Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Пуштен во употреба отворениот базен

Post Views: 278 Пливачите на ПК Делфина го сефтосаа големиот пливачки базен кој работи во рамките на ЈП „Билјанини извори“. Од денес и официјално започна со работа отворениот базен за рекреативна и професионална употреба. Првиот човек на Билјанини Извори Ристе Мише, рече дека после месец дена континуирана подготовка за пуштање во употреба на малиот и големиот пливачки базен успеале да ги обезбедат најбитните услови.„Во изминатиот периот ги направивме сите потребни санации припреми и проверки и системот за третирање на водата што за мене е најбитниот дел од припремите за пуштање...

Продолжи со читање

Меморандум за соработка во социјалната сфера

Post Views: 276 Денес беше потпишан Меморандумот за соработка помеѓу НВО „Светла иднина 2009 “ и „Подобар живот“. Поради исклучителен придонес кон развојот на мултиетничката демократија во Охрид како и афирмација на етничката заедница Египќани овие две НВО, како акт на добра воља го прогласија градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески за почесен член на коалицијата на организациите на египќаните од Охрид.„Предмет на овој меморандум за соработка е меѓусебната соработка и заеднички настапи во апликација и реализација на проекти од сферата на човековите права и слободи...

Продолжи со читање

Момче од кочанско се удави во Охридското Езеро

Post Views: 269 Младо момче се удави во водите на Охридското Езеро. Безживотното тело било забележано утрово во 7 часот и 20 минути од страна на случаен минувач и за тоа веднаш била известена П.С. Во Охрид. Од страна на надлежните служби излезено е на терен и преземени се сите мерки кои полициските службеници ги преземаат кога станува збор за ваков трагичен настан, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. „Она што можам посебно да го потенцирам во овој момент е дека се работи интензивно на идентификацијата на безживотното тело, значи полициските службеници посветуваат...

Продолжи со читање

Пештани доби летна дежурна служба

Post Views: 558 Во туристичката населба Пештани после 9 месеци повторно проработува службата за примарна здравствена заштита. Денес во Пештани и официјално се отвори новиот пункт на Здравствен дом Охрид. Целта е на осигурениците но и за туристите да им се овозможи континуирана и достапна здравствена заштита, вели директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева-Змејкова.„Дежурната служба има обврска да овозможи во периодот кога нема покриеност за здравствена заштита на населението да се активираат капацитетите на Здравствениот Дом и матичните...

Продолжи со читање

Кој треба да ги отстрани кајчињата од Сараиште?

Post Views: 379 Плажата на најубавото место на Охридското крајбрежје, Сараиште, во лето узурпирана од кајчиња. Малку простор останува туристите да постават пешкир и да уживаат во топлото летно сонце и местоположбата што го нуди ова место. Мештаните од Сараиште речиси секоја летна сезона укажуваат на овој проблем и сметаат дека ваквата слика е срам за туризмот на општина Охрид и оти Локалната самоуправа треба сериозно да пристапи кон решение на проблемот. Старата добра практика, топката за вината да се префрла од една на друга страна и во овој случај не изостана. Од општинскиот...

Продолжи со читање

Охрид воведува ред во урбаната опрема со електронски систем

Post Views: 264 Електронски систем за  конечно воведување ред во поставувањето на урбаната опрема. Локалната самоуправа на Охрид наскоро ќе воведе електронски систем за следење на договорите за поставување на урбана опрема. Како што информираат од таму целта е да се избегне пречекорување на договорот и со тоа да се врши узурпација на јавна површина или злоупотреба на приватен имот без да бидат подмирени обврските кон градот. Новиот електронски систем треба да ги алармира надлежните 15 дена пред да истече рокот, а тие го известуваат корисникот на урбана опрема дека има уште 15...

