случајот го пријавиле во полиција. Љупчо Прескакулов, од Дирекцијата за заштита и спасување вели дека веднаш после укажувањето од охридскиот сектор за внатрешни работи екипи излегле на лице место и ги извршиле сите потребни активности за детектирање и деактивирање на убојните средства. Според него станува збор за неексплодирани гранати со калибар...
Инфо пултовите во Охрид често се расипуваат
Post Views: 174 Само 5 инфо пултови се функционални од вкупно 10 колку што има набавено Општина Охрид. Два се целосно вон употреба, еден на влезот од градот кај туристичкото биро и еден кај автобуската станица. Нов инфо пулт ќе се постави кај Долна порта а за уште два се размислува за најсоодветна локација. Во моментов домашните и странските туристи можат на дигитален начин и од улица да го изберат објектот каде што ќе се сместат, да ги видат содржините на градот, како и да погледнат кои културно историски споменици можат да ги посетат преку Инфо пултовите пред општинскта зграда,...
Се уредува паркингот кај „Студенчишта“
Post Views: 174 Започнаа активностите за уредување на паркинг просторот наспроти Центарот за обука на вода во непосредна близина на мостот кај каналот “Студенчишта“ со кој стопанисува ЈП “Билјанини извори.“ Активностите ги реализираат охридските јавни претпријатија “Ниско градба“ и “Градски гробишта“. Паркингот се очекува да биде ставен во употреба на крајот од оваа недела и ќе биде наменет за паркирање на околу 60-ина автомобили, информираат од Локалната Самоуправа. Паркирањето ќе изнесува 30 денари за час. Добро е што просторот се уредува затоа што од пред една недела граѓаните...
Трпејца полупразна, допрва очекува гости
Post Views: 169 Македонското Сен Тропе, туристичката населба Трпејца на сред туристичка сезона полупразна. Единствени гости кои што можат да се забележат се холандските туристи и понекои домашни. Гостите задоволни од убавините на местото, гостопримството на трпејчани а немаат ниту замерки за висината на цените. Претставниците на туристичките агенции пак се обидуваат во своите понуди да вметнат што повеќе интересни содржини за да ги привлечат странските гости. „Агенциите нудат големи екскурзии со различни групи, различни луѓе и воопшто холанѓани и најголемиот дел од луѓето кои доаѓаат...
Бакрачески во посета на Трпејца
Post Views: 164 Дислокација на една од трафостаниците, слаб притисок на водата, немање паркинг простор, изградба на пречистителна станица се само дел од проблемите кои ги засегаат трпејчани. Денес, тие имаа можност лично на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески да му укажат на овие потреби. Градоначалникот ги сослуша и вети во догледно време дека лично тој и службите на Локалната Самоуправа ќе се заложат да се подобри живеењето на месното население во Трпејца, со цел и тие да ги подобрат услугите кои им ги даваат на гостите. Бакрачески нагласи дека изградба на пречистителна...