Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Зачестија дефектите во Охрид

Post Views: 174 Ова е трет поголем дефект за само два дена на подрачјето на општина Охрид. Синоќа жителите на улиците „Гоце Делчев“, „Дејан Војвода“, „Пере Тошев“, „Петар Поп Арсов“, „Стив Наумов“, „Јабланица“ и делови од булеварот „Туристичка“, до нешто после полноќ останаа без вода. Интервенцијата траела до доцна во ноќта затоа што  пукнала цевка со димензии Фи 300 и целата морала да биде заменета. И овој пат како и во претходните случаи со дефектите кај  Енерго Центар на ЕВН и наспроти СВР Охрид, кога жителите во реонот останаа без вода, директорот на МЈП Проаква Томе Паскалиев...

Продолжи со читање

Паркингот во Охрид поскапи или не

Post Views: 174 Дел од паркинзите од  зона Б, со одлука на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“, префрлени во зона А. Со тоа практично, паркирањето на најголем дел од паркинзите во градов поскапува иако не е променета цената  за паркинг место со одлука на совет. Граѓаните  реагираат дека  не се информирани кои паркинзи се префрлени во зона А каде што се наплатува по 30 ден за час. И што е уште поважно, дали Управниот одбор на јП, може, со одлука сите паркинзи од зона Б да ги префрли во поскапата зона без за тоа да побара амин од градските советници.Од ЈП „Билјанини Извори“ не...

Продолжи со читање

Бурна седница на охридскиот Совет

Post Views: 161 Бурна седница на охридскиот Совет. Обемниот дневен ред од 74 точки беше надополнет со уште 3 точки, по предлог на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески. Предлог одлука за добивање согласност на одлуката за усвојување на физибилити студијата за ЈП Градски Пазар, предлог одлука за започнување на повторена постапка за доделување на договор за воспоставување на ЈПП за изградба на затворен пазар во Охрид и предлог одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на ценовникот на услугите на ЈП „НИСКОГРАДБАОХРИД“ Охрид. Овие предлог одлуки неприфатливи од страна...

Продолжи со читање

Ако е паркинг, треба да се уреди да личи на паркинг

Post Views: 171 Деновиве почна да се наплатува паркинг кај атрактивната плажа „Куба Либре“. Граѓаните затечени од тоа затоа што ништо на просторот не укажува дека станува збор на паркинг. Лицето кое што наплатува паркинг се претставувало како вработен во ЈП „Билјанини Извори“. Од прпетпријатието велат, паркингот е на Билјанини Извори и дека на него легално ја вршат дејноста организирање и наплата на паркинг.Просторот кој најмалку наликува на паркинг е дел од планот за спас на ЈП „Билјанини Извири“. Имено во писмениот допис од Локалната самоуправа се вели, цитат: „Паркингот оваа година...

Продолжи со читање

Слаб интерес за згрижувачки семејства воОхрид

Post Views: 184   Во тек е кампањата на Министерството за труд и социјална политика „На секое дете му е потребно семејство“. За таа намена охридскиот Центар за социјални работи изготви акционен план за спроведување на владината кампања, во кој предвидено било настап на медиумите како и трибини во населените места во градов и руралните средини, вели Гордана Атанасова од Центарот. Планот се изготвувал со цел народот да се запознае со условите и критериумите како едно семејство да пројави интерес да биде згрижувачко, додава таа. „Во Охрид засега имаме две згрижувачки семејства, сметаме...

Продолжи со читање

Ден на дефекти во Охрид

Post Views: 196 Ул. „Македонски просветители“ блокирана од дефекти. За кратко време на овој потег се случија два поголеми дефекти речиси на исто место. Граѓаните на социјалните мрежи десеттина дена наназад коментираат дека газат по калливи улици и постираат слики од состојбата. Немаме детали за карактерот на дефектот, како и за тоа, зошто за толку кратко време се повторува проблемот на истата локација. Од ЈП Водовод Охрид денес беа  недостапни за коментар. Граѓаните со бројни забелешки, велат дека дефектите не се нешто ново и чудно во градов. Тие бараат, барем во летната сезона,...