Продолжи со читање

ЗРСК „Св Стефан“ го даде и првиот државен репрезентативец

Post Views: 254 Деновиве Струга беше домаќин на Државното првенство во спортски риболов во дисциплината пливка за најмладите натпреварувачи, кадети (деца до 14 години) и јуниори ( од 15 до 19 годишна возраст). На натпреварот учествуваа вкупно 10 екипи од 7 риболовни здруженија од 6 градови од Р.Македонија. Учество зедоа и кадетската и јуниорската екипа на Здружението риболовци Св Стефан од Охрид. Илија Рупев беше најдобриот поединец кој го освои петтото место  во својата конкуренција со што и обезбеди место во македонската репрезентација во категоријата кадети.  Државното...

Продолжи со читање

Хаварисаните возила, камп приколки и киосци да се тргнат од улиците

Post Views: 331 Хаварисани возила, стари камп приколки, киосци, кајчиња, претставуваат грд декор во дворното место  на неколку приватни локации во Охрид. Станува збор за објекти за кои  години наназад никој нема преземено никакви мерки за нивно отстранување.  Согласно Законот за јавна чистота и одлуката за комунален ред, општинскиот комунален инспекторат е задолжен да ги санкционира сопствениците на ваквите објекти кои не водат грижа за нив. Обраснати со трева, искршени, оставени на забот на времето, а некои од нив претставуваат и извор на зараза и собиралиште на змии и други...

Продолжи со читање

Осмо издание на фестивалот „Разиграно оро“

Post Views: 295 Фолклорниот фестивал „Разиграно оро“ според бројот на учесници убедливо го држи приматот, најмасовна манифестација од овој вид во земјава. И оваа година околу 1000 играорци и музичари од неколку европски земји ќе учествуваат на осмото издание на меѓународниот фолклорен фестивал „Разиграно оро“. Зоран Симјаноски организацискиот секретар на фестивалот вели дека и годинава на 30 јуни односно понеделник ќе имаат убаво дефиле низ градот, како би можеле охриѓани и туристите кои престојуваат во градов да ги видат сите ансамбли. Додава дека наредните денови односно први и...

Продолжи со читање

Охрид доби 200 нови пластични контенјери

Post Views: 239 Охрид доби 200 нови пластични контенјери. Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ во централното градско подрачје, веќе отпочнаа со замена на металните контенјери со пластични. Како што кажа првиот човек на ЈП Елена Скрческа, пластичните контенјери ги набавиле од сопствени средства, а истите имаат многу предности. Бучавата од металните контенјери која досега се правеше при подигање и враќање на местото, драстично ќе се намали но и пристапот на екипите задолжени за нивно подигнување ќе се ослесни, додава директорката. „Прво во тежина се полесни трипати, второ и маат...

Продолжи со читање

ЈП „Билјанини Извори“ времено го реши проблемот со струјата

Post Views: 331 Проблемот со електричното напојување во ЈП „Билјанини Извори“, времено решен. Откако на 16 јуни ЕВН ја исклучи струјата во објектите на Билјанини Извори поради неплатен долг, од ЈП излегоа само со информација за колкава сума станува збор и дека истата била наследена. Директорот на претпријатието Ристе Мише неколку дена додека наводно се одржувале состаноци со претставници на ЕВН не даваше никакви коментари. Денес обелодена како дошло до временото решение.„Од понеделникот ЈП „Билјанини извори“ повторно е приклучено со напојување со електрична енергија, благодарение...

Продолжи со читање

Охриѓани совесно да се однесуваат кон сообраќајните знаци

Post Views: 381 Се уништува и краде сообраќајната сигнализација низ охридските улици. Локалната самоуправа само пред неколку дена започна со акцијата за поставување нови сообраќајни знаци низ улиците во Охрид. Тие беа поставени на местото на старите, уништени или искршени од неодговорни граѓани, со што на овие сообраќајници беше загрозена безбедноста на учесниците во сообраќајот, вели Љупчо Танески од  Сектор за комунален развој и сообраќај. Додава дека за жал оваа појава продолжува и понатаму и сериозно биле загрижени поради тоа. „Претставув смешно и трагично, меѓутоа такви се...

Продолжи со читање