Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Лабуништани загрижени за прекумерната сеча на дрва

Post Views: 14 Немилосрдно се уништува шумската површина во Лабуништа, струшко, реагира месното население. Претседателот на Месната заедница Алија Тасими, вели дека не се против работата на ЈП „Македонски Шуми“ да стопанисува со шумите, меѓутоа боде очи начинот на кој тоа го прават, надлежните во Струга. Тој вели дека и покрај тоа што протестирале пред струшкото шумско стопанство и оствариле неколку комуникации со директорот, тоа досега не вродило со никакви резултати, па го повикуваат директорот да дојде на лице место на терен, да види што се случува и да преземе соодветни...

Продолжи со читање

Лабуништа, струшко, важи за мирно населено место

Post Views: 15   Во Лабуништа струшко, живее многу гостопримлив народ. Секогаш насмеани, лабуништани ќе ве информираат за се што ви треба, ќе ве поканат во својот дом на чај, кафе, но не ве оставаат ниту гладни, туку ќе ве нагостат со доручек или ручек во зависност од времето кога сте ги посетиле. Сеуште ова населено место важи за еснафско и гурбетџиско село, бидејќи голем дел од мештаните за својата егзистенција заработуваат пред се од земјите на ЕУ. „Лабуништа има повеќе од 9000 жители има околу 2500 работоспособни. Има голем дел кои се на печалба, но и таму не е како што...

Продолжи со читање

Лабуништани градат од самодоприност, не помага ниту централната ниту локалната власт

Post Views: 9   Со доаѓањето на Зијадин Села на струшката градоначалничка позиција, во Лабуништа, струшко, после пауза од 15 години повторно функционира Месна заедница. Формирање на заедница која ќе се грижи за потребите на граѓаните беше повеќе од неопходно вели нејзиниот претседател Алија Тасими, бидејќи според него, Лабуништа е едно од најголемите населени места во републикава. Но Тасими, за ТВМ открива дека работите не тргнале во посакуваната насока и воопшто не бил испочитуван договорот, со актуелниот градоначалник. „Немаме никаков паричен надомест од општина Струга...

Продолжи со читање

Ризична депонија над Лабуништа, струшко

Post Views: 7   Дивите депонии го гушат Лабуништа и околните струшки села. Лабуништани сакаат да се исчисти дивата депонија која е лоцирана над селото, од каде постојано се шири неподнослива смрдеа и го отежнува дишењето посебно во летниот период. Директорот на ЈП „Хигиена“ Исмет Лапоски, вели дека цел тим од 15 луѓе се ангажираат околу хигиената и одлагањето на сметот во селото, но нагласи дека како претпријатие се судруваат и со низа проблеми. Пред се тој смета дека сеуште многу треба да се работи на подигање на свеста кај населението за јавната чистота, но и изградбата на...

Продолжи со читање

„Саем за наука и култура“, во Јахја Кмал Струга

Post Views: 9 Секоја втора година приватното средно училиште „Јахја Кемал“ традиционално го организира „Саемот за наука и култура“. Овој саем претставува изложба на научни експерименти и културолошки проекти од области на предметите матеметика, физика, хемија, биологија, информатика, англиски јазик, македонски јазик, албански јазик, турски јазик, историја и географија, изработени од повеќе групи ученици од неколку училишта од Струга, Охрид, Дебар ,Кичево, Ресен. Заменик директорот Коста Хиохи истакна дека вистинско задоволство е на едно место да се забележат толку насмевнати...

Продолжи со читање

Лабуништани бараат затворање на каменоломитеи повлекување на концесиите

Post Views: 6   Прекрасната природа и чист воздух во Лабуништа струшко, се гуши во прашина од каменоломи. Како што за ТВМ изјавија жителите од ова село нивниот кошмар започнал пред две децении во 1997 година кога во радиус од еден километар никнале три каменоломи, а од пред извесно време со работа почнал уште еден. Лабуништани се гневни на надлежните посебно на Министерството за економија, кое издава дозволи за отворање на каменоломи. Абдула Ќазимоски жител на Лабуништа истакна дека не е добро на сметка по здравјето на 9000 илјади жители колку што има во нивното село, да се...

Продолжи со читање

Струшката градинка дел по дел ги решава проблемите

Post Views: 5   Струшката градинка „8 ми Март“, дел по дел ги надминува проблемите со кои години наназад се соочува. Објектите во кои престојуваат околу 500 деца речиси 35 години не се комплетно реновирани. Проблемите од недостаток на простор, зголемениот интерес за престој на дечиња, кровот кој и при најмали врнежи од дожд прокиснуваат, директорот на установата Сашо Клечкароски, се нафатил сериозно да ги реши. Тој не крие дека наследил незавидна состојба, но и тоа дека успеал околу 90% од истиот да го врати и во моментов немаат посериозни долгови. „Во моментот кога почнав со...

Продолжи со читање

Прифатен центар за кучиња скитници, приоритет на Југозападен плански регион

Post Views: 5 Општина Струга е подготвена да избере локација за изградба на регионален прифатен центар на бездомни кучиња. Но, според градоначалникот на Струга, Зијадин Села, прво треба да почне да работи полицијата и да го спречи нелегалното транспортирање на кучињата скитници од град на град, бидејќи досега како што истакна Села, нема официјален податок за регистрирање и санкционирање на таква појава. Откако тоа би се решило, локалните самоуправи од Југозападниот плански регион ќе можат да пристапат кон долгорочно надминување на овој горлив проблем. „Јас како градоначалник...

Продолжи со читање