Продолжи со читање

Итна медицинска помош од денес во Љубаништа

Post Views: 220 Започна да функционира амбулантата во Љубаништа. Истата ќе работи секој ден од 10 до 18 часот. Според изјавата на директорот на Здравствен дом, Митко Дабески, со отварањето на амбулантата во Љубаништа ќе се постигне поголема мобилност и брза интервенција во населбите и плажите во околината на Љубаништа. „Тим доктор, сестра и шофер со возило, тие 8 часа ќе бидат таму и ќе прегледуваат пациенти во амбулантата во тој дел Трпејца и Љубаништа ќе ги покрива и плажите до Св Наум до границата и долу плажите“.Амбулантата во Љубаништа требаше да биде отворена од 1 јули. Дабески...

Продолжи со читање

Редици пред Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН Охирд

Post Views: 175 Редици пред шалтерите на Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН во Охрид. Не ретко редицата од граѓани кои чекаат да си ги платат сметките излегува дури и надвор.  Нервоза и напнатост може да се забележи кај граѓаните, велат дека проблемот е во тоа што многу бавно се извршува плаќањето. Граѓаните сметаат дека доколку празните столчиња на пунктовите се исполнат со кадар на ЕВН, би се намалил метежот.„Пола саат чекам треба да се запосли уште една работничка Не е ова издржливо на ваков начин не се работи ние не сме отука не живееме тука ама вака не е добро. Повеќе шалтери,...

Продолжи со читање

Пристигнаа ѕвездите што ќе го отворат Охридско лето

Post Views: 170 Пристигнаа звездите на 54 тото издание на реномираниот фестивал Охридско лето, сопранистката Барбара Фритоло и баритонот Лео Нучи од Италија. Светски познатите уметници не го криеа задоволството што се во Охрид. Првите впечатоци ги добиле летајќи со приватниот авион над Охридското езеро.„Многу сме среќни што сме овде, прв пат сме во вашата земја мило ни е што ја имаме оваа можност да настапиме пред публиката во оваа прекрасна земја – вели Фритоли. Сите ми кажуваа дека ова е прекрасно место со убаво езеро и навистина е така. Ви ветувам дека утре ќе ви приредиме...

Продолжи со читање

Иванов – Насилството нема да се толерира

Post Views: 157 Ѓорге Иванов, претседателот на Република Македонија, по бројните забелешки за молкот околу протестите за процесот „Монструм“ денеска од Охрид се огласи со свој став. Тој истакна дека постојано бил во контакт со институциите околу сите настани во врска со протестите и ги осуди сите насилни акти кои се случуваат. Иванов нагласи дека протести се дозволени секаде, меѓутоа насилството не е дозволено и не се толерира. Според него во државата постојат надлежни институции кои функционираат и преземаат се што е потребно за да се спречат појавите на било какво насилство.„Гледаме...

Продолжи со читање

Охрид конечно доби автопазар

Post Views: 305 Охрид конечно доби автопазар. Трговците со половни автомобили како и оние граѓани кои што сакаат да купат половно возило, веќе нема да одат во други градови за оваа потреба, рече градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески, на денешното официјално отворање на новиот охридски автопазар.„Сметам дека со ова успеавме да излеземе во пресрет и на граѓаните на Охрид  меѓутоа и на трговците кои се занимаваат со овој бизнис. Само можам да кажам дека авто пазарот ќе служи за изложување не само на патнички возила туклу и на тешки товарни возила, моторцикли и авто делови“...

Продолжи со читање

Слаб старт на туристичка сезона Пештани

Post Views: 290 Слаб старт на туристичката сезона во Пештани. Освен малиот број странски гости посебно холндските туристи, други гости речиси и да нема, се жалат мештаните. Но пештанци не губат надеж. „Нема сеуште нема чекаме и се надеваме на добра сезона. Наназад 10 години исто е вака па сега ако нема во јули кога ќе има, обично од 15 се полни. Моментално сеуште ги чекаме има ама многу слабо. Не се надеваме на повеќе и сега не е тоа што беше некогаш.Во Пештани населението треба и можи да живее од туризмот, но недостасуваат повеќе работи кои треба да се средат, велат од Месната заедница. Инфраструктурата...

Продолжи со читање